Конкретно само за Тесла би кажал дека нема ниту еден економски индикатор кој ја оправдува нејзината моментална вредност во таа висина да Тесла тежи повеќе од наредните девет автомобилски компании кои се гиганти и прават неколку пати повеќе приход и профит. Тесла ако не се лажам прв пат направи профит во 2021 после 17 години постоење.
Во принцип вредноста во голем дел се базира на оптимизам дека ова е замената на моторот за внатрешно согорување и идни проекции. Маск тоа го знае и неколку пати го има изјавено во писмо кон инвеститорите, дека вредноста на Тесла се базира на надеж и оптимизам.
Ова не е ништо ново за бизнисот во Америка, имајќи во предвид дека мнозинство од тие unicorns компании после години постоење уште немаат свртено профит или тек сега го свртеа. Airbnb на пример мислам нема напрацено профит и сега со Ковид кризата инвеститорите и правеа bailout инаку ќе пропаднеше.
Се е мед и млеко додека музиката не престане да свири