E тенеќе тенеќосано и зарѓано... Па Бахмут е браната на цела Европа, кога ќе падне Бахмут ќе падне и цела Европа се до Атлантик, под Руската чизма, а и под Руските тенковски гасеници...
Знаеш ли дека Русите во последниве 48ч направиле пробој/пробив кон Бахмут и тоа дури цели 100 метра ?
Појма си немаш знам... ај гитла...
Некогаш е добро да се потсетиш на тие народните приказни, а овој пат најдобра за да разбереш што се случува и ќе се случува е таа за: судијата, неговиот син, и двајцата селани што се суделе цел живот за една круша. Знаеш како беше муабетот, стариот ги судел цел живот и никогаш не им пресудил, дошол малиот и пресудил да ја пресечат. Е смени ја улогата на стариот судија со Русија и ќе разбереш што се случува.
Русија во сојуз со Кина, Индија и Америка ја освоија цела Европа, до педа е нивна, и само слеп не може да ја види реалната мапа.
Илон не ве предупредува за џабе, паметен дечко е тој и гледа што се случува, неговите бизниси се директно поврзани со енергенсот што го продава Русија, а целиот европски пазар отиде во мајчина. Утре во Европа возењето на Тесла ќе биде поскапо отколку да го збрчиш ТДИ моторот и да клокоти цел ден.
Азија си доби ефтини енергенси и гарантиран драјв за својата економија, Русија си доби поголем пазар од претходно и нови сојузници (со заеднички непријател), САД си ги откупи робовите во Европа и ќе ве клецка како што сака, особено со медиумската војна каде се маестро.
Она што е проблем и што не го гледаш (ти и неколку други на темава, со исклучок на 2-3ца кои имаат директен финансиски бенефит од тоа што се случува) е дека не треба да имате емоции за никој, освен за вас.
Во случајов емоциите треба да ви викаат дека со секој ден радост: како Украинците биле добро тренирани, како уште се држеле на фронтот и знаеле да пукаат со химарси и стингери, вие од џеб плаќате за истите.
Ако просечниот шваба почнува да пишти, и не е способен да издржи низ тоа што се случува/ќе се случува, може да си пресметаш како ќе биде на просечниот Македонец.
Да се вратам на приказната, целата игра во случајов е време. Колку подолго ја задржи војната, толку побрзо ќе ја порази цела Европа, не треба да ви фрли нуклеарка и да ја реши за 2 секунди, туку да ве држи вака уште една цела година и да ви го крахира целиот финансиски систем. Низ Германија веќе се затворија компании со по 5000 вработени, илјадници мали бизниси кои хранеле цела фамилија отидоа/ќе одат под катанец оти нема да извадат ни за струја.
Околу Украина, жал ми е кога ги гледам дека се ненормални, али треба итно да почнат да читаат што се случуваше на Балканот за време на Југославија. Она што може да им го реши нивниот проблем е нов „Тито“. Лик што ќе биде доволно префриган да игра со сите, и да ја зајакне својата држава до степен народот да седи и да придонесува внатре. За среќа или жал, имаат одлична територија од поглед на природни богатства, но лоша местоположба.
Околу Македонија, државата имаше шанса да профитира и во „матното“ да грабнете некој од инвеститорите кои бегаа од Украина и Русија, ама за жал со телиња на чело само си стварате непријатели.
Спремајте се оти доаѓаат многу заебани времиња (иако мислам си на државно и кур те боли во моментов), ќе видиш како платата од 500че нема да стига ни за храна од 2 недели, а она што е најстрашно е ако падне Европа во Македонија целиот финансиски систем ќе отиде во була.
Следува нов начин на војување, и нова стратегија на војување. Минатите 2 години беа со вирус, овој пат е со уништување на економијата и со користење на енергенсите како оружје за масовно уништување, a догодина ќе биде нешто друго.