Вака првични впечатоци со овој Суровикин е дека има позитивна промена во начинот на кој Русија ја води војната. За разлика од иницијалните спринтови кон Киев како муви без глави и фронталните напади на Дворников каде што се губеше еден тон опрема и луѓе за да се заземе едно село кое е срамнето со земја, делува дека Суровикин разбира за што е способна руската војска во моментов. Суровикин изгледа е свесен дека Руските воени сили во моментов се руска салата и имаат нула капацитет да спроведат некоја посериозна офанзива од напад на некое напуштено село и имаат потешкотии да го одбранат тоа што е заземено. И што е побитно изгледа ги има убедено Путин и политичкиот врв околу него дека Одеса и слични екскурзии ќе треба да почекаат подобри времиња и дека ситуацијата на теренот е лоша.
Таа свесност за фактичката состојба е многу битна бидејќи кога човек е свесен за реалноста може да носи рационални одлуки а не да фантазира. Следствено на тоа, се реши за користење на нивното доминантно оружје - ракети со долг домет и дронови. Суровикин изгледа е свесен дека треба да “купи време” за да дојдат мобилизираните и да се регрупира војската, па според тоа го користи нивното доминантно оружје со таа цел, а тоа е уништување на енергетската инфраструктура во Украина.
Со оглед на тоа дека нападот како одговор на бомбардирањето на мостот во Крим испадна дека не е “one time thing” туку дел од поголема слика, таа стратегија веќе раѓа со плод. Украина сега спроведува целосни рестрикции четири часа во денот, а многу региони блиску до фронот се скоро по цели денови без струја. Спремање на големи контра-офанзиви и немање на струја не одат рака под рака. Мислам дека овие напади веќе влијаат на украинската способност за спроведување на офанзиви со што Русите успешно спроведуваат активна одбрана преку уништување на енергетскиот сектор. Вториот проблем од ваквите напади и уништување на цивилна инфраструктура е тоа што има сериозен деморализираефект и покрај тоа што ја отежнува воената логистика, влијае сериозно на секојдневниот живот на украинците.
Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во наредните три четири недели и дали Украинците можеби ќе ја откажат офанзивата или сепак ќе се обидат да ја спроведат.
Русија по се изгледа добива командант кон е свесен за предностите и слабостите на Русија во Украина.