Даночното ослободување од 10% е останато во Законот. Данок ќе се плаќа на 90% од основата т.е. ќе биде 9%
Прегледај го приврзокот 367898
Во Законот не е пропишана документацијата која е потребна за искористување на поволностите од договорите за избегнување на двојно оданочување. Јас искрено се надевам дека извештаите/потврдите кои можеме да ги извадиме од брокерот би биле доволни, ама за ова ќе чекаме да излезе Правилникот.
Прегледај го приврзокот 367902
Член 2 став 1 точка 44 од Законот за хартии од вредност дефинира што се подразбира во нашата земја под хартии од вредност. Се додека во Законот за данок на личен доход или во Правилник поврзан со истиот закон не видав “.. под хартии од вредност согласно овој закон се подразбираат...“ за мене оваа дефиница важи.
44. “Хартии од вредност“ се акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност, сертификат за депозит и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Овие хартии од вредност се неограничено преносливи.
https://www.sec.gov.mk/Files/Attachments/Закон за хартии од вредност - пречистен текст 13.01.2022.pdf
Во Законот за хартии од вредност ги има дефинирано и другите инструмени цитирани во оваа точка, така да на кратко под хартии од вредност се опфатени и акциите, опциите, ЦФД, индексните производи и прилично се што може да го тргувате преку берза. Единствено по мене не сум сигурен дека FOREX тргувањето го опфаќа оваа дефиниција, како и REITовите како што спомна погоре
@petna кои се нешто како хибрид меѓу недвижност и хартија од вредност.
Јас кажав, мора да чекаме Правилник, а ако и после Правилникот овие работи остануваат недоразјаснети ќе мора да се постават официјано прашања до УЈП.
Ама комплетно се слагам и со
@BASHKAMEN дека премногу енергија и простор на форумов трошиме на овие прашања. Само нека има добивки, па ќе најдеме начин кога и како да си платиме данок.