Не зборам за беда и сиромаштија, зборам за основна нефукнционалност на државата, во бисерот на Пацификот. Тоа го нема во Белорусија на пример. Да, има места кај што живеат богатите и има места кај што живеат сиромашни слично како и во САД, ама ваква дисфункционалност што е BTW намерно предизвикана, нема. Мислам ОК е, немора да живеам во Сан Франциско, ќе живеам во Сан Рафаел кај што е екстра. Но тоа што е направено во Сан Франциско е предвесник на тоа што им се спрема на сите големи градови, не само во САД, туку воопшто на Западот. Оди да те видам прошетај навечер сам во центарот на Париз, отиди навечер низ Моленбек или Скаербек во Брисел. Или доволно ќе ти биде да излезеш во некој ресторан низ центарот, каде ќе се осеќаш како да си во старата Скопска чаршија, во најмрачните денови. Дедо ми ми кажувал дека од ѕидовите на метрото во Брисел си можел да лижеш(не го сваќај буквално) до пред 50тина години, денеска бзди на урина и измет претежно на сите влезови. Сан Франциско знаеш како град бил? Детроид што го спомна... Сиетл... Све се тие уништени градови кои се повеќе наликуваат на Сан Франциско.
Све ова е индикатор за пропаѓање на една цивилизација. Каде биле пред 50 години каде се сега. Зарем би сакал децата твои да растат во општество кое е во слободен пад? Тоа ти е како да брзаш да купиш биткоин кога беше најскап.
Сонот(Америчкиот) што сеуште ви трае и тебе, а гледам и на локван и на антон тука, ви е само сон. Не викам дека не е земја на можности Америка, сеуште е (мада верувам дека не за долго). Но земја за живот, не фала. Па и било кое западно општество. Единствено западно општество во кое би можел да одберам да се преселам можеби Нов Зеланд, Австралија ми е премногу пајаци и змии за мој вкус. Има една тенденција која можеби е добар индикатор, денеска кај богатите американци има растечка тенденција да се селат надвор од САД. Има многу места подобри за живот од САД. Белорусија е подобро место за живот од САД. Македонија е подобро место за живот од САД. А во денешно време не си врзан со локација па да неможеш бизнис да тераш од било каде. Пошто да се разбереме, ако ти и остали апологети САД ја гледате како земја за можности, тогаш мора да знаеш дека куча-посо не се можности за кои се мисли со тоа, земја за можности е за оние кои планираат да праат бизнис таму. Јас имам неколку пријатели што заминаа во САД, сите до еден таму што заминаа, беа некој и нешто тука, а таму постанаа никој и ништо.