- Член од
- 10 јули 2018
- Мислења
- 1.612
- Поени од реакции
- 2.510
Социјалните мрежи се само последната шајка во ковчегот. Им служат за бустање на егото, да соберат највеќе лајкови и да бидат пофаци од другите. Прво треба да се почне од дома. Родителите им прижаат се од мали нозе. Растат без инстинкт за преживување зошто знаат дека мама и тато ке им го обезбедат тоа што им затреба. Дај му ајфон, брендирана облека и бакшиш, зошто моето дете да е подолу од другите. Со 13 години почнуваат да идат по дискотеки, да се дрогираат и да почнат со сексуални односи. Девојчињата облечени полуголи ке чуеш од мајката како со гордост ке каже ајде така е модерно сега сите се такви. Еден муабет саглам немаат направено со децата. За полнолетство обавезно се купува нова кола. Не сакаат децата да им работат на распуст некоја привремена работа за да створат работна навика. Обврските во банка, болница итн им ги завршуваат они. И подоцна кога ке ти дојдат таквите кај тебе на пракса делуваат како изгубени пошто со мал прст не мрднале никогаш.Денешниве деца се дебили буквално, кај мене на работа одат 3 година пракса и верувајте, од година во година се поглупи и поглупи доаѓаат. Не знам уопште како школо завршуваат. Посебно е тоа видливо последниве години. Мислам дека технологијата и социјалните мрежи ја уништија младинава.
Школото е посебна прича. Мирољуб имаше една паметна „Пошаљеш га у школу врати се дебил”. Незаинтересирани професори што се таму само да предадат лекција и да земат плата. Ке се пожали детето кај психологот дека трпи насилство од врсници, ке се викне состанок каде родителити ке се караат дека нивното дете е најдобро и нема шанси да малтретираат некого. На крај ке рече психологот тоа е знаеш кои се не можеме ништо да направиме. И назад на старото. И така
