@Lester Freamon , за да дискутираш за религија треба да имаш духовно искуство , пат кој ти си го изодел.
Ако немаш духовно искуство, секоја прочитана духовна книга ќе биде со безброј прашалници.
Тоа му доаѓа како да читаш како е да си старец, но тој период уште за тебе не дошол.Па колку и да прочиташ книги кој опишуваат состојба на старец, тие ќе ги разбереш тогаш кога ќе влезеш во тоа доба од животот.
Така е и со смртта.За тебе постои една смрт, нормално не искусена.
Додека јас набројав неколку , за кој ти сеуште не си се сетил.
А мојот потпис е тоа.
Memento mori.
Остај Хепта што зборува, нивната филозофија и "духовен" пат го градат со плукање по христијанството.
Затоа не му одговара дебата за смртта.
Во приказната за Адам се спомнува таа поинаква смрт.
Оној ден кога ќе вкусиш од забранетото овошје ќе умреш!
Вкусил, но која смрт ја доживел кога знаеме дека после тоа продолжува приказната со бркање од рајската градина?
Значи не е таа смрт која е фиксна во твоето расудување, постои и друга.
Ги набројав неколку.
Одкако ќе се сетиш на нив (тоа е тој пат кој треба да го изодиш)дојди тука и барај аргументи од религиозните луѓе.