Има една „си виде урда на таквото, па реши да отвори бачило“, е тоа ти е Пригожин во ситуацијата.
Во изминатите месеци имаа некаква почит од општеството, иако се генерално луѓе кои се отпишани, плус заработуваа одлично, и затоа се залета по орловите јајца.
Мислам дека не е свесен до каде му се можностите, ама не е ни прв ни последен, класичен кримос. Исто како нарко босовите што мислеле дека контролираат држави и дека ќе влезат во политика/легални бизниси, така и овој, и ќе заврши на ист начин.
Види.. прво и прво, Пригожин од “легален бизнис” влезе во нелегален(со поддршка од службите/државата)!
Не ќе да му е целта да отвара ресторани и да глуми Џејми Оливер на Китчен ТВ..
Неговите луѓе вакви или онакви беа фрлени во најжустрото и ја завршија работата одлично!
Имаа загуби до 20%! Ги оставаа без муниција, без поддршка од авијација!
Спасуваа други ПМЦ-ња, воени единици и се по потреба, со морал и патриотизам поголем од 90% на МО и Шојгу!
Па и најтешки криминалци да беа, не заслужија да ги удрат нивните од зад грб!!
Ако веќе Пригожин го испуштија од рака… дај му чај, па нека умре од срцев удар… закопај го со почести, стави твој човек наново, и готово..
Не Путин и Шојгу да маваат по луѓето!