The xx
Russia state-affiliated bot. ☑️
- Член од
- 8 април 2013
- Мислења
- 6.739
- Поени од реакции
- 12.730
Види сепак мислам дека е мала бројка на тоа што им се праќа .Неколку страни поназад се смеевте дека само 14 тенка им праќаат. И вас крај не ви се наоѓа
Дека ќе замрсат сметки тоа е јасно. Посебно со тие глсм или како и да се викаат системите. Ќе страдаат пак цивили во случајов бидејќи шлајмот врз цивили ќе ги применуваат тие системи. Посебно можни цели се Мариупљ и Мел
Да не заборавиме дека ги истрошија резервите на Украина кои и те како беа робусни во однос на тоа сега што им се праќа. Плус им уништија тоа што имаа во резерва земјите од источниот блок. Остана Чешка со тие т-72. И како што читам Америка преговара со Ј. Америчките земји да им ги пратат што имаат од воена техника советска на Украинците кое Америте за возврат ќе ги вооружат со нивно производство.
Се покачува влогот со новава опрема, а и говори тоа дека дека немаат ништо од тоа што им го доставија пред некој месец Украинците.
Доставава ќе стигне во рок од 3-6 месеци. Обуката исто ќе потрае. Така да не дека е касно ама ќе потрае пред заклучиме дали навистина ќе им помогне пакетов или само е потег кој треба да им даде сламка спас на некој период. Прашањето што после тоа?
Мое мислење е дека ќе следуваат Абрахамси и Леопарди ако се подигне влогот. Со оглед како што кажав не е бројка на техника која ќе ја смени приказната која ја гледаме до сега.
Инаку мислам дека пресметано и на едните и на другите овие потези.
Затоа смешни се сега исмејувањата на Русите во еве да кажеме првиот дел од конфликтот. Нив не им беше целта да завземат што повеќе од Украина туку про повеќе да ги десеткуваат во поглед на вооружување плус човечки персонал. И да завземат стратешки за нив важни места од кои ќе можат да водат операции и истите да ги држат со минимум жртви.
Сега следуваат истото да го прават со новиов пакет на помош. Да им ја оневозможат цела техника која ќе ја добијат сега. Затоа уште 300.000 се мобилизирани пред да биде сторено се ова, и ги чуваат во позадина. Со оглед на тоа дека загубите и не им се енормни на русите, не верувам дека ќе ги одвратат Запдњаците.
Русија се консилидираше економски. Западот се надеваше дека еконмски ќе колабира ама не им пројде есапот. Ниту нареднава година ќе се смени тоа, иако секако ќе имаат последици.
Воената инустрија им работи турбо. Ниту ракети имаат снемано ниту ќе снемаат.
Украина ќе загуби уште 50.000- 100.000 човечки капитал нареднава година и ова се минимални бројки. Што после тоа? Веќе се на некоја бројка од 150.000-200.000 киа и миа. Пута 3 тие цифри повредени и осакатени. Русите се со минимална бројка. Голем дел од Украинците се избегани. Посебно машкото население кое знае дека е се користи како топовско месо во конфликтов. Кажав што искусив додека патував. Регистрирани се како бегалци во Полска/Германија и остали ЕУ земји ама последен период бегаат кон Русија од страв дека ќе бидат вратени во Украина за на фронт. Патем вчера или неделава имаше челници од Полска кои повикуваат да се испрати машкото население назад на Украина за да војува. Затоа и бегаат во Русија каде што се регистрираат бегалци и ќе спасат колку толку жива глава. Не сите нормално ама имаше доста такви случаеви.
Не сум воен експерт, бројките се онака лаички од ракав истресени и по некоја здрава логика.
Ја уништија Украина. Со ова само му ставаат печат.