Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Да, можеш и такво нешто да сториш и да ти биде услишано...ама не знам во кој тестамент можеш да изразиш желба за избегнување на неизбежната средба со праведниот Судија...
Пак доаѓаме до тоа дека ти сметаш преку верување реално за секој друг дека важи твоето верување како реалност за работите...
Треба чекор назад....

Тоа што веруваш, тоа и добиваш. Ако веруваме на книгите... Инаку ете пак се дрзнувате христијани индиректно да зборувате за секој што бара докази, вашиот праведен судија, кој никој не го видел, ама има куп сведоштва, ќе суди и ќе се сретне секој со него, само треба да умреме...

Чекор назад. Инаку ништо од подобрување на разбирањето на другите верувања учења и надеж тука, на земјата.
А тоа лошо бидејќи води кон поделба и омраза.
Не е така?
 
Пак доаѓаме до тоа дека ти сметаш преку верување реално за секој друг дека важи твоето верување како реалност за работите...
Треба чекор назад....

Тоа што веруваш, тоа и добиваш. Ако веруваме на книгите... Инаку ете пак се дрзнувате христијани индиректно да зборувате дека барајќи докази вашиот праведен судија, кој никој не го видел, ама има куп сведоштва, ќе суди и ќе се сретнеме...

Чекор назад. Инаку ништо од подобрување на разбирањето на другите верувања учења и надеж тука, на земјата.
А тоа лошо бидејќи води кон поделба и омраза.
Не е така?
Хепта...многумина од христијаните веруваат само во постоењето на Бог како творец на светот, на се околу него и на него, но во рај и пекол не веруваат.
 
Хепта...многумина од христијаните веруваат само во постоењето на Бог како творец на светот, на се околу него и на него, но во рај и пекол не веруваат.
Со луѓево од форум кои се христијани или се повикуваат на библијата, и сум разговарал за тоа...
Веруваат дека има рак и пекол. За други, не знам.
 
Со луѓево од форум кои се христијани или се повикуваат на библијата, и сум разговарал за тоа...
Веруваат дека има рак и пекол. За други, не знам.
Христијанка сум и јас, но не верувам дека постои рај и пекол.
 
Христијанка сум и јас, но не верувам дека постои рај и пекол.
Не знаев дека постои селективно верување, во ова ќе верувам, во она не верувам кога се работи за христијанство или ислам...
Можеби и не си христијанка, се си бидува...
 
Не знаев дека постои селективно верување, во ова ќе верувам, во она не верувам кога се работи за христијанство или ислам...
Можеби и не си христијанка, се си бидува...
Зошто се сомневаш и мислиш дека не сум, кога убаво ти пишав дека ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНКА..или сакаш да си играш малце мајтап со мене!?
Хепта душо...и библијата е пишана селективно., со одбирање на "посебни " верски текстови и отфрлање на несаканите како еретички.....И што имаш ти против тоа селективно верување, има нешто погрешно????
Дали вакви '"селективни верници" ке горат во пеколот????
 
Кои се тие несакани текстови и кој ги отфрлил?
А и зошто би отфрлал?
 
...и ти си ја читал библијата селективно па не знаеш кои се тие несакани текстови....
Јас ништо не читам селективно. Или читам или не... нема ова сакам ова не ми е ок ќе го скокнам.
Така тешко ќе имаме идеја за целината... тоа е како да ти кажам:
Знаеш, Марија ќе оди на доктор за некој ден.... и потоа скокам и ти велам, ех Ристе и кажа на Марија дека патиките се во ред.

Што ќе разбереш ти од ова?
Не може да се изучуваат религиите и да се скокаат идеи и верувања кои нам по некоја логика или случајност не ни одговараат во даден момент.
Тоа е проблемот денес кога се зборува за религии, наука и за се останато. Селективност баталете.
 
Видови на смрт:eek::facepalm:.....прв пат да прочитам вакво нешто.
Човекот поминува низ многу фази во текот на својот живот, од раѓање па до неговото крајно, умирање, а како ќе умре, дали насилна или природна смрт ке има, тоа никогаш не знаеме..но... АЛф...пред многу години паметиш и ти, за луѓето болни од срце немаше лек, ниту пак имавме појма дека може да се оперира, пресадува, дека ќе измислат вештачко срце итд..Како ке ја крстиш оваа смрт денес, кога има многу луѓе со вештачко срце, со туѓи органи???
Куршлус, откажале батериите или??????
Факт е дека постои ВИСТИНА а таа не треба да се бара во духовниот свет, бадијала е..оти се се менува па дури и човечкиот изглед кој се повеке личи на робот отколку на творецот негов.
Треба малку од друга перспектива да се гледа на телесната смрт.
Ќе користам парабола да објаснам.
Виножитото има многу бои,една боја или неколку ако ги снема, не значи дека белата боја престанала да постои од која произлегле раличните нијанси.
Така гледај на човековиот живот.
Кога човек умира, умира нијансата,да ја наречам едно ниво од енергијата на душата.

Се додека постои човек ќе опстојуваат и нијансите (име,чуства и емоции) кој како песочен часовник ќе се зголемуваат или намалуваат(број на население),но никогаш не исчезнува никулецот(Човек).

Со науката модерниот човек се стреми да ја одржи во живот нијансата од никулецот, правејќи огромна одалеченост од изворот , сметајќи дека живот преставува нијансата,а не никулецот.
Кога духовно би еволуирал човекот, телесната смрт би ја прифатил како дел од човековото постоење,каде ништо не се губи.
Сега да заминам од овој свет,јас пак постојам(мисла искажана од никулецот) или како што кажа Исус,со вас ќе бидам до крајот на светот.
Тоа е тој извор,бела светлина,вистина, секоја друга нијанса и прекршување од тој извор умира!
 
Јас ништо не читам селективно. Или читам или не... нема ова сакам ова не ми е ок ќе го скокнам.
Така тешко ќе имаме идеја за целината... тоа е како да ти кажам:
Знаеш, Марија ќе оди на доктор за некој ден.... и потоа скокам и ти велам, ех Ристе и кажа на Марија дека патиките се во ред.

Што ќе разбереш ти од ова?
Не може да се изучуваат религиите и да се скокаат идеи и верувања кои нам по некоја логика или случајност не ни одговараат во даден момент.
Тоа е проблемот денес кога се зборува за религии, наука и за се останато. Селективност баталете.
Тоа ти така мислиш.
Значи кај тебе нема Или или...ил си телемит до смрт или си што? Колку има членови во твоето братство кое се откажале, ве напуштиле? Зарем немаат они слобода на избор?
Каде ти си прочитал по кои критериуми на живеење и размислување некој ќе буде верник?
Мора ли да се почитуваат сите пишани и непишани правила?

И како си земаш за право да ми кажеш дека не сум верник?
Имам слобода да верувам во своите мислења и убедувања.
 
Од крајот.
Зошто ако имате слобода за било што, дека дејствувањето по таа слобода ви гарантира туку така дека не треба да бидете испрашувани за вашето дејствување?
Имаш слобода да веруваш, но секој има право да те прашува зошто и како во дискусија...

Јас не реков дека не си верник. Реков дека можеби не си христијанка според тоа што го зборуваш од една страна и што учи христијанството од друга... Сакав да кажам во поблага форма дека не знаеш многу за својата религија, премногу ја извртуваш според твоите потреби и знаење...
Кога се работи за догма, се почитуваат сите правила. Од таму доаѓа верник, неверник кој се користи во старите религи.
Конјункција од правила. Едно непочитување, дава негативен резултат.

Бидејќи кога немате што да ми кажете полезно и се чувствувате некако навредени ви текнува на Телемит кои напуштиле...
Што напуштиле? Како прво?
Иницијаторски ред, така? Дали мора да си иницијант во таков ред за да си Телемит?
НЕ. :)
Дали ако си иницијант во таков ред си Телемит? Да. :)

Не може да рамниш Телема со старите религии. Во Телема имаш апсолутна слобода но и апсолутна одговорност.
Првото не те ослободува од грешка при дејствувањето во однос на внатрешниот сопствен универзум, ниту кон надворешниот, со другите ѕвезди.

Секој што е инициран во таен Ред може да напушти од свои причини и тука нема ништо лошо. Зборувано е за тоа многу пати.
Некој што го прифатил Законот на Телема и не пронашол формула за дејствување, слободно може да се обиде со други учења...

Не велиме ние тој е неверник, грешник, погрешно дејствува и слично.
Не можеме да бидеме во чевлите на другиот и да ги разбереме неговите искушенија кои ги поминува или не...

Така да... Слобода нема во стариот еон, бидејќи слобода која ти вели дека ќе гориш и ќе бидеш казнет вечно, ако не е баш онаа слобода која јас ти велам дека е вистинската, не е слобода, догма е...
 
Pronoia describes a state of mind that is the opposite of paranoia. Whereas a person suffering from paranoia feels that persons or entities are conspiring against them, a person experiencing pronoia believes that the world around them conspires to do them good. The belief can be an irrational belief subject to medical diagnosis, or an enthusiastic, spiritual belief.

Што мислиме за проноја?
 
Пак доаѓаме до тоа дека ти сметаш преку верување реално за секој друг дека важи твоето верување како реалност за работите...
Треба чекор назад....

Тоа што веруваш, тоа и добиваш. Ако веруваме на книгите... Инаку ете пак се дрзнувате христијани индиректно да зборувате за секој што бара докази, вашиот праведен судија, кој никој не го видел, ама има куп сведоштва, ќе суди и ќе се сретне секој со него, само треба да умреме...

Чекор назад. Инаку ништо од подобрување на разбирањето на другите верувања учења и надеж тука, на земјата.
А тоа лошо бидејќи води кон поделба и омраза.
Не е така?

Не баш....

Кон првиот пасус;
Верувањето е вродена човекова потреба, така да уопште не сум зачуден зашто се атеистите најјаките верници, а никад у живот немаат видено ниту еден научен доказ.
Верните веруваат со дух (на духовно ниво), а атеистите со разум (на рационално ниво), и тоа е битната разлика меѓу нив.

Кон вториот пасус;
Судијате Е виден и тоа го тврдат и очевидците Христови пред 20 векови и очевидците Христови во 20-от век и верните кои Христа Бога Го доживуваат многу блиско, преку Светата Тајна причест, кога сам Христос се вселува во верните.

Кон третиот пасус;
Другите верувања пак се засноваат на човековата потреба од вер(б)а, а какво учење исповедаат, тоа е дуга приказна.

Да, Христос дојде да не‘ подели на оние кои с(м)е со Него и оние кои с(м)е против Него. Нема трета можност.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom