Здраво дечки, размислувам да купам кола на старо и разгледував нешто (локално и Германија), па ме интересира и вие како размислувате. Буџет 6к еур (ако нешто вреди, може и до 8к да се оди). Критериумите се следни:
- 2010 година па нагоре
- Минимум 85/90kw
- Горен лимит е 150к километри на мотор
- 4/5 врати
- да е кола што локалниве мајстори нема да ја сјебат ако загори некад (лошо искуство имам со Тојота Корола, секој што ја фати поправи 1, отвори 2 дефекта).
- Голф не.
Првично памет накај поло ми се вртеше (јер Volkswagen, мало, економично, мајсториве ќе знаат да чепнат), после тоа гледав и Мазда 3, БМВ 1 серија (и по некоја 3ка) и други, но овие ми останаа така топ3.
БМВ 120ките ми се некако примамливи, ама не знам колку се солени за одржување и дали мајсториве ги баратаат.