Верувам имаш очи, уши и нешто меѓу ушите но постојано инсистираш на недоносени прашања, зошто?
Никој од оние што го прифаќаат Томосот не рече дека го прифаќа и оној дел во кој се препорачува разговори со гркофонските цркви околу спорни прашања, туку го прифаќа оној дел во кој за ПРВ ПАТ во познатата историја се има томос за ПРИЗНАВАЊЕ на МАКЕДОНСКА црква која е наследничка на Охридската Архиепископија. По се изгледа вам ви смета тој дел, а за да се маскира се фаќате за делови од томосот кои немаат никаков значај за МПЦ-ОА!
Како што реков зошто СПЦ вметнала и таква препорака е за нив не за нас Македонците односно МПЦ-ОА, а верувам тоа го направиле за да не ги целосно раскинат односите со гркофонските цркви, моја претпоставка не можам да тврдам.
Бидејќи при отварањето на темата пред се имав во предвид ИМПЛИКАЦИИ од ПРИЗНАВАЊЕ на МАКЕДОНСКА Православна Црква - Охридска Архиепископија, еве да речеме ти се фати за препораката во томосот, па повели запознај не со твоето гледиште, какви импликации ќе има таа препорака во томосот???
Понатаму ако веќе инсистираш запознај не и со твоето гледиште за импликациите во Македонија и регионот од ваквиот чин на СПЦ и РПЦ за ПРИЗНАВАЊЕ на МПЦ-ОА, што според тебе е спорно и какви чекори би можеле во иднина да очекуваме од гркофонските цркви, дали се тие од некаков значај за Томосот и признавањето на МПЦ-ОА??????
Морам да признам дека вешто се маскираш и водиш инфантилна “расправа“ за небитни прашања, со замена на тези сакаш препораката да ја ставиш на место кое не и припаѓа, а цело време одбиваш да прифатиш дека Томосот е Признавање на МПЦ-ОА, онаа што е инаку порака на секој томос признание на фактичка состојба и никако не препорака, не се издава томос за препорака туку за признавање!