Ѓаволот-старата змија

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
...од овој коментар произлегува едно прашање: Дали се светите писанија резервирано место во Рајот(или како се се нарекува по писанијата),или истите се само поттик за делување и размислување за човека во насока на еден исполнет и мирен живот(и после животот)?
...btw,низ историјата пристапот до информации и сознанија за одредени теми бил многу тежок,затоа луѓето со таков ексклузивитет биле означени како мудри и паметни :)
...но денеска секој ги има(или може да ги има)информациите за помалку од една минута...што не значи дека сме попаметни нели?
Јас на многу места низ овој подфорум од самиот почеток зборувам дека светите книги содржат хиероглифи на Мајсторот и потребно е да се знаат за да се дешифрираат нештата.
Сите свети книги се технологија! А тоа значи пракса - не верување.
Се започнува со верување, тоа сите ќе се сложиме, но ако нема практична примена навнатре (во самиот човек) и нанадвор помеѓу човештвото - што ни значи верувањето?
Некои ја додадоа „змијата“ како зло за да ни каже дека мора да истраеме (ако не работи експериментот или добиваме негативни резултати), тоа е добро и ќе го нарекуваме искушение кое иако не се поминува, не смееме да не веруваме бидејќи имаме пак грев, кој што оди рака под рака со симболот „змија“ како нужно зло кое го оправдува нефункционирањето на експериментот заради погрешно толкување на хиероглифите или пак надминување на системот со нов, со нова шема за човештвотот.

Е сега ова може да ви изгледа премногу технички што ги испукав, ама пробајте да споите од христијанство, ислам па истокот и видете што е и како е во однос на догмите и барањето на нештата да не се менуваат.

П.С. „... Сите зборови се свети и сите пророци вистинити“
- Liber AL, I: 56
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Ај да одговорам кратко на твоето прашање, оти малку сум револтирана од дрскоста на Хепта што ме нарече дека сум неверник, а и да не бидеме веќе надвор од твојата тема.
Јас сум душа во времето.
Остај другите што зборат, ниту прашањето ниту одговорот не се надвор од темата.
Може ли за момент да помислиш дека си време во душа?
Времето да е помало од душата.
Стај вредност за времето,пример 1 година со 12 месеци или 12 зодијаци и тие се во кружно движење.
Кругот да е во тебе-душата, а не ти-душата во кругот-времето
Пробај и види како за умот е не разбирливо да биде душата поголема од времето,како умот да е врзан во времето!

Како пишува за ѓаволот!
1. Потоа видов како од небото слегуваше ангел, кој што го имаше клучот од бездната и голема верига во раката своја:
2. го фати змевот, древната змија, која што е ѓаволот и сатаната – и го врза за илјада години;
3. потоа го фрли во бездната и го заклучи, ставајќи печат врз него за да не ги лаже веќе народите до завршувањето на илјадата години; по ова време тој треба да биде пуштен за малку време.

7. А кога ќе се навршат илјадата години, сатаната ќе биде пуштен од затворот свој,
8. и ќе излезе да ги лаже народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна: бројот нивни е колку морскиот песок.

Иако ја однесов темата на крајот од писмата, не е ништо поразличнно и од битие.
Само таму се користат други термини и на пинаков начин се опишува.

Кој е ѓаволот?Не брзај, не е умот,тој е само повлечен од ѓаволот и затворен заедно со него.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138

Мозокот почна да ми врие....умот сега мисли дека ангелот со клучот од бездната е ѓавол...:yid:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Сеуште никој не кажува или неодгатнал кој е ѓаволот што дели на сатанистите знак на десната рака и на челото? :eek:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Сеуште никој не кажува или неодгатнал кој е ѓаволот што дели на сатанистите знак на десната рака и на челото? :eek:
А од кај ти е заклучоков, небитно што е прилично...погрешен?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
А од кај ти е заклучоков, небитно што е прилично...погрешен?
Читав и не видов дека некој кажа кој или што е ѓаволот, дали е Сатанаил како што ти зборуваш собрано од Гностиците, различно е Луцифер и змијата...?
Човек е ѓаволот, кој е, ако треба да го распнеме... Не гледам одговор ...

После неколку страници се уште гледам прашање кој е ѓаволот, а не што е...
Само се напнувате околу верувањата... Без потреба.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.109
Поени од реакции
10.138
Читав и не видов дека некој кажа кој или што е ѓаволот, дали е Сатанаил како што ти зборуваш собрано од Гностиците, различно е Луцифер и змијата...?
Човек е ѓаволот, кој е, ако треба да го распнеме... Не гледам одговор ...

После неколку страници се уште гледам прашање кој е ѓаволот, а не што е...
Само се напнувате околу верувањата... Без потреба.
Хепта душо...не гледам причина да бидеш толку загрижен што некој тука на темава се напнува...ако знаеш, одговори, кажи...ако не, тогаш не се рчкај без везе.

Знам дека ти е тешко што си сам на форумов, што немаш компањон телемитски за да си прајте моабети и такве ствари...ама немој нас да не подбуцнуваш.

Алф си отвара убави теми, па кој сака нека пушта мозок у погон..како и да е, тој што чита има потреба навистина малку да подразмисли, а и да научи нешто.
939393
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.878
Поени од реакции
5.005
Читав и не видов дека некој кажа кој или што е ѓаволот, дали е Сатанаил како што ти зборуваш собрано од Гностиците, различно е Луцифер и змијата...?
Човек е ѓаволот, кој е, ако треба да го распнеме... Не гледам одговор ...

После неколку страници се уште гледам прашање кој е ѓаволот, а не што е...
Само се напнувате околу верувањата... Без потреба.
Еве пар грешки во твојот допис, цитиран од мене:
- сатанистите веќе се одлучиле да му се поклонат на ѓаволот, така да ѓаволот нема потреба да ги жигосува, оти веќе се негови,
- ѓаволот не жигосува, туку ќе жигосува од него „благословениот„ намесник, познат како „антихрист„, по чиј налог ќе бидат жигосани сите народи, кои ќе му се поклонат (на антихристот) и кои ќе го прифатат и признаат за свој „бог„ и „спасител„.
- жигосувањето ќе биде изведено на десната рака и на челото, на начин кој ќе биде познат во „последните времиња„. Модели за тоа жигосување веќе постојат, во реално време.

И најбитното: Сатанил (ангелот херувим) е Луцифер (Светлоносец), односно Луцифер е ѓаволот (диаволос=клеветник/дволичник), оној главниот, „шеф сале„, кој ги командува останатите ѓаволи.
 
Абе „ќе биде“ ајде...

Абе батали ги сатанистите, кој зборува за нив - нека прават што им е волја, секој со својот ум... онака ги спомнав бидејќи христијанинот веднаш трча да сатанизира сешто што не е според неговото верување, малку да ве пецнам...
Реално само прашав зошто никој не зборува за ѓаволот кој е, човек ли е, нели е, после неколку страници прочитав прашање:
Кој е ѓаволот?

И навистина наназад натегање и цитати од Библијата за тоа кој би можел или што би можело да биде ѓаволот, дал е змија, дали змеј, дали има една или 7 глави, дали зборува - со што владее и што ќе правиме во врска со тоа?
И никој не знае... до толку е тајно ова? Или тешко да се одговори од страна на верните во Христа бога?

Ајде можеби на 131ва страница ќе добиеме одговор и некој ќе се одважи да каже,.,,,

Јас те прашав за Сатанаил од кај го ископа името, си премолче... ајде молчи си, не мора да ми кажеш...
Автоматски споено мислење:

Хепта душо...не гледам причина да бидеш толку загрижен што некој тука на темава се напнува...ако знаеш, одговори, кажи...ако не, тогаш не се рчкај без везе.

Знам дека ти е тешко што си сам на форумов, што немаш компањон телемитски за да си прајте моабети и такве ствари...ама немој нас да не подбуцнуваш.

Алф си отвара убави теми, па кој сака нека пушта мозок у погон..како и да е, тој што чита има потреба навистина малку да подразмисли, а и да научи нешто.
939393
Ти не си никаков репер за тоа какви теми се отвараат тука бидејќи немаш никаков интерес за верувањата и религиите во Македонија и пошироко... доаѓаш вака и нафрлаш нешто, ме заморуваш и тагнуваш со глупости и бегаш во играчница да си играш игрици...

Не е убаво да се напнува човек околу нечие верување какво било - не носи добро ништо тоа :) Не може ниту да се дискутира со луѓе кои не познаваат ниту едно верување или религија и ритуали освен своите... тоа е еднострано гледање на човекот и самото човештво.
Затоа и реков дека Ѓаволот - Старата змија може да важи кај христијаните на пример, змијата во други системи има друг симболизам ... и во тие други системи има ѓаволи и бесови и се останато, но змијата никако не ја поврзуваат како христијаните со нешто зло како ѓавол или нешто спротивно од божественото.

Дали се читаме до тука? :)

П.С. Ќе се испокараме со Телемит ако почнеме да си муабетиме тука, батали - подобро што нема - на други терени војуваат другите Телемити :)
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Читав и не видов дека некој кажа кој или што е ѓаволот, дали е Сатанаил како што ти зборуваш собрано од Гностиците, различно е Луцифер и змијата...?
Човек е ѓаволот, кој е, ако треба да го распнеме... Не гледам одговор ...

После неколку страници се уште гледам прашање кој е ѓаволот, а не што е...
Само се напнувате околу верувањата... Без потреба.
Провокатор, па нели знаеш кој е!
Престани со тој женски концепт на делување, на раскрсници да стоиш и да провоцираш.:цицки:

Ѓаволот да не ти е макро?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Провокатор, па нели знаеш кој е!

Престани со тој женски концепт на делување, на раскрсници да стоиш и да провоцираш.:цицки:

Ѓаволот да не ти е макро?
Луѓето тука велат дека знам кој е бидејќи не ја следам христијанската библија а со тоа сум рамо до рамо со ѓаолот... а само таму читам за ѓаволот и змијат демек дека се симболи на едно исто нешто... иако евреите имаат други толкувања, но вам тука не ви се битни евреите, битна е библијата и мкд преводот на еврејската тора....
По логика на нештата, ако не ја следам нивната христијанска света книга во животот, како би знаел јас што или кој е ѓаволот?

Оние кои што се по христијанството тука на форумот, треба добро да знаат дали е кој или што прашањето во однос на ѓаволот, за да дадат некаков одговор...
Вака само се шуткаме наоколу и никој не кажува само ги прашува другите „Кој е ѓаволот? Но не брзај, можеби мислата ти е ѓаволот или инспирација од ѓаолот...“

Така да, како што реков - чекам луѓе кои се заморуваат со христијанската библија да кажат ете го ѓаолот, ете ја змијата, газете браќа по главата да ја столчиме и да завршиме еднаш засекогаш со ѓаволот и да живееме сложно сите во пазувите на Христос...
Можеби на 131-та страница ќе дојде оваа тема и ќе се најде јунак и ќе одговори директно кој е ѓаволот и дали симболот на ѓаволот е реално змија или христијаните и евреите сакаат да омаловажат луѓе кои веруваат дека симболот на змијата може да е нешто позитивно, а не зло...

Тоа оставам ете ти да истражиш тро поеќе бидејќи си ептен по религиите изучување...

П.С. Ако е веќе тајно тоа знаење кој или што е ѓаволот во однос на божественото, и не е за да се зборува јавно - го разбирам тоа и се сложувам со тоа!
Автоматски споено мислење:

Знам.
Ме прашуваш да ти кажам бидејќи не знаеш или ме прашуваш за да знаеш дали знам? :)
Ова ти избегало да го цитираш... иако знам зошто ме прашуваш ти мене... :gjavol:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Можеби на 131-та страница ќе дојде оваа тема и ќе се најде јунак и ќе одговори директно кој е ѓаволот и дали симболот на ѓаволот е реално змија или христијаните и евреите сакаат да омаловажат луѓе кои веруваат дека симболот на змијата може да е нешто позитивно, а не зло...
Да не чекаме 131 страна и да одговориме кој е!

Ангелскиот број 131 вели дека се обидувате да создадете хармонија со тоа што ќе се ослободите од она што повеќе не ви функционира и ќе внесете нови работи кои ќе ви ја подобрат рамнотежата и напредокот. Исто така, опкружете се со поединци кои покажуваат одлична хармонија во нивните животи и учете од нив да го подобрите вашиот живот.

Не користи друкпат ваков начин на комуникација со мене.Пораки кој нема да ги примети никој.

Не сум ти јас телемит, ниту ќе бидам.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.138
Поени од реакции
12.121
Не сум ти јас телемит, ниту ќе бидам.
Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот Закон :)

Никој не ти се меша во твоите животни одлуки ниту има право во тоа... :) Да беше стариот еон ќе имаше крв и меч ако не сакаш да си христијанин или муслиман, денес новиот еон нуди слобода...
Ѓаволот стои на секоја твоја раскрсница и ти ги мери одлуките - ако има и малку пресметка да си во добивка, ќе ти земе 100 кратно повеќе од тоа што имаш намисла да дадеш за да добиеш нешто од цената...
Така да - ѓаволот е во ситниците, во точките и запирките, во адвокатското анализирање на мислата! :D
Но што да правиме со учењата каде „старата змија“ не е ѓавол? Или нема таков концепт во нивните учења... каде лежи тука зајакот во однос на човекот?

131 е ПАN.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom