Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Any news?

Ти поминаа пријавите со 0 данок? или сепак сакаат да ти наплатат 10%?
Едниот од двајцата вработени шо ги одобруваат пријавите отишол на боледување. Таа едната ми вика неможам да постигнам сама ќе ви ги одобри колегата коа ќе се врати. Викам, но, до 15 треба да се плати месецов шо измина.. Ми вика шом си пратил уживај и терај си.. Како бе вака.. Единствено позитивно нешо шо ми рече е дека за опции и фјучерски имало многу шо се јавувале.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Едниот од двајцата вработени шо ги одобруваат пријавите отишол на боледување. Таа едната ми вика неможам да постигнам сама ќе ви ги одобри колегата коа ќе се врати. Викам, но, до 15 треба да се плати месецов шо измина.. Ми вика шом си пратил уживај и терај си.. Како бе вака.. Единствено позитивно нешо шо ми рече е дека за опции и фјучерски имало многу шо се јавувале.
Од ваквите како вас ќе мора сите да платиме данок :toe:
Седете си мирни, нека си мислат дека никој не тргува од мкд :D
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
ЗА една иста БАБА две страни. Мајкл Бјури ја додава у портфолио минатиот квартал , а Мангер ја хејта дека била најлоша инвестиција која ја имал. Погоди на чија страна сум.
Апсолутноооо.. на ничија. Short strangle веќе 3 опција по ред... :)
 
Член од
24 август 2017
Мислења
26
Поени од реакции
32
Дечки, јас работам како даночен консултант и сметководител.Како и да е данок на капитална добивка треба да се плати.
За да може да се користи ослободување треба да имаме договори за двојно оданочување, па да се вадат потврди за даночни резиденти, па истите да се потврдат од нивна и наша ујп за да се користи пониска даночна стапка или да не се плати данок.

До сега сум имал искуство со луѓе што работеле надвор од мк, а со земјите сме имале договор за двојно, но ни една компанија не се замара со тоа.
Таа гледа да си биди чиста во нејзината земја, па дали ти ќе платиш што ќе платиш тоа е нивна работа.

Во епдд имам пополнувано пријави за капитал па ако треба помош слободно контактирајтеме...
 
Член од
17 мај 2018
Мислења
27
Поени од реакции
29
Vo epdd popolniv kapitalni dobivki - drug podvizen imot (ne postoi opcija kapitalni dobivki od hartii od vrednost). Vie kako popolnuvate?

Za podvizen imot se smeta koli, predmeti ama ne i za hartii od vrednost.
Udel vo kapital.
Vnesuvash dokument koga si gi steknal akciite po koja cena
Vnesuvash dokument za prodadeni koga si gi prodal i po koja cena. Sistemot presmetyva danok a sluzbenik ja proveruva.

I tie salam ne znaat taka da i pod poleto drug podvizen da si prijavil istot danok idi bitno e so e platen.

Sigurno i vi drug podvizen imot istite dok ti gi bara
 
Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
Дечки, јас работам како даночен консултант и сметководител.Како и да е данок на капитална добивка треба да се плати.
За да може да се користи ослободување треба да имаме договори за двојно оданочување, па да се вадат потврди за даночни резиденти, па истите да се потврдат од нивна и наша ујп за да се користи пониска даночна стапка или да не се плати данок.

До сега сум имал искуство со луѓе што работеле надвор од мк, а со земјите сме имале договор за двојно, но ни една компанија не се замара со тоа.
Таа гледа да си биди чиста во нејзината земја, па дали ти ќе платиш што ќе платиш тоа е нивна работа.

Во епдд имам пополнувано пријави за капитал па ако треба помош слободно контактирајтеме...
Одлично! Ни требаше ваков човек на темава.
Да започнам јас.

Во голем дел од договорите за одбегнување на двојно оданочување, во член 13 кој ги уредува капиталните добивки, пишува дека продажбата на недвижен имот ќе се оданочува само во државата во која се најдува тој имот, а како продажба на недвижен имот ќе се смета и продажба на акции кои вредноста ја добиваат од имот-от, што мене ме асоцира на REIT-и како и други компании кои чиј основен бизнис се состои од изнајмување на недвижен имот како на пример AroundTown, Deutsche Wohnen и сл.

Дали овие капитални добивки треба воопшто да се пријавуваат во УЈП со оглед на тоа дека се надвор од нивната јурисдикција со договорот? Понатаму, дури и да се треба да се пријавуваат и да се приложе доказ за платен данок во странство, што ако остварената добивка е помала од даночното ослободување, па се ослободени од данок?

Понатаму, како да се постапи ако е невозможно да се добие потврда од странските даночни служби бидејќи нема даночен број и слични компликации?

На крајот како да се постапува ако брокерот тргува преку омнибус сметка? Во тој случај како купувач на акциите и заведен во акционерската книга е брокерот, кој потоа ги распределува капиталните добивки, задржаниот данок и сл. Во ваков случај поединецот не ни фигурира ниту како акционер, ниту дека има платен данок, и е невозможно да се добие потврда.

На крајот како се третираат овие задршки за данокот? Дали како трошок кој може да ја намали даночната основица?

Понатаму, кога се внесува капиталната добивка, дали има нормирано даночно ослободување од 10%? Која вредност треба да се внесе во е-пдд, дали 90% од стварната капитална добивка?

Vo epdd popolniv kapitalni dobivki - drug podvizen imot (ne postoi opcija kapitalni dobivki od hartii od vrednost). Vie kako popolnuvate?
Во е-пдд кога ќе одбереш земја различна од Македонија во вид на заработка ќе ти се отворат повеќе опции, а една од нив е и капитална добивка (не се сеќавам точно која шифра беше).
 
Член од
7 септември 2018
Мислења
297
Поени од реакции
402
Уште работат на системот. Денес половина од опциите за тип на доход им ги нема, вклучувајќи ја и Т7 што ја користевме за дивиденди. Кога ќе се средат, ќе пријавиме за тие месеци. А во меѓувреме треба да извадат правилник
 
Член од
24 август 2017
Мислења
26
Поени од реакции
32
Одлично! Ни требаше ваков човек на темава.
Да започнам јас.

Во голем дел од договорите за одбегнување на двојно оданочување, во член 13 кој ги уредува капиталните добивки, пишува дека продажбата на недвижен имот ќе се оданочува само во државата во која се најдува тој имот, а како продажба на недвижен имот ќе се смета и продажба на акции кои вредноста ја добиваат од имот-от, што мене ме асоцира на REIT-и како и други компании кои чиј основен бизнис се состои од изнајмување на недвижен имот како на пример AroundTown, Deutsche Wohnen и сл.

Дали овие капитални добивки треба воопшто да се пријавуваат во УЈП со оглед на тоа дека се надвор од нивната јурисдикција со договорот? Понатаму, дури и да се треба да се пријавуваат и да се приложе доказ за платен данок во странство, што ако остварената добивка е помала од даночното ослободување, па се ослободени од данок?

Понатаму, како да се постапи ако е невозможно да се добие потврда од странските даночни служби бидејќи нема даночен број и слични компликации?

На крајот како да се постапува ако брокерот тргува преку омнибус сметка? Во тој случај како купувач на акциите и заведен во акционерската книга е брокерот, кој потоа ги распределува капиталните добивки, задржаниот данок и сл. Во ваков случај поединецот не ни фигурира ниту како акционер, ниту дека има платен данок, и е невозможно да се добие потврда.

На крајот како се третираат овие задршки за данокот? Дали како трошок кој може да ја намали даночната основица?

Понатаму, кога се внесува капиталната добивка, дали има нормирано даночно ослободување од 10%? Која вредност треба да се внесе во е-пдд, дали 90% од стварната капитална добивка?

Во е-пдд кога ќе одбереш земја различна од Македонија во вид на заработка ќе ти се отворат повеќе опции, а една од нив е и капитална добивка (не се сеќавам точно која шифра беше).
Значи да не полежози

Значи вака,
Прво недвижен имот не е исто со акции и удели. Не мешајте едното со другото.

Второ доколку не се обезбеди потребната документација во тој случај нема да се користи помала даночна стапка ниту ослободување од данок.

Трето, нема што тоа што се платило како данок во другата држава да се користи како одбитна ставка при пресметка на данокот во мк. Немаш документ плаќаш уште еднаш данок во мк... е сега тука ќе се најди некој шо работи во ујп, а не работи проблематика пријател и ќе си земи за право да кажи не е така неможи два пати, а тој работи рег на даночни обврзници за ддв....

Данок се плаќа на остварена капитална добивка 10%. Нема како порано ослободување од 10% и слично.

Ујп за жал кај нас ниту има кадар а уште помалку знаење да ги следи новитетите на берзите за да издаде правилник како да де постапи со акции и удели и фјучерси опции и слично.

Во почетокот од законот за данок на личен доход јасно стои
Ако лицето е резиден на рм, а резидент е тој што престојува 183 дена во текот на година е даночен обврзник, према тоа должен си да пријавиш приходи од странство преку е пдд.

Се согласувам со вас комплетно кој полкња да се чекираат и како. Самите од ујп не знат а тие го спроведуват тоа....
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
106
Поени од реакции
89
Мислам дека премногу енергија трошите за ова со даноците место да ја насочите во инвестирање и трејдање.
Јас решив да не се замарам и да си терам по старо еднаш во годината 10% данок на профитот и чао пријатно.
Нема да ве бесат на плоштад ако не пријавите секој месец и нема да ве одбијат ако платите за цела година еднаш тоа да ви биде јасно.
 
Член од
30 април 2018
Мислења
258
Поени од реакции
510
Данок се плаќа на остварена капитална добивка 10%. Нема како порано ослободување од 10% и слично.
Даночното ослободување од 10% е останато во Законот. Данок ќе се плаќа на 90% од основата т.е. ќе биде 9%
1676653607901.png

Второ доколку не се обезбеди потребната документација во тој случај нема да се користи помала даночна стапка ниту ослободување од данок.
Трето, нема што тоа што се платило како данок во другата држава да се користи како одбитна ставка при пресметка на данокот во мк. Немаш документ плаќаш уште еднаш данок во мк... е сега тука ќе се најди некој шо работи во ујп, а не работи проблематика пријател и ќе си земи за право да кажи не е така неможи два пати, а тој работи рег на даночни обврзници за ддв....
Во Законот не е пропишана документацијата која е потребна за искористување на поволностите од договорите за избегнување на двојно оданочување. Јас искрено се надевам дека извештаите/потврдите кои можеме да ги извадиме од брокерот би биле доволни, ама за ова ќе чекаме да излезе Правилникот.
1676654675571.png

Ујп за жал кај нас ниту има кадар а уште помалку знаење да ги следи новитетите на берзите за да издаде правилник како да де постапи со акции и удели и фјучерси опции и слично.
Член 2 став 1 точка 44 од Законот за хартии од вредност дефинира што се подразбира во нашата земја под хартии од вредност. Се додека во Законот за данок на личен доход или во Правилник поврзан со истиот закон не видав “.. под хартии од вредност согласно овој закон се подразбираат...“ за мене оваа дефиница важи.

44. “Хартии од вредност“ се акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност, сертификат за депозит и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Овие хартии од вредност се неограничено преносливи.
https://www.sec.gov.mk/Files/Attachments/Закон за хартии од вредност - пречистен текст 13.01.2022.pdf

Во Законот за хартии од вредност ги има дефинирано и другите инструмени цитирани во оваа точка, така да на кратко под хартии од вредност се опфатени и акциите, опциите, ЦФД, индексните производи и прилично се што може да го тргувате преку берза. Единствено по мене не сум сигурен дека FOREX тргувањето го опфаќа оваа дефиниција, како и REITовите како што спомна погоре @petna кои се нешто како хибрид меѓу недвижност и хартија од вредност.

Јас кажав, мора да чекаме Правилник, а ако и после Правилникот овие работи остануваат недоразјаснети ќе мора да се постават официјано прашања до УЈП.

Ама комплетно се слагам и со @BASHKAMEN дека премногу енергија и простор на форумов трошиме на овие прашања. Само нека има добивки, па ќе најдеме начин кога и како да си платиме данок.
 
Последно уредено:
Член од
24 август 2017
Мислења
26
Поени од реакции
32
Даночното ослободување од 10% е останато во Законот. Данок ќе се плаќа на 90% од основата т.е. ќе биде 9%
Прегледај го приврзокот 367898

Во Законот не е пропишана документацијата која е потребна за искористување на поволностите од договорите за избегнување на двојно оданочување. Јас искрено се надевам дека извештаите/потврдите кои можеме да ги извадиме од брокерот би биле доволни, ама за ова ќе чекаме да излезе Правилникот.
Прегледај го приврзокот 367902

Член 2 став 1 точка 44 од Законот за хартии од вредност дефинира што се подразбира во нашата земја под хартии од вредност. Се додека во Законот за данок на личен доход или во Правилник поврзан со истиот закон не видав “.. под хартии од вредност согласно овој закон се подразбираат...“ за мене оваа дефиница важи.

44. “Хартии од вредност“ се акции издадени од акционерски друштва и од командитни друштва со акции, акции во инвестициските фондови кои работат според Законот за инвестициски фондови, обврзници, инструменти на пазарот на пари, деривативни финансиски инструменти, потврда за странска хартија од вредност, сертификат за депозит и други финансиски инструменти кои според Комисијата се сметаат за хартии од вредност. Овие хартии од вредност се неограничено преносливи.
https://www.sec.gov.mk/Files/Attachments/Закон за хартии од вредност - пречистен текст 13.01.2022.pdf

Во Законот за хартии од вредност ги има дефинирано и другите инструмени цитирани во оваа точка, така да на кратко под хартии од вредност се опфатени и акциите, опциите, ЦФД, индексните производи и прилично се што може да го тргувате преку берза. Единствено по мене не сум сигурен дека FOREX тргувањето го опфаќа оваа дефиниција, како и REITовите како што спомна погоре @petna кои се нешто како хибрид меѓу недвижност и хартија од вредност.

Јас кажав, мора да чекаме Правилник, а ако и после Правилникот овие работи остануваат недоразјаснети ќе мора да се постават официјано прашања до УЈП.

Ама комплетно се слагам и со @BASHKAMEN дека премногу енергија и простор на форумов трошиме на овие прашања. Само нека има добивки, па ќе најдеме начин кога и како да си платиме данок.
Da mislev deka go ukinale toa so osloboduvanjeto ama ne. Prav si
Dodeka za potvrdite citaj go cel clen 8 kje vidish deka procedurata si vazi.
Ako se priznavat bez dokumenti treba dogovorite za dvojno odanuvanje da se ukinat.

Se soglasuvam so definiicite od zakonot za hartii od vrednost.

I na kraj ubavo vika @voki_toki_voki neka ima dobivki kje mu najdime careto.
 
Член од
16 јули 2021
Мислења
1.079
Поени од реакции
1.936
Уше од кога почнав да тргувам со опции осеќав дека бејзик левел covered calls и cash secured puts ми се само темпорарно у прајм стратегија, премногу пари во оптек за премалку добивка. Почнав со риск дифајнд стратегии како iron condor, butterfly обични или skewed и спредови и увидов во ред е оди, нооо, пак фали нешо. Си реков уше колку сме на планетава за да чекам 35 дена за 100,200, 300$ . Kупив и студирав курс на Gareth Soloway за техничка анализа, бев опседнат 400% со братот. Tasty trade за опции го демнеев во секој можен слободен момент шо мислам дека нема видео кое не сум го прегледал бар по трипати. И така од YOLO отидов naked скрозз. Шорт пизиции со соодветен менаџмент со ролинг, straddle, инвертед, шорт хеџинг или купување на адекватните андерлајинг акции или доколку имам повеќе од 100 акции од конкретна опција, jade lizard братче. Ноо,пак беше малку ... Почнав да scaling up првин со делта после со број на опциски договори. Во најдепремираната ланска година направив 30.000$ добивка :) f.. you сакам 300к (,,Направив'' курац, земав од вас. Прават Фед и централните банки :(). Со тие 100$ дневно, tail risk и notional value условната норма ми беше пополнета скоро дупло од парите на акаунтот, шo повторно осеќав дека можам повеќе аналогно на овој ризик. Сеа моментално сум чекор погоре со опции на фјучерси во кои има уше дабетер ризик и непредвидливост. Поентата е знам дека и ова ќе го надминам и ќе барам уше повеќе знаење и драјв но ни тогаш нема да бидам задоволен, знам. После повеќе перипетии доаѓаш до стадиум на скроз различна перцепција за парите и очекувањата.
Природата на наративов не е брегинг' туку бар мацле мотив за сите кои се заљубени во овој спорт наспроти овие од минатиот век шо зависат од ,, лева нога'' на Куртески, Костов, Милка и други пичке материне маргилалци во светот на бизнисот.. Јас се будам и заспивам со истотооо, опции, дејли профит, риск менаџмент ецт., 2023 ќе ја паметам по тоа што мислам дека ја премостив велју лонг трм парадигмата во тејдинг пошо темпераментот ми е у есенција оваков.
Автоматски споено мислење:

Во врска со данок на капитална добивка најповикан е основоположникот на овој фоурм да се изјасни како ќе постапува. Пошо секој втор пост му беше ,, шорт, лонг лон, шорт , шорт , шорт.лонг ''' ... Дои, сеа посоветувај шо ќе праиш со смрдениот наметнат данок.
Да StefusRefus на тебе мислам...
 
Последно уредено:

CecaXYZ

rookie
Член од
26 ноември 2022
Мислења
196
Поени од реакции
87
Сакам да пробам нешто со VOLKSWAGEN stocks на XETRA со TWS (на ИБКР) и TWA како симбол ми дава само VOW (IBIS). Сега незнам дали е тоа тоа , односно котацијата на XETRA или на некој друг маркет.

*Изгледа треба да читам уште како се бира маркет на TWS. Не ми е веруе дека ИБКР не работат на Еуро маркети.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom