Овој Феликс кај Чоло вака не уклизаваше, во тим каде ќе бидеш награден за отворен ѓон у цеваница.
Нема врска. Друго сакав да пишам. За овој Потер.
Кој е овој тренер бе? Види го каков е како прво и основно, како лик од Горно Лисиче, вмровец, запослен кај Минчо у Железара горе, хаус мајстор у некоја од фабриките, носи дугачок плав мантил од оние од бивша Југославија.
Поозбилно сеа. Како што форсираат нивни играчи и секој втор што ќе пркне го прогласуваат за следно фудбалско чудо, нешто што не се коментира толку многу е истото такво хајпање на англиските тренери, од страна на англиските медиуми секако.
Буквално од времето на Боб Пејсли не искочил квалитетен англиски тренер, ајде и Боби Робсон ќе го спомнеме и толку. Најголемите британски тренери се шкоти.
И секој англичанец што ќе сврзе 3 победи по ред одма се вивнува у врвот. Исти кур беше со Мекларен, со Марк Хјуз, со Стив Брус нарочито коа почна, да се покаже па одма у Манчестер место Фергусон, па Саутгејт го хајпаа, па Џерард и Лампард последно.
Така и со Потер, бил тренер таму у Шведска, изборил опстанок со Брајтон 2 пати и сеа овие се некако маѓепсани од тој фрапантен успех, па фалења па чудења па триста глупости за еден обичен просек што со апсолутно ништо не двои. Сеа ќе ми пишете играл јак фудбал, исти кур муабет и со тој Хазелнут од Сотон, големиот микс на Клоп и Тухел, секоја година 16то место.
Јакиот фудбал што го играле Брајтон ебате, демек еј Брајтон игра добар фудбал овој мора да е страшен тренер. Еве ви го Де Зерби на пример.
У Италија вакви потеровци има еден куп. Инзаги, Италијано, Диониси, Сотил, Никола. Па еден Иван Јуриќ е боље тренер од буквално пола Премиер лига, Тудор искочи како профил вреден за англиски хајп, Гасперини да не праам муабет.
Потер, Потер куровми, 50 години има, не бил тимот по негова мерка пази, па у Брајтон по негова мерка ли му ги кроеле составите? Не бе, добар тренер се познава по тоа што ќе сработи и со тоа што го има. Нормално дека се потребни одредени играчи за Х систем ама па и да не се праиме нешто многу наивни кога секој втор тренер игра ист систем на фудбал, таков е фудбалот моментално, со техничари, сите да знаат да играат со топка, со напаѓачки крила. Демек за стилот на Потер се потребни посебни играчи па овие што се тука едноставно не можат да одговорат. Кур мој. Просек чист, насанкан тој глупиот американец од британската штампа, Тухел го смени со овој идиот.
Ај еве еден нека ми одговори какви играчи се потребни за Потер?
Што бара Потер а Челзи нема?
Рака на срце не дека Челзи има состав за врв, ама дефинитивно не е ни за 10то место.