Нуклеарна војна, и загрижувачкиот тренд на неразбирање на последиците од истата

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
Не, не велам дека ќе „победат“. Никој нема да победи... Индија и Пакистан да разменат по неколку нуклеарки и пола луѓе на планетава ќе умрат од глад. Нуклеарна војна меѓу САД и Русија? Ќе бидеме среќни ако неколку од нас преживеат за да продолжи видот.

Само зборував дека загуба за загуба, техничката победа ќе биде на РФ. За пократко време ќе уништат повеќе цели, и ќе соборат повеќе противнички ICBM.
САД имаат противракетна одбрана, ама таа не работи против хиперсонични проектили. Ќе дојдат од ниско, по непредвидливи патеки далеку од амерканските ПВО. САД тек сега развиваат хиперсонична технологија за вакви проектили. Дури и Кина е далеку пред нив, веќе имаат функционален прототип. Се зборува дека и Кореја има голем напредок (северната, се разбира).

(кроспост)
Русија прави напор да се приближи на САД, во одбранбена како и офанзивна смисла. Ги изиграа со договорите што ги потпишуваа и затоа е ова сценарио.
Русија е нападната у моментов, тоа е повеќе од јасно. Мое лично мислење е дека ќе заврши се ова со нуклеарна размена, целта на неоконсите(окултната олигархија) е бутање на Путин преку процес на уцена и застрашување. Тоа не да не им успева, него Путин е Бог у моментов. Цел трет свет го собра на негова страна како и Кина, Индија и уште по некој гигант. Кога ќе видат дека не им оди тогаш ќе биде фрката и ќе наебе цел свет заради нивните империјалистички сонови.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не, не велам дека ќе „победат“. Никој нема да победи... Индија и Пакистан да разменат по неколку нуклеарки и пола луѓе на планетава ќе умрат од глад. Нуклеарна војна меѓу САД и Русија? Ќе бидеме среќни ако неколку од нас преживеат за да продолжи видот.

Само зборував дека загуба за загуба, техничката победа ќе биде на РФ. За пократко време ќе уништат повеќе цели, и ќе соборат повеќе противнички ICBM.
САД имаат противракетна одбрана, ама таа не работи против хиперсонични проектили. Ќе дојдат од ниско, по непредвидливи патеки далеку од амерканските ПВО. САД тек сега развиваат хиперсонична технологија за вакви проектили. Дури и Кина е далеку пред нив, веќе имаат функционален прототип. Се зборува дека и Кореја има голем напредок (северната, се разбира).

(кроспост)
Не баш.
Може комплетно да ги снема Индија и Пакистан и влакно да не фали на останатите на планетава, ако тие не држат ниту една битна рута за ресурси.
Да, ќе има падови/скокови на берзи, некакви финансиски нестабилности или не знам што, но ништо што нема да се среди во рок од неколку месеци.

Секоја војна, како и нуклеарната може да биде добиена или изгубена. И тоа со голема разлика. Дури и меѓу САД и Русија.

Не знам како Русија би победила, ако САД заедно со сојузниците (дури и без нив) имаат повеќе оперативни бомби и далеку поголем број на бази. Настрана тоа што мнозинството од нуклеарните напади САД може да го изведи само од страната на авијацијата, без користење подморници или интерконтинентални ракети.

Животот после глобална нуклеарна војна ќе продолжи за тие што ќе преживеат. Цела останата технологија ќе продолжи да постои, мнозинството ќе ја преживеат војната, дел од нив не во наредните години, зависно колку брзо ќе бидат ревоспоставени ланците на ресурси и колку брзо ќе се адаптираат.
Ова во најлошиот можен случај, да бидат активирани најголемиот број нуклеарни оружја.
Пред да стигни до тоа ќе се гаѓаат претежно воени бази и центри и конвенционалните сили ќе можат во голема мера да спречат понатамошни користења на нуклеарки.

Од реалните работи:
ICBM не може да биде соборен, не постои технологија за тоа. Единствено може да биде уништен на земја, пред да биде активиран.

Хиперсонични проектили кои може да се управуваат низ атмосферата низ целиот лет не постојат.
Најблиску до тоа постои технологија која во мал степен може да ја промени патеката на боевите глави што влегле назад во атмосферата.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.052
Поени од реакции
9.416
ICBM не може да биде соборен, не постои технологија за тоа. Единствено може да биде уништен на земја, пред да биде активиран.
За што им се 70 А135 ракети на русите ако е така, и како што знам сите се со нуклеарна глава од 10 Kt?
Баш ме интересира дали има некоја шанса да се бутнат у завршна фаза главите кога се движат преку 20 маха.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.660
Поени од реакции
42.222

С-500 е за тоа дизајниран, да обори ракета додека е во горна орбита. Исто и новиот A-235 би можел слични задачи да обавува пошто ќе има и мобилна верзија.
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558

Од напишаново можам да заклучам дека ти сакаш да кажеш дека во некоја настаната нуклеарна војна помеѓу САД и Русија дека САД ќе победи. И тоа заради нивната наводна ,,брза способност за пренос на нуклеарките врз Русија" и можноста на САД да се ,,одбрани ефективно од одмаздничките руски хиперсонични проектили" иако според самите американски извори, САД ќе го попие дебело ако тие се истрелаат врз нејзе. Односно, ти ја форсираш тезата дека САД ќе испадне победник во нуклеарната војна, т.е. ќе преживее.
Епа жал ми е, но ќе мора да се преиспиташ повторно и да сфатиш дека во нуклеарна војна сите ќе изгубат па дури и САД. Нема победници во ваква војна, сите се губитници. А тие муабети дека ,,ruskite nuklearki se stari, neodrzlivi i kje eksplodiraat vo Rusija taka sto ne se zakana za nas" се најдебилни муабети произлезени од неписмени и крајно глупи луѓе кои воедно се истите луѓе кои на неколку наврати тврдеја дека Русија ќе биде погодена од санкциите или дека ќе и` снема ракети во секој момент. :kuracc:
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
За што им се 70 А135 ракети на русите ако е така, и како што знам сите се со нуклеарна глава од 10 Kt?
Баш ме интересира дали има некоја шанса да се бутнат у завршна фаза главите кога се движат преку 20 маха.
С-500 е за тоа дизајниран, да обори ракета додека е во горна орбита. Исто и новиот A-235 би можел слични задачи да обавува пошто ќе има и мобилна верзија.
Да, ракетата, бустерот (тоа е ICBM) не може да биде соборен еднаш кога ќе биде лансиран, едноставно нема оружје за тоа. Понатаму, од кога ќе ја стави последната фаза (што се неколку нуклеарни бомби) надвор од атмосферата ICBM не постои. Постојат нуклеарни бомби со огромна брзина плус контра мерки.
Тие може да бидат таргетирани и соборени. Всушност сите одбрани се дизајнирани да соборуваат само тоа, летала кои носат нуклеарни бомби во финалната фаза од летот. И Американска и Руска одбрана.

Од напишаново можам да заклучам дека ти сакаш да кажеш дека во некоја настаната нуклеарна војна помеѓу САД и Русија дека САД ќе победи. И тоа заради нивната наводна ,,брза способност за пренос на нуклеарките врз Русија" и можноста на САД да се ,,одбрани ефективно од одмаздничките руски хиперсонични проектили" иако според самите американски извори, САД ќе го попие дебело ако тие се истрелаат врз нејзе. Односно, ти ја форсираш тезата дека САД ќе испадне победник во нуклеарната војна, т.е. ќе преживее.
Епа жал ми е, но ќе мора да се преиспиташ повторно и да сфатиш дека во нуклеарна војна сите ќе изгубат па дури и САД. Нема победници во ваква војна, сите се губитници. А тие муабети дека ,,ruskite nuklearki se stari, neodrzlivi i kje eksplodiraat vo Rusija taka sto ne se zakana za nas" се најдебилни муабети произлезени од неписмени и крајно глупи луѓе кои воедно се истите луѓе кои на неколку наврати тврдеја дека Русија ќе биде погодена од санкциите или дека ќе и` снема ракети во секој момент. :kuracc:
Зошто сите губитници?
Тоа што ќе остани после нуклеарната размена колкаво и да биди, може да продолжи да функционира и да се однесува како во свет без нуклеарни бомби. Оттука можеби ќе видиш Американски тенкови во Москва, можеби Руски во Вашингтон. Остатокот од некогашните моќни држави, каков и да е, ќе продолжи да функционира, да го искористува својот останат потенцијал и да го зголемува зависно од можностите.
Зошто не би биле САД победници во таков судир?
Нуклеарната војна не е крај на светот, туку можност за нов. :D
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.706
Поени од реакции
33.923
Не баш.
Може комплетно да ги снема Индија и Пакистан и влакно да не фали на останатите на планетава, ако тие не држат ниту една битна рута за ресурси.
Да, ќе има падови/скокови на берзи, некакви финансиски нестабилности или не знам што, но ништо што нема да се среди во рок од неколку месеци.
Целосно неточно.

Си го прескокнал уводниот пост на дискусијата, повели:

Under even the smallest nuclear scenario, a localized war between India and Pakistan, global average caloric production decreased 7 percent within five years of the conflict.
...
Crop declines would be the most severe in the mid-high latitude nations, including major exporting countries such as Russia and the U.S., which could trigger export restrictions and cause severe disruptions in import-dependent countries in Africa and the Middle East.

These changes would induce a catastrophic disruption of global food markets, the researchers conclude. Even a 7 percent global decline in crop yield would exceed the largest anomaly ever recorded since the beginning of Food and Agricultural Organization observational records in 1961. Under the largest war scenario, more than 75 percent of the planet would be starving within two years.

Оваа студија опфаќа само последици врз производство на храна. Колапс на цивилзирано општество е очекувано (ок тоа во ситуација со поголема нуклеарна војна), и ќе однесе повеќе човечки животи и за пократко во однос на гладот. Потоа тука се и здравствени последици од радијација, нефункционирање на здравствто, итн, итн.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Целосно неточно.

Си го прескокнал уводниот пост на дискусијата, повели:

Under even the smallest nuclear scenario, a localized war between India and Pakistan, global average caloric production decreased 7 percent within five years of the conflict.
Цела среќа што произведуваме повеќе отколку што трошиме па 7% нема да ни сменат многу. :D
Ова е студија, а не факт. Ова е само едно од многуте сценарија и истражувања што би било кога би било.
Како мнозинството од нив кога се работи за еден настан, а има премалку истражување на тој субјект, ваквите предвидувања се ветар во магла. Можам да забележам дека од една претпоставка, вади заклучоци за да стигни до друга претпоставка, што е сосем погрешно, не не може поинаку бидејќи нема податоци.

Те молам објасни ми како на пример би имале намалено производство во остатокот од светот ако Пакистан и Индија разменат по некоја нуклеарка?
Јас би се кладел на спротивното.

Патем, студијава се однесува на тоа како производството на жито би било во случај на нуклеарна зима (или прашина во атмосферата од нуклеарките). Неколку десетици нуклеарки меѓу Индија и Пакистан нема да предизвикаат ништо повеќе прашина во атмосферата отколку еден просечен вулкан.

Така да, секоја студија за одреден настан во иднина, каде не постојат многу истражувања е само уште едно предвидување чии шанси да се исполни се поблиску од нула него било што.

Настрана сето ова, правиш погрешна претпоставка од претпоставките во студијата. Ти претпоставуваш дека секој нуклеарен конфликт би довел до катастрофа, каде претпоставката на студијата е дека само вистинска глобална нуклеарна војна би предизвикала таква катастрофа. Но сепак, тоа е само претпоставка.

Настрана што не се земени еден куп други фактори, туку фокусот е само на производството на храна.

Настрана тоа што вика дека најлошото можно сценарио се 5 билиони во текот на неколку години. Остануваат 3 билиони, повеќе од доволно за цивилизацијата да продолжи да се развива. 3 билиони бевме во текот на најголемиот прогрес некаде после Втора Светска војна.

Еден куп грешни претпоставки кои водат кон уште повеќе погрешни заклучоци.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.706
Поени од реакции
33.923
Цела среќа што произведуваме повеќе отколку што трошиме па 7% нема да ни сменат многу. :D
Ова е студија, а не факт. Ова е само едно од многуте сценарија и истражувања што би било кога би било.
Дајбоже да заклучоците да се погрешни. Шансите се дека не се, додека не видам издржана студија која го докажува спротивното.
Прашањето е дали би се коцкал за да откриеш? Што можеш да добиеш, а што да изгубиш? Вреди ли?

Те молам објасни ми како на пример би имале намалено производство во остатокот од светот ако Пакистан и Индија разменат по некоја нуклеарка?
Јас би се кладел на спротивното.
Затоа што количината на честички во воздухот го блокира сонцето, помалку сонце од потребеното = помали земјоделски приноси.
Доволно намалено сонце = скоро никакви приноси.

Балансот на природата и животот се деликатни работи, не треба многу за беља.
Ме разочаруваш со вакво мрзливо и искрено - глупаво прашање.

Јас би се кладел на спротивното.
Мислам дека не треба да објаснувам колку колосално глупаво е да се кладиш во опклада каде во најдобар случај не добиваш ништо, а во најлош губиш сѐ.

Патем, студијава се однесува на тоа како производството на жито би било во случај на нуклеарна зима (или прашина во атмосферата од нуклеарките). Неколку десетици нуклеарки меѓу Индија и Пакистан нема да предизвикаат ништо повеќе прашина во атмосферата отколку еден просечен вулкан.
Она онаму е peer reviewеd студија.
Секој може да реагира, не мора ни да бидеш научник. Повели напиши им review... Види како ќе ти помине. Јави ни, јас барем со нетрепение ќе го очекувам одговорот. :unsure:

Така да, секоја студија за одреден настан во иднина, каде не постојат многу истражувања е само уште едно предвидување чии шанси да се исполни се поблиску од нула него било што.
Немаш основа да го тврдиш тоа.
Луѓето Научници го истражиле она, не да се повикувам на нивниот авторитет ама имаат направено истражување. Ти твојот заклучок од каде го извади? Од ракав? Од...

Настрана што не се земени еден куп други фактори, туку фокусот е само на производството на храна.
Напишав коментар за ова. Колапсот на основите на општеството ќе биде уште посмртоносен од гладот.

Настрана тоа што вика дека најлошото можно сценарио се 5 билиони во текот на неколку години. Остануваат 3 билиони, повеќе од доволно за цивилизацијата да продолжи да се развива. 3 билиони бевме во текот на најголемиот прогрес некаде после Втора Светска војна.
Одлично. Мала е сметката!
„Само“ 5 милијарди луѓе ќе испоумрат, пи4кин дим!

Ајде да се испоубиеме тогаш.
Спремен си (скраја да е), да ти умрат децата, жената, родителите, брат/сестра, итн?
Вреди таа цена да се плати за САД да останат империја и да гу експлоатираат светските ресурси за богатење на неколкумина, додека го уназадуваат целото човештво. Да живее Пакс Американа, три пати ура! УРА! УРА! УРА!
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Пораката е свесност за тоа што може да се случи ако се нема критички став кон работите кои водат кон војна.
Чинам се обидуваш да тролаш... Ако немаш нешто паметно да придонесеш во дискусијата, одјеби.
Ќе врнат нуклеарки за брзо комрејде? Колкави се шансите сега? Еве скоро година ќе измине, сонце немаш видено од дремење на форум, а нуклеарки никаде. Да не им помине рокот на конзервите што ти се складирани в подрум?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Дајбоже да заклучоците да се погрешни. Шансите се дека не се, додека не видам издржана студија која го докажува спротивното.
Прашањето е дали би се коцкал за да откриеш? Што можеш да добиеш, а што да изгубиш? Вреди ли?

Затоа што количината на честички во воздухот го блокира сонцето, помалку сонце од потребеното = помали земјоделски приноси.
Доволно намалено сонце = скоро никакви приноси.

Балансот на природата и животот се деликатни работи, не треба многу за беља.
Ме разочаруваш со вакво мрзливо и искрено - глупаво прашање.

Мислам дека не треба да објаснувам колку колосално глупаво е да се кладиш во опклада каде во најдобар случај не добиваш ништо, а во најлош губиш сѐ.

Она онаму е peer reviewеd студија.
Секој може да реагира, не мора ни да бидеш научник. Повели напиши им review... Види како ќе ти помине. Јави ни, јас барем со нетрепение ќе го очекувам одговорот. :unsure:

Немаш основа да го тврдиш тоа.
Луѓето Научници го истражиле она, не да се повикувам на нивниот авторитет ама имаат направено истражување. Ти твојот заклучок од каде го извади? Од ракав? Од...

Напишав коментар за ова. Колапсот на основите на општеството ќе биде уште посмртоносен од гладот.

Одлично. Мала е сметката!
„Само“ 5 милијарди луѓе ќе испоумрат, пи4кин дим!

Ајде да се испоубиеме тогаш.
Спремен си (скраја да е), да ти умрат децата, жената, родителите, брат/сестра, итн?
Вреди таа цена да се плати за САД да останат империја и да гу експлоатираат светските ресурси за богатење на неколкумина, додека го уназадуваат целото човештво. Да живее Пакс Американа, три пати ура! УРА! УРА! УРА!
Easy dude...
Не реков да се испоубиеме за да дознаеме. Зборуваме само хипотетички, што би било кога би било. Дискусија, right?
Можам буквално да ти извадам еден куп peer reviewed трудови во врска со климата, атмосферата и сл од пред 30-60 години кои предвидувале нешто, а денес е сосем друго. Студии за предвидување на иднината имаат секогаш еден проблем... немаат факти и се само тоа што се, предвидувања. За да имаш некоја слика за иднината за даден проблем, треба да имаш илјадници и илјадници истражувања, трудови и сл. Дури тогаш не можеш да бидеш 100% сигурен што ќе се случи, бидејќи има еден куп фактори кои влијаат врз крајниот исход.
Не велам дека не може да испадни по текот на студијава, веројатноста за да биди така е многу мала. Од причини што ни јас, ни ти, ниту истражувачите не ги знаат, бидејќи се работи за иднина.
Доколку имаше стотина други трудови, кои горе-долу ги влечат истите заклучоци, можеше да зборуваме дека ќе биди така и така.

Сега од друга страна, направи си сам истражување и пробај да извадеш некој заклучок. Провери колку нуклеарни тестови се направени. Провери колку нуклеарни бомби имаат Индија и Пакистан. Извади заклучок како тоа ќе влијае врз глобалното производство на храна ако ги испукаат сите нуклеарки меѓусебно.
Или ете побарај колку материјал еден вулкан, да речиме од скала 4 таму по VEI исфрла материјал во атмосферата. Провери колку еден нуклеарен тест исфрла материјал во атмосферата, помножи го по бројот на бомби што ги имаат овие двете.

Јас еве мислам, дека влакно нема да ни фали на останатите на планетава ако се испоубијаат Индија и Пакистан. Ниту од радијација, ниту од оштетен озон, ниту од прашина во атмосферата, ниту од намалено производство на храна, ниту од пад на берзи, ама баш од ништо.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.706
Поени од реакции
33.923
Не велам дека не може да испадни по текот на студијава, веројатноста за да биди така е многу мала. Од причини што ни јас, ни ти, ниту истражувачите не ги знаат, бидејќи се работи за иднина.
Не можеш нас двајца да не ставаш на исто ниво со истражувачите. Тие направиле модел и симулациите го кажуваат тоа што кажуваат. Дали се точни? Којзнае, но барем е нешто - се работи за резултати од истражување, не се работи извадени од ракав - како ти што правиш во случајов. Јас, ти, па и било кој овде, ние само дискутираме и немаме ни ден труд вложено во оваа област. Ниту па во науката воопшто, ако зборувам за себе (а повеќе од извесно и за тебе).

Ваквите модели не се нова работа, на времето Карл Саган и група научници (поточно е група научници со Карл Саган како пи-ар фронтмен) направиле постар модел кој дал релативно слични резултати. Со тоа што тие се фокусирале на нуклеарна зима и сите директни последици од неа, а овие овде се фокусираат на производство на храна.

На крај пак идеме до она дека ако ризикуваме можеме да изгубиме сѐ, во никој случај не добиваме ништо. Дури и во ограничена војна да не се деси MAD, тоа само ќе ги охрабри психопатите да ја буткаат границата понатаму и поматаму. Се додека не им успее да направат доволно беља за да го уништат човештвото.

Ете дури и да преживеат доволно, ете половина. Малку е што ќе умре другата половија, што ќе умрат толку многу луѓе?
За што?

Можам буквално да ти извадам еден куп peer reviewed трудови во врска со климата, атмосферата и сл од пред 30-60 години кои предвидувале нешто, а денес е сосем друго. Студии за предвидување на иднината имаат секогаш еден проблем... немаат факти и се само тоа што се, предвидувања. За да имаш некоја слика за иднината за даден проблем, треба да имаш илјадници и илјадници истражувања, трудови и сл. Дури тогаш не можеш да бидеш 100% сигурен што ќе се случи, бидејќи има еден куп фактори кои влијаат врз крајниот исход.
Сега заменуваш тези, климатските промени се друга тема и толку многу манипулирана да не сакам ни да почнувам да дискутирам за тоа, не овде. Во секој случај не можеш со тоа да направиш пример за оваа тема.
На крај пак идеме на она дека можеш сѐ да загубиш, а во најдобриот случај само нема ништо да добиеш. Глупаво е.

Сега од друга страна, направи си сам истражување и пробај да извадеш некој заклучок. Провери колку нуклеарни тестови се направени. Провери колку нуклеарни бомби имаат Индија и Пакистан. Извади заклучок како тоа ќе влијае врз глобалното производство на храна ако ги испукаат сите нуклеарки меѓусебно.
Или ете побарај колку материјал еден вулкан, да речиме од скала 4 таму по VEI исфрла материјал во атмосферата. Провери колку еден нуклеарен тест исфрла материјал во атмосферата, помножи го по бројот на бомби што ги имаат овие двете.
Сите тие (наведените) се временски одвоени настани, проблемот со намалено сончево зрачење е кога кумулативниот ефект кога се случуваат повеќе нуклеарни удари, што е реално сценарио во нуклеарна војна. Повеќе честички во воздухот, повеќе сончево зрачење е блокирано, помали земјоделски приноси, повеќе глад, повеќе смрт од глад. Итн, итн.

Јас еве мислам, дека влакно нема да ни фали на останатите на планетава ако се испоубијаат Индија и Пакистан. Ниту од радијација, ниту од оштетен озон, ниту од прашина во атмосферата, ниту од намалено производство на храна, ниту од пад на берзи, ама баш од ништо.
Ти можеш да мислиш така, ама не можеш да го аргументираш тоа со докази. По трет пат: Можеш сѐ да загубиш, а во најдобар случај нема ништо да добиеш. Зошто да ја играш таа игра... Играј глупи игри, добиј глупи „награди“. Си ја слушнал изреката? :unsure:
Автоматски споено мислење:

Ќе врнат нуклеарки за брзо комрејде? Колкави се шансите сега? Еве скоро година ќе измине, сонце немаш видено од дремење на форум, а нуклеарки никаде. Да не им помине рокот на конзервите што ти се складирани в подрум?
Билбо, искрено ти благодарам што се грижиш за моето здравје... Но нели се договоривме да одјебеш ако не си дојден за дискусија?
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Дали се точни? Којзнае
Секој може да направи истражување, јас и ти и било кој. Доколку ги следиш методите, го направиш како што треба и помине peer-review, ете ти научен труд. Не треба да имаш титула научник или што и да е за тоа.

Споредбата со научните трудови за климата пред неколку децении ми беше за да ти укажам дека иднината не може да се предвиди. Слободно дискутирај за таа тема, целта ми беше споредбата. Место климата слободно земи било која друга тема. Еден куп истражувања за иднината кои се покажале погрешни.

Еве на пример, во периодот 1960-1964 детонирани се 360 нуклеарни бомби од кои во 1961 се детонирани 140, многу повеќе од вкупниот арсенал на Индија и Пакистан. Не можам да најдам дали во тој период или веднаш после тоа имало намалено производство на храна, намалени температури заради прашина во атмосферата и сл.
Значи како што реков, нема да има влијание на нас останатите на планетава ако Пакистан и Индија решат да се испукаат меѓусебно. Не по сменување на составот на атмосферата и производство на храна барем.

Нема врска, поентата ми беше дека не треба да се земаат како важни некои истражувања кои предвидуваат иднина, а притоа да немаат поткрепа од повеќе слични истражувања како единствен начин да се барем приближно предвиди некој настан.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.706
Поени од реакции
33.923
Секој може да направи истражување, јас и ти и било кој. Доколку ги следиш методите, го направиш како што треба и помине peer-review, ете ти научен труд. Не треба да имаш титула научник или што и да е за тоа.
Па баш во peer review е моментот. Ти можеш да напишеш текст, и истражување наречи го, ама треба да поминеш peer review.
Ајде. Напиши. :)

Или можеш и критика (peer review) ти да им напишеш за постојнава студија. Напиши ги и двате, види како ќе поминеш.
Автоматски споено мислење:

И пак не одговараш - што воопшто е поентата во играње глупави игри, добивање глупави награди?
Што мислиш дека ќе се деси ако се запукаат со нуклеарки заради Украина?
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Па баш во peer review е моментот. Ти можеш да напишеш текст, и истражување наречи го, ама треба да поминеш peer review.
Ајде. Напиши. :)

Или можеш и критика (peer review) ти да им напишеш за постојнава студија. Напиши ги и двате, види како ќе поминеш.
Автоматски споено мислење:

И пак не одговараш - што воопшто е поентата во играње глупави игри, добивање глупави награди?
Што мислиш дека ќе се деси ако се запукаат со нуклеарки заради Украина?
Би направил, ама голема е веројатноста дека ќе биди погрешно.
Why most published research findings are false

Заклучокот е, дека, ако едно истражување нема репликација (тоа што го пишав погоре), всушност многу повеќе репликации што ги даваат истите резултати, најверојатно е погрешно.

И пак не одговараш - што воопшто е поентата во играње глупави игри, добивање глупави награди?
Што мислиш дека ќе се деси ако се запукаат со нуклеарки заради Украина?
Не знам, тоа е твоја тема, јас те цитирав само заради неколку работи, дека човештвото немало да преживее глобална нуклеарна војна, дека заради Пакистан и Индија ќе изумрат милиони други и таму дека немало победници во војна и дека интерконтиненталните ракети можеле да се соборат.

Настрана што нема истражување за Украина, па не знам дали е ок да дискутираме. :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom