Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    729
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.430
@HolyDebarca мислам дека Путин нема да го одржи редовниот прес брифинг заради најавата на H1N1 т.е. свински грип во Русија кој што веќе се ширел спрема најавата на медицинските челници во Русија. Еве вест од Тас.
Не се заебавам за ова.

Russia hit with aggressive flu season this year, top sanitary doctor says
Head of the Federal Service for Surveillance on Consumer Rights Protection and Human Wellbeing Anna Popova recommended to stay at home in the event of sickness

MOSCOW, December 7. /TASS/. The H1N1 flu strain, commonly known as swine flu, which is particularly harmful, will hit Russia hard this year, Head of the Federal Service for Surveillance on Consumer Rights Protection and Human Wellbeing Anna Popova said on Wednesday.

"Yes, this year, flu came to stay. The most unpleasant thing in this situation that it is precisely the flu variant which causes the most serious damage to health. This is the flu A virus (H1N1) of the pandemic year of 2009, in 2009, it emerged for the first time as a type of flu with high spread potential and triggered the 2009-2020 pandemic," she said in an interview with the Rossiya-1 TV channel.

Член од
30 октомври 2022
Мислења
458
Поени од реакции
1.283
Есејов ти е еден убав опис на victim mentality-то што зарази еден дел од народов овдека и глумат маченици, многу сме јаки ама америка не кочи, и сега и у казино коа губат пари, бајден и америка им се криви.

Како држава ние мнооогу пати имавме шанси сами да тераме ама се испосравме, најнногу со менаџментот со срањата 2001ва, територијалната поделба 2004та, хашките случаи 2008ма, и срањата на грујо кои не докусурија и доведоа на колена на меѓународен план.

Треба да си чукнете во глава малце и да излезете од тие филмови маченички и малце да свртите лента назад какви се потези влечевме внатре самите, за кои самите си бевме криви.
Во 2001 војната беше добиена.Ај погоди зошто изгубивме добиена војна?Иначе најкриви за ваквите состојби се партиските војници и главните мк партии.Народот никој не го прашува пошто е тотално небитен.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.053
Поени од реакции
9.427
Кога Груевски од плажа ги амнестираше воените злосторници, се јавија САД, ЕУ и други и декларативно искажаа сомневање во исправноста на постапката. Никој нормален нема јавно да каже дека е ОК да се помилуваат воени злосторства.
Се додека не излегоа, после неколку години, документи на Викиликс за тоа како Американците под маса го убедувале Груевски да им ја заврши таа работа, на што овој се сложил. Кој знае, можеби тоа му купи 5 години непречено владеење.
На вакви примери мислам, кога велам дека СДСМ и ВМРО се соучесници.

Наративот дека САД не е одговорен за се што се случува во земјава, е наивен.
На американците им бодеше у очи по заминувањето на Буш, и све тоа кулминираше со Куманово 2015 и шарената револуција, каде со заеднички напори на невладини организации на чичко Сорос и сл., грчко финансирање и комуњарите го бутнаа од власт, за да се спроведе тоа што се спроведе и уште се спроведува. Иначе тие работи што ти ги верглаш за Груевски се политички пазар, и нормална ствар е тоа, затоа рекле политиката е курва.
Може сакате да се амнестирате со тоа што ВМРО и Груевски би биле исто битни за распадот на Македонија, и ако е тоа така полесно ќе ви биде на душата, од причина што го поддржавте Заев и СДС да дојдат на власт и не демонтираат. Прашањето е зошто би го бутале од власт ВМРО у целата таа операција, од Смиљковци 2012 па до Куманово 2015?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.387
Поени од реакции
13.353
Како си ги дупи Кина, русиве, нит процесори не сака да му продава :pos:

China Bans Exports of Loongson CPUs to Russia, Other Countries: Report

Земи поработи малце, денот така ќе ти помине, а рецесија се спрема, ќе ти требаат пари.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.676
Поени од реакции
42.246
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.430
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.695
Поени од реакции
6.030
Ај да видиме нешто хипотетички, (како најава за трилер, што би рекол авторот)....

....Квебек (каде се зборува француски) конечно се отцепува од Канада на драматичен, спектакуларен референдум.
Канада се смешка кисело, но, прифаќа некако. Арно ама, тогаш избраната влада на Квебек е симната од ултра-националистички фанатици, после насилните нереди во Монтреал во кои кинески дипломати и политичари отворено даваат поддршка за демонстрантите. Дури има и снимка, телефонски разговор, меѓу кинески министер и нивниот амбасадор во Квебек околу кроењето на новата влада во Квебек.

Новиот режим во Квебек им создава главоболки на останатите кои зборуваат англиски јазик, целосно свесен дека тоа ќе ги разбесни Канаѓаните и Американците кои зборуваат англиски. Исто така, се прави и огромен трговски договор со Пекинг, по што следи формирање на воен сојуз.
Во рок од година дена, кинески војници и авиони слетуваат во Монтреал, на околу 920 километри од Њујорк. Згора на тоа, Кина вели дека планира да постави ракетни системи во Квебек. Вели дека тие се чисто одбрамбени. Но, како што бива, тие исто така би можеле да се користат за испалување нуклеарни ракети. „Не би го направиле тоа“, уверува Кина. Ама, не постои договор кој би спречил такво нешто.

Што мислите дека владата на САД би направила во едни вакви околности?

Онна што го опишав во оној „трејлер“ е од прилика тоа што САД и НАТО веќе неколку години го прават во Европа. Наместо Канада и САД, читајте Русија. Наместо Квебек, читајте Украина и балтичките земји.

Целиот текст тука
 
Има едно друго сценарио, многу поверојатно. И даваат на С. Кореја технологија и С. Кореја штанца 100 ракети со по 3 боеви глави од по 150 Кт.
Автоматски споено мислење:

Како си ги дупи Кина, русиве, нит процесори не сака да му продава :pos:

China Bans Exports of Loongson CPUs to Russia, Other Countries: Report

Дали прочита ти што пишува?
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.387
Поени од реакции
13.353
Ако Северна Кореја осетат слабост и ја нападнат Јужна Кореја, мислам дека толку ќе биде од помошта на САД и НАТО за Украина. А се мислам дека чекаат момент на слабост да го направат тоа, повторно да ја соединат Кореја.

Вака и во втора светска војна било, кога Англија и Франција биле зафатени во Европа, Јапонија почнала да им ги одзема колониите.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Дали прочита ти што пишува?
Дали тенеќе прочитал повеќе од насловот на текстовите кои ги постира... Ајде да не претеруваме во очекувањата. :unsure:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom