Момак, темава е Пресвртница на Украина, и затоа тука ги критикувам Русите за војната во Украина. На друго место, каде е друга темата, ќе критикувам и некој противник на Русија ако сметам дека заслужува критика. Пример, во темата Конфликтот во Сирија, мојот став беше дека Русите се во право и дека правилно постапија. Но, по се изгледа дека далеку е тоа од твојот класик балкански менталитет на фаќање страни и да мора да си во некој табор.
Мислам дека сум доволно јасен, но не знам колку ти ме сфаќаш дека не сите имаат заземено страна на геостратешката карта освен онаа нивната - домашната, во случајов Македонија.
Џабе разводнуваш теми, не се спуштал тој на ниво а прв почна да вреѓа
Ој животе мој. Знаеш ти како правиш? Ќе го удриш од зад грб некој, ќе се сврти, и ќе ти рокни една шлапаница, и потоа ќе почнеш да плачеш и да кукаш зошто прв тебе те удрил..Биди маж ти реков, кога вреѓаш треба да си подготвен и да трпиш.
Момак, ти си тој кој ги разводенува темите и биди си искрен, ти првиот почна со лепење етикети од типот "немиен" и слични.
Кога сме кај руската воена интервенција во Украина, јас гледам врз таквата интервенција од македонска гледна точка, односно гледам каква корист би имал јас како Македонец од успехот или неуспехот на таквата воена интервенција.
Па судејќи според фактот дека таканаречената пресвртница во Украина започна со државен удар во 2014 година, спонзориран од САД, НАТО и ЕУ, кои исто така спонзорираа државен удар и во Македонија, мојот заклучок како Македонец е дека нео-нацистичката хунта во Киев мора да си оди од власт за да може да се врати мирот во Украина и во источна Европа.
Гледам дека од државниот удар во Македонија ние Македонците немавме и сеуште немаме ама баш никаква корист - барем не позитивна корист, негативни последици ги има толку многу што не може ни да се набројат - а како што гледам и Украинците немаат баш некоја позитивна корист од државниот удар кој им се случи на нив во 2014 година, поради што најдоброто решение е руската воена интервенција во Украина да заврши неуспешно за нео-нацистичката хунта во Киев, а со што е можно поуспешен исход за Русија.
Повели ти сега раскажувај приказни дека ние Македонците не сме виделе никаква корист од Русија, немаме пријатели и така натаму, но мојот став е дека мора да се повлече линија до каде НАТО агресорите предводени од САД можат да стигнат, а од таа линија само да си ги свиткаат опашките и правец назад.
А за да имаме корист од Русија треба прво да воспоставиме контакт со Русија, а за тоа ти пишав во друга тема слободно да направиш споредба: колку посети на Москва оствариле македонските претседатели и премиери од осамостојувањето на Македонија до денешен ден, наспроти посетите кои ги оствариле на Вашингтон, Брисел, Лондон, Париз, Берлин и други дувла на слободарско-демократорските режими.
Ти од твоја страна се декларираш како мразач на зло и на неправда, и тоа е за почит, но во вистинскиот свет не преовладува само доброто на една страна, а само злото на друга страна. Примери за ова ти ги имаме дадено и јас и безброј други како на оваа тема, така и на други, па повели научи по нешто од нив.