Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Ајде ќе го туркаме муабетов до некое време вака штом си запнал...

Значи ти си со идеја дека западот шири неморал (А тука зборуваме за религии, која религија од западот прави „напад“ врс „христијанските вредности“, католицизмот, протестантизмот или некој друг дериват?), истокот е далеку со нивните философии и учења само руската, македонската, српската и грчката црква да се средат и правилно разберат православното христијанство и ќе се спречи промената дека секој човек е ѕвезда и има свој пат и на земјата и во животот во целост?
Овие 4-5 цркви ќе го променат правецот по кој е насочено човештвото? Ова е сон или навистина мислиш дека е можно тоа?

Што се случува? Теории на заговори одиме? Инжинеринг...? Не е инжинеринг, само луѓето кои се различни од вас сега имаат храброст да бидат јавно тоа што се... не е ништо ново, освен за несвесните кои веруваат дека светот е уреден токму како што тие веруваат дека е според свети книги...

Сакате сите да бидат како вие што сметате дека треба, не сакате разновидност, и ако сакате разновидност вие да бидете главни и ќе одлучувате што е порок, неморалност или девијантност во општеството... и тука „авторитетите“ на црквите ставаат се и сешто што ним им е пречка!
Ќе те упатам и тебе на „Премин“порталот да прочиташ свештеници кој став го всадуваат во умот на верникот во однос на другите!
Ужас и бљуткавост има во тие нивни зборови! Гадови!

А ако не може да се повикаш на авторитетите на една црква која вели дека има наследство не знам од каде - тогаш верникот е апсолутно небитен со неговите размисли за религиите...

На промената не може да и се спротивставите со старите религии, не знам како не разбирате дека тоа ќе донесе само војни и глад! Не може да зборуваме за луѓето кои се разилчни од нас дека се настрани и да ми велиш од друга страна дека не е тоа омраза, онака од милост тоа го пишуваш!
Се гадиш од такви луѓе и не може духот да ти го процесира тоа... и за тоа не се виновни другите, ти си виновен сам по себе бидејќи христијанството и старите религии ти се на рамењата со нивните учења за традиции и наследство, а единствено наследство е човештвото. Другото е минливост во однос на вечноста!

ОД една страна целиме кон ѕвездите од друга страна уште се размислува за војни и омраза бидејќи некој не е по традициите и адетите...
Црквата ќе се спротивставува на промената... и ќе ги дефинира односите помеѓу општествата и поединците!
А да ја вратиме Византија?

Децата ги учиме дека има различни од нив
, ги учиме да разберат дека се ѕвезди со свои орбити и да имаат разбирање и правилно дејствување во однос на другите (За Едукација на Децата), дека не се сите како дома што се кај нив... дека другарчето не мора да биде како него и дека нема ништо лошо во тоа! Заборавете на старото... нема враќање.
Истото беше и црквата со разните откритија во XV-XVI век - се е порок и настраност со новите идеи кои не одеа во концептот на црквата..:
Но се помина и тоа... ќе помине и ова.

Оправдување ти е „патриотизмот“ измешан со христијанството и омразата кон тоа што луѓето имаат храброст да бидат што им е волја? Ќе морам да застанам на страната на волјата и да ги отфрлам сите традиции кои раѓаат насила ропство!
Сите тоа го прават во Македонија кои се чувстуваат патриоти и мислат дека црквата ќе ги оправи и спаси од промената. Нема спасување кога еднаш човек ќе ја намириса слободата и храброста да биде тоа што е и кога ќе престане да се заморува што другите сметаат дека е правилно или не...

Треба да се учите и да ги учите и другите околу вас дека може да бидете што сакате во животот ако имате капацитет за тоа, да верувате и практикувате она што ви е најдлабоко во срцето, но мора да разберете едно: како што ти имаш право да бидеш христијанин и ги негуваш традиционалните вредности и дефиниции од страна на XIX вековната црква, исто така некој друг ги има истите права да верува и практикува како му е волја и да не ти смета на твојот пат.

Тоа што вие сте наплашени што луѓето бараат повеќе слобода отколку традиции и ограниченост - не е проблемот до другите, до вас е... и не постои пречка која може да го сопре тоа...
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
@Хептаграм XI дали ти навистина веруваш дека промените за кои зборуваме овде се спонтана еволуција на човечкото општество? Нешто се случува само по себе без активно влијание и контрола од интересна страна?

Сериозно?
Јас гледам сериозна контрадикторност помеѓу тоа што го размислуваш и пишуваш, и реалноста во која живееме.
 
Член од
17 септември 2022
Мислења
1.039
Поени од реакции
2.474
Всушност јас во религиите барам контратежа на социјалниот инжинеринг што се случува подолго време, и кој во моментов буквално нема противник од аспект на функцијата која ја врши. Впрочем не зборував за наметнување на традиционални вредности, туку зборував баш за отпор кон наметнувањето на нетрадиционални вредности. Барање баланс и контратежа не е „одење на нож“. Сакање на својот народ и култура не е „мразење на другоста“.

Воедно сакам и да сум реален. Мнозинството луѓе овде се православни христијани и знаејќи го тоа за која религија јас да зборувам во моите размислувања погоре? За будизам? Паганство?
Пошто конверзија во будизам/итн не е можна никако (не дека ниту јас би го сакал тоа), православното христијанство е тоа што го имаме овде. Заедно со традицијата и културното наследството од нашите претци. Сето тоа нас народот нѐ служело повеќе за добро отколку што на други им служело за лошо. Порано се живеело со многу повеќе заедништво и взаемно разбирање и помагање, отколку сега. Затоа форсирање промени ретко излегува на добро, а форсирање на вакви настрани промени па никако не може да излезе на добро.


Ќе ми простиш што ги издвоив овие делови, но морав да за ја посочам наивноста во твојот светоглед. Прости ми и за самото посочување, но сметам дека треба повеќе да се едуцираш и за световните случувања.

Дека лгптПедо е настраност, тоа навистина се надевам дека нема да го спориме. Не се работи за „другост“ туку за настраност. Не само што е настраност туку е и болест. Не само што е болест, туку и ни се наметнува на сите и се промовира како нова вредност која сите треба да ја прифатат и практикуваат. Во училиштата на најмалите деца им се наметнуваат гледања на настраности како драг шоу (драг шоу се настапи на хомосекусалци облечени само во женска долна облека, со нагласена женска шминка, а настапите се обично играње на шипка, стриптиз со пеење, разговарање со децата и убедување и тие да сакаат да прават такви работи, и слични гадости).

Koлега... Соговорнику... Тие ги учат нашите деца на настраности. Тоа се случува и директно во училиштата, не само преку филмовите и сериите и попкултурата. Децата немаат избор освен да присуствуваат на таквата пропаганда и да бидат подложени на перење на мозок. И што мислиш дека се случува со тие деца на кои во училиште ги учат дека хомосексуализам е супер работа? Деца што гледаат нашминкани хомосексуалци како изведуваат стриптиз?

Пар работи подолу ќе ги ставам во спојлер, не е ништо од 18+ туку се само секојдневни работи од тоа што ни се наметнува како нови „вредности“ кои мора да ги прифатиме. Се работи за нешто што не е ни тајно ни тешко да се најде. Напротив секаде присутно е и лесно достапно. Но го ставам во спојлер затоа што темава е за религија и секој сам нека одлучи дали ќе ги кликне, без јас ништо да наметнувам.





За крај само уште ова: Сакање на својот народ и култура не е „мразење на другоста и разновидноста“. Барање баланс и контратежа на сегашната пропагандна војна која се води против нас и нашите деца не е ниту наметнување ниту „мешање во животот на човекот“. Наметнување постои ама од другата страна се наметнува ова врз нас.

Но токму тоа за што ме обвинуваш дека јас би сакал да го употребам христијанството, токму тоа се случува денес ама не се случува од христијанството туку од другите.
Јас не сакам да го наметнам христијанството, само сакам тоа да биде можност за контратежа на ова што сега се случува. Од тој аспект пишувам дека религијата треба и може да биде контратежа на овие настраности и злоупотреби.
Автоматски споено мислење:


Слично размислуваме, и штета што нѐ нема повеќе како нас.
Samo da te zapoznaam so Hepta za da ti zashtedam vreme, on e golem poshtovach na likot i deloto na Alister Krouli koj bil mnogu inteligenten tip, biseksualec a tatko mu bil sveshteno lice i go tepal kako mal... Krouli taka pameten i pun so hejt prema religiite - tatko mu - koi u start go osuduvaat negovoto postoenje si nashol genijalen nachin kako da si zivee u razvrat i orgii, ne me gledajte mene sho praam ami sho jas kje iskanaliziram od entitet u univerzumot.... i taka napishal kniga koja Hepta non stop ja citira tuka... deka se e ljubov ovo ono.... znaci samiot milenik na Hepta ti e prototip na ovie so razvratot denes i dekadencijata... i on ide ovde i kaka za religiite,... i poshto isto razmisluvame... znam shto sledno kje povrzesh :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
^^ Ја истражив површно Телемата. ОК„истражив“ веројатно не е добар опис, прочитав малку... Немам проблем со правото секој да има било какви религиозни/културни ставови, едноставно затоа што не разговарам со движењето/религијата - туку разговарам со човекот. Се друго би било ад хоминем.

Конкретно во таму се вели: „...interpreters of Thelema believe that this right includes an obligation to allow others to do their own wills without interference“.
Или „остави ги другите да ја спроведуваат својата волја без мешање и сметање“. Тој нивни постулат е контрадикторен со реалноста во која живееме: Програмирање и пропаганда луѓето да прават и живеат како што на пропагандистите и социјалните инжинери им одговара... Тоа по дефиниција не е живеење по сопствен избор без мешање и сметање.

Затоа му реков дека има голема контрадикторност помеѓу тоа што го размислува и пишува, со реалноста во која сите живееме. Во вакви ситуации претпочитам прелиминарно да мислам дека тоа е заради наивност и незнаење, барем додека соговорникот конкретно не се изјасни дека е поинаку, и со умисла/одлука.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Ќе ти повторам, бидејќи ти избегала мојата размисла за нештата што за тебе сега „се нови и неприродни“, а реално постојат од секогаш, но заради лудоста и злото на црквата споена со државата во IV век (кој знае зошто се создаде тој хибрид кој што траеше со векови) - од очите и умот на луѓето се избришаа многу нешта или се ставија во кошот на неморалното и преставени како зло!

Ништо не сте виделе бидејќи времињата беа такви да црквите и свештениците имаа моќ премногу на Земјата и се одеше тајно, далеку од нивните очи...
Така да ова ти дава одговор на твојата „еволуција“ прашање - ти немаше инфо за нештата низ светот и историјата!

Тоа што денес ти е дозволено да знаеш, да видеш, да може да одлучиш дали е за тебе или не - е новото време. И тоа што има луѓе и нешта кои тебе не ти се по волја, не значи дека не се праведни... никој нема да те присили ти да бидеш она што не ти е по волја! Мислам која е таа луда идеја некој да те принудува во калапот каде не те собира?
И ако прифатиш дека ти имаш право да правиш што ти е волја (не што сакаш туку ВОЛЈА), ќе прифатиш дека и секој друг го има тоа право!

Новото време е безвременски и бесконечно толерантно освен кон нетолерантноста! А старите религии сеуште се обидуваат во ова време да велат кој колку и најдобро верува и кој најдобро нуди решенија со сатанизирање и прогласување сешто за зло и дека е настранетост! Апсолутно нетолерантни дури и кон учењата кои се изродија од нив...
Тоа не може да го дозволиме - моќ на свештениците - бидејќи, не заслужуваат - како што рече и ти самиот: нешто е труло во таа хиерархија и не може да се најде оправдување.
Автоматски споено мислење:

Wiki е ок за старт. :)
Далечен ти е тој концепт затоа мислиш дека е контрадикторно во денешно време. Сеуште е нова оваа идеја и пракса... затоа луѓето се како во хаос, секој се бара, има идеја дека мора да постојат брзи патишта...
Кога ќе сфати поединецот дека прво доаѓаат обврските, а потоа привилегиите во животот - тогаш ќе сфати дека секој има право на слобода, живот, љубов и да најде светлина која ќе му биде водилка низ вечноста!
Кога децата ќе ги научиме дека светлината е една, нo боите се многу - ќе разберат што значи човештвото денес!

100 години се премалку за да се позитивно видливи нештата... кроце, вие сакате се да е како брзите кредити и да заглави човештвото, не бидува така :)
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
Ќе ти повторам, бидејќи ти избегала мојата размисла за нештата што за тебе сега „се нови и неприродни“, а реално постојат од секогаш, но заради лудоста и злото на црквата споена со државата во IV век (кој знае зошто се создаде тој хибрид кој што траеше со векови) - од очите и умот на луѓето се избришаа многу нешта или се ставија во кошот на неморалното и преставени како зло!
Хибридот е создаден затоа што истиот ја отсликува/пресликува состојбата на Небесата-како што е Еден Бог на Небесата, така е и еден монарх во државата, така е и една глава во семејството.

Токму така вели Господовата молитва: „...да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата...„.

Улогата од државата е најмалку двојна: да создаде мир за сите нејзини жители, а за верните да обезбеди услови за спасение на нивните души. Монархот (цар, крал, кнез...) и самиот треба да биде верник, а неговото владеење да е благословено од Црквата.

Дали „севернава„ ти наликува на такво нешто?...

Црквата не познава демо(но)кратија, како политичко уредување во едно општество.

Кај сите „недемократски„ општества и држави, не постои јасна и „физичка„ одвоеност на световната од религиозната власт, па нека се работи и за племенски заедници, а не за „цивилизирани„ народи.
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Црквата не познава демо(но)кратија, како политичко уредување во едно општество.
Знам.

Црквата познава феудализам, знаеме.
Прашав јас веќе ако не пак да вратиме Византија :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
Ќе ти повторам, бидејќи ти избегала мојата размисла за нештата што за тебе сега „се нови и неприродни“, а реално постојат од секогаш, но заради лудоста и злото на црквата споена со државата во IV век (кој знае зошто се создаде тој хибрид кој што траеше со векови) - од очите и умот на луѓето се избришаа многу нешта или се ставија во кошот на неморалното и преставени како зло!
Така да ова ти дава одговор на твојата „еволуција“ прашање - ти немаше инфо за нештата низ светот и историјата!
Да разграничиме некои многу важни моменти тука... Прво, воопшто не зборуваме за слобода на практикување на сексуални ориентации (минус педофилија, за тоа не може да има никакво разбирање ни толеранција). Значи не зборуваме за слобода на избор по своја волја. Зборуваме за реалноста на промовирање и организирано наметнување на сите други сексуални ориентации освен хетеро/стрејт. Зборуваме за пропаганда против формирање на нормални семејства. Зборуваме за перење на мозок.

Се разбираме?
На пример пушташ филм и во старт пола ликови се геј/би/транс/итн. Ти во реалност колкав процент од луѓето што ги знаеш се лгбт? Дури и самиот да си лгбт со голем круг на такви луѓе, би ти било јасно дека процентуално бројноста е мала, многу помала од бројката во филмовите/сериите. Значи што е целта ако не пропаганда за промовирање лгбт. Ако некој те бомбардира со лгбт пропаганда, тоа е слободна волја?
Ајде за возрасни луѓе, ама што е со деца и тинејџери без изградени ставови и личности? Детето ти иде во училиште и гледа некои лошо нашминкани машки проститутки како им прват драг шоу со стриптиз, а потоа им објаснуваат кои видови на сексуалност се добри за нив. Што ќе научи од тоа?

Напад преку сите медиуми. За тоа ти зборувам, дека не е со слободна волја донесена одлуката кога некој те бомбардира со лгбтпедо пропаганда уште од градинка. Така да кажи ми ти повеќе за слободна волја во сегашнава ситуација. Ги критикуваш (непостоечкото) промовирање на религиските/христијанските начела, но наметнувањето на овие новите лгбт начела - тоа не ти пречи?

Начнуваш и други аспекти, но нели се договоривме прво овој да го завршиме.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.880
Поени од реакции
5.006
Знам.

Црквата познава феудализам, знаеме.
Прашав јас веќе ако не пак да вратиме Византија :)
Ем добиваш одговор на твоја дилема, ем знаеш....а бе алал да ти е...:icon_lol:

Туку, твоето несогласување не е исто што и знаење. Дај да видиме што знаеш.

Што се однесува до феудализмот, за него зборуваш од лично искуство или само нагаѓаш? Ќе да е второво.

Патем кажано, историјата се движи кон својот крај, неминовно, а не кон себе повторување, така да феудализмот нема да се повтори на идентичен начин, но се повторува на модернизиран, каде некогашниот роб, кој станува закрепостен селанец во феудализмот, во капитализмот (о)станува роб на својот работодавец...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
Хедонизам купен со конформизам, тоа е модерната религија на „слободен избор“. Тоа е она што ни го продаваат но всушност во реалноста слободата има само во давањето привид на избор, пошто изборот е само еден облик на ропство да се замени со друг. Дури ни тоа не е сѐ, затоа што во дадено време кога контролата ќе стане апсолутна во идното тоталитарно општество ќе го намалат хедонизмот ама конформизмот нема веќе да биде опционален. Може да се каже дека и сега веќе конформизмот не е опционален.

Велам привид на избор, затоа што во општество каде се казнува различно размислување од она што е меинстрим - тоа не е општество на слобода и избор. Денес постои еден нов култ наречен „woke“ или „разбудени“. Припадниците на култот ги канцелираат сите кои не им се истомисленици а се дрзнуваат јавно да си го кажуваат мислењето. Тоа е основата на т.н. канцел култура која денес го доминира модерното општество. Догмата на култот (помеѓу другото) е дека не постои биолошки пол и дека родот е 100% социјална конструкција.

Научници и професори кои нема да се согласат да ја играат играта, се „канцелирани“ (критикувани до таа мера да се организираат масовни протести против нив, и се бараат нивни оставки). Тоа не е безначајно, пошто како резултат од тоа луѓето ги губат работните места. Се создава средина каде луѓето се плашат да кажат сопствено мислење, самоцензура или во спротивно модерна инквизиција да ги казни еретиците.

Тоа ли е таа слобода за која се зборува во Телемата?
Јас од она што накратко го прочитав, тоа не се начелата на Телемата. Едноставно поединци си ги толкуваат начелата како што им одговара... Тука природно се наметнува прашањето, зошто тебе ти одговара сегашната состојба @Хептаграм XI - за вака да браниш наметнување на нови вредности. Практично излегува дека ништо немаш против ова што се случува.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
На пример пушташ филм и во старт пола ликови се геј/би/транс/итн. Ти во реалност колкав процент од луѓето што ги знаеш се лгбт? Дури и самиот да си лгбт со голем круг на такви луѓе, би ти било јасно дека процентуално бројноста е мала, многу помала од бројката во филмовите/сериите. Значи што е целта ако не пропаганда за промовирање лгбт. Ако некој те бомбардира со лгбт пропаганда, тоа е слободна волја?
Ајде за возрасни луѓе, ама што е со деца и тинејџери без изградени ставови и личности? Детето ти иде во училиште и гледа некои лошо нашминкани машки проститутки како им прват драг шоу со стриптиз, а потоа им објаснуваат кои видови на сексуалност се добри за нив. Што ќе научи од тоа?

Напад преку сите медиуми. За тоа ти зборувам, дека не е со слободна волја донесена одлуката кога некој те бомбардира со лгбтпедо пропаганда уште од градинка. Така да кажи ми ти повеќе за слободна волја во сегашнава ситуација. Ги критикуваш (непостоечкото) промовирање на религиските/христијанските начела, но наметнувањето на овие новите лгбт начела - тоа не ти пречи?

Начнуваш и други аспекти, но нели се договоривме прво овој да го завршиме.
Што е постојано броење и силење со колкав број на луѓе се ова или она? До кога ќе гледаме бројност? Тоа се старо-еонски финти за валидност на нештото, штом е мал број на луѓе - небитно. И тука се зезнаа старите учења бидејќи сега полека разбираат дека бројноста е небитна!

Еден крик на лавот и стадото овци иако се 1000, ќе се разбегаат во неповрат. Баталете бројност....

Те бомбардираат со такви информации за да ти ја разбијат идејата за омраза што ја имаш кон такви луѓе од карпата наречена реалност и да разбереш дека такви луѓе имало, има и ќе има и ќе мора да живееш помеѓу нив исто како што тие живеат и работат меѓу нас хетеросексуалците! И нема да бидат третирани како настраност, за да ти на пример добиеш позиција која тој другиот ја заслужува повеќе, но ете „не е како тебе, по образот на Христос“! Не оди бре така тоа повеќе...

Старите религии всадија некаков зол корен на дрво кое се суши дека човештвото и поединецот мора да е во даден калап и нема мрдање од тоа. Не бидува така.

Научете си ги децата каков е светот за да не мора други да ги учат... жена која љуби жени може да објасни подобро од тебе на дете што значи љубов отколку твојата христијанска омраза кон лгбт и останато. Држењето до христијанските традиции состава егоистички став на поединецот кон другите, по автоматизам сите што не се христијани се зло и настранетост „која богот ќе ги реши кога ќе дојде време“. Намали со тој доживљај.

Христијанството е последното нешто на кое треба да мислиш за да се „спротивставиш“ на слободата секој да биде што му е волја.

П.С. Мислиш дека ако децата ги криеме од светот и чуваме под стаклени ѕвона, нема да имаат допир со реалноста и нема да знаат за нештата?
Така правеа христијаните во првите векови - гореа книги и стари знаења кои се косеа со идеите на новата христијанска секта! Истото го правеа и нацистите во Германија!

Не ги држете децата во незнаење и мрак заради едно верување и религија. Пуштете ги да знаат се, да знаат да размислуваат и да судат сами за нештата... бидејќи кога и да е, ќе дојде време „детето“ да се соочи со нештата кои се „зло“ и може да направи глупости заради омразата всадена од религиозните фанатици дека нештата се зло сами по себе бидејќи не се дел од „таа и таа религија“ или настранетост како што велиш ти.

P.P.S И се сложувам дека не мора во секој филм да мора да има геј, црнец или некоја друга раса заради „процентуалност“ ... сето тоа со процентуалност е стариот еон и тоа мора да прекине!

Автоматски споено мислење:

Ем добиваш одговор на твоја дилема, ем знаеш....а бе алал да ти е...:icon_lol:

Туку, твоето несогласување не е исто што и знаење. Дај да видиме што знаеш.

Што се однесува до феудализмот, за него зборуваш од лично искуство или само нагаѓаш? Ќе да е второво.

Патем кажано, историјата се движи кон својот крај, неминовно, а не кон себе повторување, така да феудализмот нема да се повтори на идентичен начин, но се повторува на модернизиран, каде некогашниот роб, кој станува закрепостен селанец во феудализмот, во капитализмот (о)станува роб на својот работодавец...
Исти христијански сказни: постојано „доаѓа крајот“, „ете го крајот“, „доаѓа судот“...
Човештвото не може да исчезне се додека има богови! Боговите сакаат обожување! И жртва! Без човештво... каде? :)
Доста со тој муабет - крај па крај... сите го очекуваме крајот, но крајот е забранет за тебе човеку :love:
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
Што е постојано броење и силење со колкав број на луѓе се ова или она? До кога ќе гледаме бројност? Тоа се старо-еонски финти...
...
P.P.S И се сложувам дека не мора во секој филм да мора да има геј, црнец или некоја друга раса заради „процентуалност“ ... сето тоа со процентуалност е стариот еон и тоа мора да прекине!
Обично кога ќе дојде работата до мултицитат реплики, тоа ми е показател дека дискусијата иде во погрешна насока. Но морам со конкретни примери да ти покажам. Во првиов цитат и во следните, дека не разбираш што се случува (и воедно ја потврдуваш контрадикторноста што ја спомнав). Еве овде велиш „зошто броење“ за потоа да кажеш дека не мора да има лгбтпедо/мулти култи пропаганда во секој филм.

Но подолу конкретно кажуваш дека баш заради бројноста (која им е минорна) мораат да прават пропаганда. Тоа барем го разбираш, само не знам дали разбираш дека врбување нови лгбтпедо е единствен начин на кој можат да се размножуваат:
Те бомбардираат со такви информации за да ти ја разбијат идејата за омраза што ја имаш кон такви луѓе од карпата наречена реалност и да разбереш дека такви луѓе имало, има и ќе има и ќе мора да живееш помеѓу нив исто како што тие живеат и работат меѓу нас хетеросексуалците...
Кои мислиш дека се тие кои ја прават оваа пропаганда и социјален инжинеринг?
Некои филантропи и хуманисти?

Какви цели сметаш дека имаат, ширење на љубов и разбирање?


Научете си ги децата каков е светот за да не мора други да ги учат... жена која љуби жени може да објасни подобро од тебе на дете што значи љубов отколку твојата христијанска омраза кон лгбт и останато. Држењето до христијанските традиции состава егоистички став на поединецот кон другите, по автоматизам сите што не се христијани се зло и настранетост „која богот ќе ги реши кога ќе дојде време“. Намали со тој доживљај.

П.С. Мислиш дека ако децата ги криеме од светот и чуваме под стаклени ѕвона, нема да имаат допир со реалноста и нема да знаат за нештата?
Така? Перење мозок на мали деца со хомосекусализам, тоа треба да ги научиме децата? Не само хомосекусализам туку и стриптиз и машка проституција? Со гледање драг шоуа во геј барови.

Хомосексуална жена можела подобро да објасни љубов од нормална жена?
Егоисточно било децата да се учат на традиционални вредности? Наместо да имаат детство, безбедни и заштитени од зло и штета, децата требало од мали да се замараат со ретардирано прерано сексуализирање и со воведување во хомосексуализам? Па како мислиш дека се случуваат сите тие сексуални дисфории, и операции на промена на пол кои им се случуваат на децата на запад? Знаеш ли што им се случува на тие деца потоа, статистички и секако гледано?

Најпосле, си размислуваш што ќе се случи ако се исполнат овие работи за кои и ти се залагаш? Па како бе мислиш дека ќе се размножува човештво каде 100% од децата/возрасните ќе станат хомосексуалци?


Спомнуваш допир со реалноста. Без навреда, но сега веќе слободно можам да заклучам дека твојот допир со реалноста е слаб не постои. Тоа не е ретко во денешно време, но потрагично е што не ја почитуваш ни религијата/движењето кои си ги одбрал. Никаде не видов дека во Телемата ви кажуваат да ги сексуализирате децата и да се согласувате со промоција на педофилија. Ова ќе да е нешто што ти самиот си одбрал да не ти смета и да се правиш дека не го гледаш.

Патем, гледаш дека јас не ги судам другите од движењето заради твоите ставови. Но ти сите христијани ги ставаш во еден кош и ги претставуваш во најлошо можно светло... Уште една работа која не зборува добро за твојот карактер.


Не сакам кога дискусиите доаѓаат до ваква точка, но работите треба да се кажат искрено и какви што се. Сакајќи да избегнам можност дека не сум те разбрал - ти дадов шанса во неколку вакви размени и ти едноставно упорно стоиш на тоа дека си целосно согласен со сите најнегативни работи за општеството кои се случуваат во моментов. Подржуваш уништување на вековната култура, пропаганда за промовирање лгбтпедо, промовирање мулти-култи. Не ти смета ни сексуализација на деца, ни промовирање на хомосекусализам/педофилија кај нив.

Лошо. Посебно за некој кој претендира на духовно просветлување... Јас веќе реков дека не сум верник, не во догмата. Но ги следам христијанските начела и обичаите на мојот народ, а освен тоа верувам и во постење на нешто кое најдобро се опишува со името карма. Е тука треба да припазиш ти со ваквите твои ставови кои го поддржуваат она погоре, пошто велат кармата била кучка. За атер на иднината на човештвото се надевам дека ѐ - кучка.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Да.
Ги судиш бре човек. Рече дека лгбт е настраност.
И толку од мене за ок дијалог да очекувам од тебе. Ти сешто збоуваш само не за теми поврзани со религија. Не си верник а не знам колку пати ми кажа дека христијанството ќе го оправи светот... а никако не зборуваш како ќе го оправи и што има христијанството што не може да се најде во другите религии и постари учења или подалечни, од истокот...

А подфорумов - е религија. Ако може да почнеш да зборуваш за религиите... инаку има други теми за ова што го збориш, во други подфоруми.

Ама ајде ми се виде интересна дискусијава, мислев ќе расправаш за христијанството што како ќе го оправи светот... како сите по манастири за да се ресетираме... ама ништо, ти си тераш некоја политичка агенда, запад, исток кој е подобар...

Ти се фати со лгбт и слични дискуии - баш она што христијанството и исламот го мразат од петни жили, заради нивните „традиционални ставови“.

И види, тие не се заморуваат дали некој геј немало да се размножува, или што носел во креветот дома за да води љубов, дали маж или жена!
Ним им е битно (на црквата и целата таа старо-еонска хиерархија) да не се оди против веќе воспоставени норми во кои тие уживаат некаква моќ и се некаков авторитет чиј темел е ветер и магла ако седне човек да се заморува што тоа тие проповедаат и колку го заробуваат поединецот и неговиот ум и дух.
И самиот кажа дека хиерархијата на црквата е трула... тоа сите го гледаме... што барате уште таму? Совет? За пари перење и создавање злато од страдањето на бедните по дух? Тоа барате? Одете, никој нема да ви каже не го правете тоа... можеби тоа е патот кој мноштвото треба да го помине и да пострада... но слабо да станат светци денес!

Да бре човек, јас не сакам нации и делења. Пукаме кон ѕвездите, а тука расправаме словени, македонци, албанци и слични бладања... Небото не се освојува од нации, туку ќе се освои како едно: човештво! Не сакам религии кои се негираат, не сакам религии кои сатанизираат и не дозволуваат слобода бидејќи „богот ќе се налути“, не сакам луѓе кои се верници и кои за вера умираат или убиваат и стануваат светци. НЕ сакам тоа.
ЛГБТ и што некој носи во кревет за секс и водење љубов (ако и двајцата или н-лица се договориле да биде таква играта) ми е најмал проблем! На фалус не ми е кој што љуби... се додека се запазува волјата на другиот!

Сакам свет во кој геј луѓето ќе може да љубат исто како мене и тебе и ќе имаат ок живот, сакам свет каде што жената ќе може да биде свештеничка а не само мажот, сакам свет каде што децата ќе знаат дека има сешто по светот и дека тоа е нормално да има сешто по светот, што нему може да му е чудно и дека не мора ништо да прифати и дека не мора да биде како што другиот решил да биде...

Сакам свет во кој децата нема да имаат проблем дека ако другарот до него сака маж, не значи дека ќе го силува него бидјеќи е маж!
Тоа е всадено во умовите на младите религиозни од страна на ова твое христијанство кое ќе го спасува светот... ништо нема да спаси може само да го упропасти светот и да се ресетираме со една голема војна...

Не постои „универзален калап“ за тоа каков да е поединецот. Тоа се стари извртени сказни неразбрани од наследниците на старите учења.

П.С. И сите гадови од верски фанатици што имаат омраза кон ЛГБТ, секогаш додаваат кон ова и педофилија! Како да ако некој е геј, сигурно е и педофил!
Тоа немој да го правиш... бедно е, не го очекував од тебе ова.


Ако може да не го правиш тоа... бидејќи ниту има смисла, да не кажам дека е подмолно и многу ниско. Одиш во кошот на мноштвото фанатици.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.676
Поени од реакции
33.847
Не можеш да ги одвоиш тие работи, духовноста и религијата не постојат во вакуум туку овде на земниот свет каде сите заедно живееме - под јаремот на наметнатите промени од кои лгбт агендата е само еден дел кој го спомнавме.
Да, јас во религијата гледам нешто што може да биде противтежа на социјалниот инжинеринг кој води кон работите за кои ете и ти нескриено навиваш. Но религијата (христијанството во случајов), не е решение заради корупцијата на свештенство во црквата/црквите. Нема тука ништо контрадикторно во таа корупција, затоа што коруптирани се луѓето а не религијата.

Христијанството е една работа а неговите свештеници се друга. Не неслично на тоа што во Телемата ти пишува децата да се остават да се развиваат самостојно ама ти следбеникот на Телемата, поддржуваш на децата да им се пере мозок со сексуализација и хомосекусалност, и педофилија. Значи до тебе е проблемот, или до Телемата? До свештениците или до Христијанството? Реторички прашања и ти можеби не ме разбираш, но се надевам другите што евентуално ќе нѐ читаат дека добро ќе разберат што кажувам.

Сакаш свет во кој децата ќе се сексуализираат уште од мала возраст. Епа затоа јас сакам религија за да има контратежа од ставовите на таквите што размислуваат како тебе.
Тоа за што навиваш нема врска со духовност. Навиваш за разнебитување, уништување на здравјето на децата и иднината.


Викаш „пукаме на ѕвездите“ но човештвото го водат луѓе кои пукаат од себичност и сите ресурси на планетава ги трошат за лична корист/профит и за да останат на власт. Не за освојување на свемирот и диверзификација на човечкиот хабитат надвор од планетава. Провери колкав е буџетот на НАСА а колкав е долгот на САД, колкав е буџетот на војската на САД, на ЦИА и другите агенции. Кажи ми пак дека „идеме на ѕвездите“.

Викаш „не постои универзален калап за тоа каков да е поединецот“ ама подржуваш лгбт пропаганда која баш тоа го прави, универзален калап за лгбт вредности. Буквално во секој филм и серија малтене без исклучок.

Викаш дека не сакаш делења меѓу луѓето, но ваквите лгбт агенди, мулти-култи агенди, итн, баш тие се делење на луѓето. Тие што го форсираат ова за што и ти навиваш, тие сите не поделија по милион основи. Тие нѐ поделија по социјална основа, богати и сиромашни. Нѐ поделија по етничка основа. Нѐ поделија по политичка основа. Нѐ поделија по религиозна основа. Сега нѐ делат и по сексуална ориентација... Тоа не е нова туку стара стратегија, се вика divide et impera или раздели и владеј. Владетелите ја применуваат од памтивек, од првата пишана историја на Месопотамија, Сумер и Вавилон, има записи за практикување на раздели и владеј. Римјаните ја практикувале и сите империи по нив. Пакс Американа ја применува преку ова за што зборуваме овде и сега.

Сантајана рекол, тие што не си ја знаат историјата - осудени се да им се повторува.
Сакаш да нема делење, ама знајно или незнајно (за тебе) ти промовираш делење. Секако дека темата на дискусијава е за духовноста и религиите. Но духовноста не можеш да ја продлабочиш и развиваш ако си роб, а ти практично навиваш и со тоа всушност работиш за сите да станеме робови. Затоа реков хедонизмот е новата модерна религија, и купен е со конформизам за ропството.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.146
Поени од реакции
12.128
Не можеш да ја одвоиш црквата од учењето на христијанството.
Тука имаат зборувано христијани дека Црквата Е христијанство. И никој не кажа дека религија и духовност се во вакуум

Не може да зборуваш и да го оправдуваш христијанството со тоа што искривени дејствувања имаат свештениците, ама суштината на учењето е бомбона...
Од тоа учење се гради бесконечна омраза кон другите. Ако тоа се успее да се промени, а не може заради традиции и апсолутната моќ врз духовното што мислат дека ја поседуваат, тогаш може христијанството реално да зборува за љубов, за разбирање и сл.

Црквата почна да се дели многу одамна, пред ЛГБТ и западот, а со тоа и луѓето кои се обични верници... и сето тоа заради нејаснотии во учењата и пустата идеја за монопол врз духовноста. Затоа едни со други луѓе од иста религија се јадат и си ги негираат надежта и верувањето. Тоа што православен христијандки свештеник вели дека католицизмот е погрешно верување, за тоа западот и ЛГБТ се виновни? Можеби јас сум виновен според некој, се си бидува
За тоа не се виновни аутсајдери туку внатрешни струи на црквите и самите учења на старите религии.

Неточно дека промовирам делење. За луѓе како тебе кои се по традиции секогаш туѓото значи делење, не сум како тебе и веднаш сум најлошото за тебе и твоето семејство. А јас воопшто не сум сето тоа што го градиш во духот и умот за мене. Но не можеш поинаку нели?

Тука го користам истиот начин како староеонски верник што зборува за другите колку се зло и погрешни заради верување.

Промовирам едно та исто: како што тебе никој не ти брани или имаш страв да бидеш што ти е волја, така треба да почитуваш и секој друг да ја извршува неговата волја.

Никаква религиозна догма не може реално да застане пред нечија волја и да каже, е не може вака , нашиот Бог се лути или богот си има кажано што е што во таа и таа книга, тебе ќе мора да те казниме што си ваков.
Затоа и реков дека треба да се научите дека светот е многу разнообразен и секој природно се доближува до она што му е природно и е компатибилни со неговата срж и со луѓе кои го надополнуваат гради соѕвездија кои му даваат смисла да го заврши големото дело за кое е дојден на Земјата

Но ова е уште ехо од далечен крик за многумина. Рано е, времето ќе покаже за кај сме и зошто токму тоа сме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom