Телефон vs. Телефон - Тема за споредби, искуства и препораки

  • Креатор на темата Креатор на темата Boomerang
  • Време на започнување Време на започнување
земи си Шаоми и господ да те види

Никако, поготово не кога од него се бара совет, ако се јават фрки ќе го наебе, девојки обично и социјални мрежи повеќе користат а таму камерата на Samsung работи осетно подобро од другите андроид телефони за stories & in app перформанси
 
земи си Шаоми и господ да те види

Со оглед на тоа дека девојка би го користела, тоа ми е најголема кочница за Шаоми како модел, затоа и барам Самсунг. Бидејќи и работата и е делумно поврзана со објави на социјални мрежи барав телефон со подобра камера. Толку е осетна разликата меѓу С21ултра и С22+?
 
И јас така планирав, меѓутоа за жал го нема во продавнициве (Нептун, Техномаркет, Телеком)
Со оглед на тоа дека девојка би го користела, тоа ми е најголема кочница за Шаоми како модел, затоа и барам Самсунг. Бидејќи и работата и е делумно поврзана со објави на социјални мрежи барав телефон со подобра камера. Толку е осетна разликата меѓу С21ултра и С22+?

На главна камера нема баш голема разлика, на зумот и широката, голема.
 
Дали вреди да направам промена од iPhone 11 на iPhone 13 pro ?
 
Мислење за Nothing phone (1) ?

Sent from my Huawei Mate 20 using Tapatalk
 
овој нотинг фон е телефон за џибери? Така ми делува, ко за дечурлана телефонче.
 
Препорака за телефон до 10k вака лаички како непознавач на телефони ова го видов или има подобро нешто за оваа цена ?
Жена ќе го користи, значи камера фб и батеријата да е добра..

 
Препорака за телефон до 10k вака лаички како непознавач на телефони ова го видов или има подобро нешто за оваа цена ?

многу слаби процесори имаат овие самсунзи, земи си Поко X3 NFC, за 4 илјади повеќе. Вреди за парите, ја го имам веќе година ипол, нема мука.
 
многу слаби процесори имаат овие самсунзи, земи си Поко X3 NFC, за 4 илјади повеќе. Вреди за парите, ја го имам веќе година ипол, нема мука.

Едитирав допишав погоре дека е за подарок за женско и тој ми е буџетот 10к. Инаку јас имам S10+ и не би го мењавал во скоро време :)
 
Samsung S21 FE vs Samsung S22

Што мислите? Сооднос цена со тоа што добиваш и слично. Или некоја препорака за друг телефон со слични перформанси, при што компактноста и тоа што овие телефони се меѓу помалите ми е во преден план. Да можам патики да си врзам со телефонот у џеб, јебига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom