Дуи им се измоча во уста на сите албански политички партии. Прво се раскина предизборниот политичкиот брак меѓу БЕСА и СДС, кои беа дел од парламентарното мнозинство. Потоа АА/А ја раскинаа својата коалиција, кои требаа да бидат албански политички блок за уривање на Дуи од власт, кој само го зголеми својот парламентарен состав во однос на претходните парламентарни избори, а со тоа се зголеми и политичкиот апетит. Потоа алтернатива влезе во Владата, ја стабилизираше Владата кога беше во политички егал, за сега да излезе и Алтернатива да влезе. Дпа од првиот ден, со Тачи кој не доаѓа на собраниските седници, е дел од парламентарното мнозинство.
Можеа да оформат сеалбански блок за уривање на Дуи, посебно сега кога има и раздор во самата партија и раздор во нивната парламентарна структура, вака не само што му дадоа легитимитет, туку не можат да се претстават како алтернатива за прогрес. Не можат да понудат ништо затоа што политичкиот успех им се множи со нула. И да, во Алтернатива и во Беса има има одредени внатрепартиски раздор и одредени незадоволства, Дпа е маргинална партија, Алијанса имаше чист политички пенал да гласаше за распуштање на Собранието и одење на предвремени парламентарни избори со политичка сплотеност и единствена дотогаш вистинска константна опозиција да добиеше некој поен плус.
Дали ќе се променеше нешто во Македонија ако Дуи изгуби дел од својата политичка моќ на сметка на друга политичка партија? Можеби да, најверојатно не. Ниту еден досегашен кадар, од сите овие политички партии кој влегуваа и излегуваа од Владата, не беше компетентен, форсираат донекаде идентична агенда, уставните измени ги условуваат со проширување на корпусот на привилегии, веќе ги имаат речиси сите поважни министерства и специјално формираните непотребни министерства и функции со цел трупање на нивната партиска војска во администрацијата, а ќе имаат и претседател на Влада Х денови пред изборите. Дуи победи на "претседател на Влада Албанец", но и на апстиненцијата на Македонците на последните парламентарни избори. Друго ништо не понудија, ако не можат да креираат економска програма за развој на општините каде се мнозинство, а каде процентуално се пред или блиску до Дуи, тогаш и не заслужуваат ништо повеќе од маргинализација и враќање на дуализмот во македонскиот и албанскиот политички блок. Очигледно немаат политичка зрелост за водење ни со ресорите, ни за државава, ни за своите политички партии.