Чудно, цел живот, било кога и да сум седел во мешано друштво, еден скопјанец не се искурчил дека е нешто над другите, ама затоа секогаш, ама буквално секогаш имало барем еден од Нескопје во друштвото што кога скопјанецот само ќе кажел дека е од Скопје, одма почнувал ама од кога си во Скопје? Кога се дојдени твоите? Аха, дедо ти е од Охрид, значи охриѓанец си ти, не си скопјанец. Во Ѓорче живееш? Па Ѓорче не е Скопје, зошто скопјанец се кажуваш?
Отсекогаш впечаток ми оставало дека луѓето од другите градови имааат проблем со тоа воопшто да се наречеш скопјанец, никогаш не било проблемот само со поимот стар скопјанец. Скопјани и самите меѓусебе се зезаат во однос на населбите од каде што доаѓаат и никој не се замара да се нервира за тоа, секогаш пецкања имало од страна на Тафталиџе-Пржино-Центар-Дебар Маало-Карпош-Аеродром дечките кон тие од Маџари-Ѓорче-Ченто-Драчево-Лисиче-Радишани, па никогаш овие вториве не го сфаќале тоа како навреда. И речиси секогаш баш луѓето од другите градови паѓале од смеење на овие фори кон приградските населби на Скопје, ниту еднаш во живот не сум видел некој од другите градови, кој нели е во фазон сите сме исти, што има врска кој од каде е, зошто скопјани ни се курчат на нас, да го има истото мислење кога доаѓаат на ред форите за овие населби во Скопје.
Од она што јас сум го приметил, жителите на другите градови се и многу пожестоки на вакви теми и кога не се во прашање скопјани во дискусијата. На пример, пред некој месец на форумов се разви дискусија меѓу велешани и штипјани чија пастрмајлија била права. Од пастрмајлија, дискусијата за 10-15 поста дојде до тоа
@Darling ко велешанка, да им ебе се по список бугарашко на сите штипјани... низ цела историја они биле предавници. Некогаш не можеш ни да следиш кога стигнале да се зајадат меѓусебе луѓето од обичен муабет. Сум присуствувал на тепачка на Кавадарчани и Неготинци на семејна веселба, од муабет еј вие возот, еј вие семафорите. Ги гледаш и се смееш на почетокот, мислиш на семејна веселба си, фориве се исто ко ние кога ги прашуваме Драчевци дали пола плата ја даваат на такси до Скопје кога искачаат (или некоја друга таква глупа фора), нема шанси да се степаат, тоа после 5 минути летаат флаши...
Мислам дека главните муабети за провинцијалци во Скопје не се од старите скопјани, туку од луѓето кои се имаат доселено од другите градови, посебно веќе спомнатите од Западна Македонија, од Дебар Маало и Водно, дојдени како лојални на системот во СХС/Југославија (никакви сиромаштии или арнаутски банди ги немаат донесено во Скопје, напротив цутале со население во турско) и дека тоа гледање од погоре е резултат на комплексите кои си ги носеле од своите места на живеење. Јас, чиј чукун дедо е роден во Скопје во 1883 год. (тоа е најдалеку за некој да знам, никогаш не сум се замарал да истражувам до каде ми иде лозата), ниту еднаш не сум слушнал од тој дел од фамилијата муабети за провинцијалци, за разлика од делот од фамилијата со потекло од Западна Македонија, дојден во Скопје после втора светска на пример.