- Член од
- 11 април 2012
- Мислења
- 4.629
- Поени од реакции
- 5.342
Еден прашање каде се наоѓа Премил низ Скопје? (Не е за мене на сестра ми Џекот да проба)Од искуство на мои кучиња веќе 20 и кусур години. Имам пробано и Ројал Канин, Хусе, Адрагна, Алева, Педигре и многу други, но ништо не се покажало толку добро како суперпремиум линииве, а богами освен малку у состав шо се послаби, но сепак ништо полоши не ми се покажале и премиум линииве. Хранам шарпланинец со Премил макси премиум 1400 денари е вреќа 15 кг, а претходно јадеше Бош, израсна на Brit care lamb&rice, година дена јадеше и Ројал Канин, многу брзо ги "одјадува" храниве и шо и да правиш бара промена се инати, 3-4-5 месеци и неколку вреќи изедени и после веќе не ја сака. Следно му земам Семс филд. Додека јадеше Ројал а после и Хусе, сереше обилно и имаше влажни хот спотс, зацрвенети шепи, србежи итн. Па преминавме на Бош, и се подобри, ама ја одјаде после пола година. А сега Премил, нај нај ефтина а некако најмногу ја сака, и добар цврст измет има а и најаден е. Од Брит кеар пример не беше најаден.
Исто хранам ретривер со Monge, шо претходно јадеше Адрагна и Педигре и беше хаос, на мајка ми францускиот булдог е на Taste of the wild а претходно беше на Акана, пред пред тоа израсна на Брит фреш мини и Карнилов.
Германскиот овчар на брат ми јаде исклучиво Фармина НД и по него и по измет се гледа дека тоа е нешто најдобро. Секој што храни фармина НД не се пожалил, како и знам многу луѓе хранат оријен и се пре пре задоволни ама премногу скапи храни се. Не можам шарко од 72 кг да го хранам Оријен шо чини 8000 вреќа. Со 3 вреќи премил макси мине 2 месеци.
Исто така знам еден тон кучиња што се на најразлични храни, па затоа ги издвоив овие како избор. Сигурно има и подобри.
А досега сум немал и не знам за случај на нечие милениче да не му одговара некоја од најјаките по состав храни и суперпремиум храниве што ги имам наведено.
Фитмин исто би ја вброил во суперпремиум ја имам хрането.
Но, секое куче за себе.
искуство со дел од храните до сега (ќе зборам за младото куче 20 месеци е моментално, возрасната што нема пробано во овие 11 години и со сите имала ист ефект дај шта даш ама ќе се молиме да јадам таква ми е диетата), инаку чувам самоједи за тие што не знаат
во овие 20 од храни имаме пробано (со резултати во листата):
- акана(папи не се сеќавам кои два вкуса): нит ја јадеше нит па добро и се покажа (на 200гр храна 350гр измет собирав)
- следна дојде ориен(папи): ништо посебно не покажа искрено ама ете ја истеравме до година дена
Од тука веќе се селат на иста храна двете:
- taste of the wild: слабо ја јадеа, и многу измет посебно младото, плус па и не беше нешто тврд
- wolf of wilderness: исто како претходно споменатата
- фармина НД: ја јадеа ама не се делеше стан со нив среќа преживеав по дома со гас маска се шетав зашто не запираа гасови
- последно сме на Оријен Оригинал (плавото паковање) имаат апетит, имаат супер столица значително помала количина плус значително потврд измет од било која од набројаниве
јас лично не сум хранел со Јосера(не знам ни дали ја има во МКД) ама има супер резултати на питбул и ДОЏ што ги чуваат родителите на девојка ми.