Повторно Нагорно Карабах ?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.329

@jamajka

Што лошо виделе Ерменците од Русија?
Овој на Полски збори, не на Ерменски. Ваљда покушале некаква пропаганда да направат. Не се чуди, ова е наменето за безмозочници кои глтаат пропаганда, квалитетот на пропагандата се повеќе ќе пропаѓа.

Иначе пред 2 години кога беше војната, Русија речиси и да не се замеша, од овој аспект, можеме да видиме зошто. Е некои Ерменци им го имаат замерено тоа на Русите.
 
Последно уредено:

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.899
Поени од реакции
13.025
Овој на Полски збори, не на Ерменски. Ваљда покушале некаква пропаганда да направат. Не се чуди, ова е наменето за безмозочници кои глтаат пропаганда, квалитетот на пропагандата се повеќе ќе пропаѓа.

Иначе пред 2 години кога беше војната, Русија речиси и да не се замеша, од овој аспект, можеме да видиме зошто. Е некои Ерменци им го имаат замерено тоа на Русите.
Руски е. Лош руски со ерменски акцент.
Туку не забележа интересен патерн. Амебите што лапаат амерички долари и бриселски евра речиси секаде имаа собири викендов. Србија, Македонија еве и Ерменија. Ги имаат искарано од амбасадиве дека не работат доволно, резултатот е не доволна русофобија во истите земји :icon_lol:

За војната, Русија ги пушти низ вода посебно раководството сегашно кое апла соработува со ЦИА структурите.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.329
За војната, Русија ги пушти низ вода посебно раководството сегашно кое апла соработува со ЦИА структурите.
Не е за тоа, многу мислат дека е така, ама мене не ми се верува.
Автоматски споено мислење:

Руски е. Лош руски со ерменски акцент.
Туку не забележа интересен патерн. Амебите што лапаат амерички долари и бриселски евра речиси секаде имаа собири викендов. Србија, Македонија еве и Ерменија. Ги имаат искарано од амбасадиве дека не работат доволно, резултатот е не доволна русофобија во истите земји :icon_lol:
Мене ептен на полски или чешки ми зазвуче. Нема врска сегде има вакви телетабиси, кои за 100 евра гаќите ги слекуваат.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.329
Нешто мораше да му се даде на Ердо и Алјиев.
Од овој аспект, тоа што му се обезбеди на Ердо победа во Нагорно Карабах, си обезбеди тивок сојузник. Е сега од друга страна многу лошо за Ерменците, Нагорно Карабах им беше гордост. Ама тука мислам дека и Пашанијан изигра по Руски ноти.
Автоматски споено мислење:

@jamajka

Што лошо виделе Ерменците од Русија?
Еве и од другата страна имало.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
Дали воопшто побараа помош од Русија за да не бидат оставени на цедило ?
Побараа:

И веднаш добија одговор:

The Russian Defense Ministry statement, which was quoted by Interfax, said that Azerbaijan violated the cease-fire and its peacekeeping contingent "is taking measures to stabilize the situation together with representatives of the Azerbaijani and Armenian sides."

Во кратки црти, добија тапшање по рамо, ќе биди, само вие издржете. Или, она нашето, сменете го името за да влезите во НАТО, на граница чекаат 90 милијардери за да инвестираат во Македонија.
Автоматски споено мислење:

500 души али сепак дел нацисти па и најдов палестинско знаме. Убедлив протест.
500 души максимум се голем протест, 10.000 души на тој режим биле само минорна бројка...Ете тоа е логиката...:vozbud:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.983
Поени од реакции
12.425
Побараа:

И веднаш добија одговор:

The Russian Defense Ministry statement, which was quoted by Interfax, said that Azerbaijan violated the cease-fire and its peacekeeping contingent "is taking measures to stabilize the situation together with representatives of the Azerbaijani and Armenian sides."

Во кратки црти, добија тапшање по рамо, ќе биди, само вие издржете. Или, она нашето, сменете го името за да влезите во НАТО, на граница чекаат 90 милијардери за да инвестираат во Македонија.
Откако претходно го кркаа стапот во 2020 година, зломразецу и неправдомразецу.

Во 2020 година требаше да бараат помош, а не откако се повлекоа од речиси сите области кои Ерменија ги држеше со децении.

Истото важи и за Македонците, чии што министри, премиери и претседатели од 1991 година па наваму веројатно на секоја 100-та посета што ја имаат направено на Вашингтон, Брисел, Берлин и слични дувла на шареноликиот идиотизам, имаат направедно по цела една посета на Москва. Немој после да плачеш дека Русија не им помогнала на тие кои воопшто не ни побарале помош од Русија.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
Откако претходно го кркаа стапот во 2020 година, зломразецу и неправдомразецу.

Во 2020 година требаше да бараат помош, а не откако се повлекоа од речиси сите области кои Ерменија ги држеше со децении.

Истото важи и за Македонците, чии што министри, премиери и претседатели од 1991 година па наваму веројатно на секоја 100-та посета што ја имаат направено на Вашингтон, Брисел, Берлин и слични дувла на шареноликиот идиотизам, имаат направедно по цела една посета на Москва. Немој после да плачеш дека Русија не им помогнала на тие кои воопшто не ни побарале помош од Русија.
Ах Лазарееее....Па некогаш Русија не ни помогнала нас Македонците, туку напротив ни ја скроија Санстефанска Бугарија. Нема никаква разлика, со тие што ги спомна погоре. А кога сме до политиката на Русија кон Македонија, Лазаре. Колку е и Руската политика дволична, исто како таа на Западот, доволно говори фактот што Русите нас ни го честитаат Кирил и Методиј
=> Македонските просветители, а на браќата твои му го честитаат со бугарските просветители.

Ајде малце Лазаре, кажи ми ти мене. Кој ја спречи Русија во намерата да Санстефанска Бугарија има подолг век на Балканот? Ајде Лазаре, гукни Кагановичу...
 
Повели ти гукни за тоа кога Ерменија побарала помош од Русија - пред, за време или после воените дејствија во 2020 година.

Истото ти важи и за санстефански татарстан, кој никогаш не станал реалност по заслуга на Русија, но за време на Втората Светска Војна на кратко бил реалност - повторно не по заслуга на Русија, ама затоа кратко траел и повеќе не е реалност дефинитивно по заслуга на Русија, односно тогашниот Советски Сојуз.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.329

Хаха Санстефанска Бугарија, не станала реалност поради Русија, а Русија беше спонзор на Санстефанска Бугарија...Оуууу мајко милааа....Шта ти се дешава бе....
Чудо нашиот народот нема песна за злите Руси, како што има за Европа, која ја нарекува блудница Вавилонска. Со Сан Стефанскиот таа територија, која е ослободена од Турците и е дадена на владение на Бугарија, пошто реално Русија и неможела никако да ја оддржи територијата пошто војната била исклучително тешка за Русија. Додека Европа после во Берлин не вратила на Турците. Под Турско од 1878 до 1912 имаме дадено повеќе десетици, ако не и стотици иљади жртви, па сега ти види... Не земале од Бугарите, и не однеле кај Турците како јагне на колење, од арно поарно. Или можеби по твојата логика не спасиле.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
Чудо нашиот народот нема песна за злите Руси, како што има за Европа, која ја нарекува блудница Вавилонска. Со Сан Стефанскиот таа територија, која е ослободена од Турците и е дадена на владение на Бугарија, пошто реално Русија и неможела никако да ја оддржи територијата пошто војната била исклучително тешка за Русија. Додека Европа после во Берлин не вратила на Турците. Под Турско од 1878 до 1912 имаме дадено повеќе десетици, ако не и стотици иљади жртви, па сега ти види... Не земале од Бугарите, и не однеле кај Турците како јагне на колење, од арно поарно. Или можеби по твојата логика не спасиле.
Кај реков дека не спасиле? Далеку од тоа. Јас само констатирав дека Русите му ја дале Македонија на бугарите. Не реков дека западњаците ни помогнале, реков дека тие го поништиле и се вратила состојбата како што била пред Санстефанскиот договор. Тука доаѓаме до фактот дека воопшто големите сили,а особено Австро-Унгарија и Велика Британија сакале да го минимизираат влијанието која сакала да го воспостави Русија на Балканот со Санстефанскиот договор и затоа го спречиле.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.511
Поени од реакции
27.329
Кај реков дека не спасиле? Далеку од тоа. Јас само констатирав дека Русите му ја дале Македонија на бугарите. Не реков дека западњаците ни помогнале, реков дека тие го поништиле и се вратила состојбата како што била пред Санстефанскиот договор. Тука доаѓаме до фактот дека воопшто големите сили,а особено Австро-Унгарија и Велика Британија сакале да го минимизираат влијанието која сакала да го воспостави Русија на Балканот со Санстефанскиот договор и затоа го спречиле.
Значи се случува ослободување од Турски јарем и моментално враќање. И имаш избор што да спомнеш:
1. Ослободувањетч од тежок Турски јарем.

2. Враќање на Турција кое ни донело жртви во востанието, одмаздата и братоубиствена војна, ако знаеме дека Бугарската и Српската војска биле полни со Македонци кои дури и подоцна се користат како топовско месо во големата војна.

И ти бираш да го кудиш актот под број 1. И тоа во контекст токму од односи исток-запад кои треба да ги градиме. И во стилот, Русија секогаш била против нас, по што треба да заклучиме автоматски дека западот ни е пријател.

Види, не си ти крив, овој наратив се наметнува од 1948. Ама треба да размислиш.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.996
Поени од реакции
5.611
И ти бираш да го кудиш актот под број 1. И тоа во контекст токму од односи исток-запад кои треба да ги градиме. И во стилот, Русија секогаш била против нас, по што треба да заклучиме автоматски дека западот ни е пријател.
Јамајка, стопати имам речено, и сам знаеш, дека мое мислење е дека НИКОЈ НЕ НИ Е ПРИЈАТЕЛ! Се е само гол интерес.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom