Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    747
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.494
Поени од реакции
18.517
Пригозин и Кадиров стануваат најмоќни фигури во Русија. Секој со своја приватна армија и го држат сега Путин за мадиња, прашање е на време кога ќе почнат да ги рекетираат олигарсите во Русија, ако веќе не почнале.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Интересна колумна.


"Ова е рецепт за глобална војна
Доктор Стрејнџлав ликови, како зомбија што се издигнуваат од масовните гробници што ги создадоа низ целиот свет, повторно поттикнуваат нови кампањи на индустриско масовно колење. Нема дипломатија. Нема обид за решавање на легитимните поплаки на руската страна. Нема кочници за милитаризмот. Нема капацитет да се види светот од друга перспектива. Нема способност да се сфати реалноста надвор од границите на бинарната рубрика на доброто и злото. Нема разбирање за дебаклите што ги оркестрираа со децении.

КОЛУМНИСЛАЈДЕР
Од Александар Левески Објавено 06/10/2022 11:27:26

Студената војна, од 1945 до 1989 година, беше дива Баханалија за производителите на оружје, зa Пентагон, ЦИА, за дипломатите кои се надигруваа на светската шаховска табла, како и за глобалните корпорации кои умееја да ограбуваат, изедначувајќи го предаторскиот капитализам со слободата. Во име на националната безбедност, студените воини, многумина од нив самоидентификувани либерали, ги демонизираа оние кои се спротивставија на постојаната милитаризацијата на американското општество, како мекотели во поглед на комунистичката опасност.
Затоа сега ја воскреснуваат Студената војна.

Одлуката да се отфрли можноста за мирен соживот со Русија на крајот на Студената војна беше едно од најзастрашувачки злосторства на крајот на 20 век. Опасноста од провоцирање на Русија беше универзално разбрана, вклучително од различни политички елити како Хенри Кисинџер и Џорџ Ф. Кенан.

Оваа провокација, прекршување на ветувањето дека НАТО нема да се проширува надвор од границите на обединета Германија, значеше примање на Полска, Унгарија, Чешка, Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка, Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Македонија. Оваа измама беше надополнета со одлуката да се стационираат војници на НАТО, вклучително и илјадници американски војници, во Источна Европа, што е уште едно прекршување на договорот на Вашингтон и Москва. Руската инвазија на Украина, што можеби е цинична цел на западната алијанса, сега го зацврсти проширувањето и воскреснувањето на НАТО и неконтролираниот милитаризам. Господарите на војната можеби се во екстаза, но потенцијалните последици, вклучително и глобалниот пожар, се застрашувачки.

Мирот е жртвуван во име на глобалната хегемонија на САД. Жртвуван е за милијарди профити на индустријата за оружје. Мирот можеше да пружи шанса ресурсите да се инвестираат во луѓе, а не во системи за контрола. Можеше да ни овозможи да се справиме со вонредната климатска состојба.
Американците френетично се вооружуваат, ни се заканува нуклеарна војна. Русите се подготвуваат за најлошото, правејќи сè за најлошото да се случи.

Па што ако Амазон ја достигне својата пресвртна точка кога дрвјата ќе почнат масовно да умираат. Па што ако ледените пространства почнат да се топат многу побрзо од предвиденото. Па што ако температурите се зголемуваат, ураганите, поплавите, сушите и шумските пожари ја опустошат земјата. Соочени со најтешката егзистенцијална криза што го погоди човечкиот вид и повеќето други видови на Земјата, владејачките елити поттикнаа конфликт што ја зголемува цената на нафтата и вклучи турбо на екстракцијата на фосилни горива. Тоа е колективно лудило.

Инсистирањето на долготраен конфликт со Русија и Кина ќе има контраефект. Очајнички се напорите постојаното губење на економската доминација на САД да бидат неутрализирани со воена доминација. Ако Русија и Кина можат да создадат алтернативен глобален финансиски систем, кој нема да го користи американскиот долар како светска резервна валута, тоа ќе сигнализира колапс на американската империја. Вредноста на доларот нагло ќе опадне. Државните обврзници, кои се користат за финансирање на огромниот долг на Америка, ќе станат главно безвредни. Финансиските санкции што се користат за осакатување на Русија ќе бидат механизмот кој ќе ја осакати Америка, ако прво не се поубиеме во термонуклеарна војна.
Вашингтон планира да ја претвори Украина во Чеченија или во стариот Авганистан, кога администрацијата на Картер, под влијание на шаманот за национална безбедност Збигњев Бжежински, ги опреми и вооружи радикалните џихадисти кои ќе се претворат во Талибанци и Ал Каеда во борбата против Советите.
Тоа нема да биде добро за Русија. Тоа нема да биде добро за САД. Тоа нема да биде добро за Украина, бидејќи за да прокрвари Русија, ќе требаат реки украинска крв.

Одлуката да се уништи руската економија, да се претвори украинската војна во жив песок за Русија и да се урне режимот на Владимир Путин, ќе ја отвори Пандорината кутија на зла. Масивниот социјален инженеринг – погледнете ги Авганистан, Ирак, Сирија, Либија или Виетнам – има своја центрифугална сила. Ги уништува оние што глумат Бог.
Украинската војна ги замолкна последните остатоци на левицата. Речиси сите вртоглаво се пријавија за големата крстоносна војна против најновото олицетворение на злото, Владимир Путин, кој, како и сите амерички досегашни непријатели, стана новиот Хитлер.

САД ќе дадат 13,6 милијарди долари воена и хуманитарна помош за Украина. ЕУ се реконфигурира со 5.000 лица од силите за брзо распоредување. За прв пат по Втората светска војна, Германија масовно се вооружува, нејзиниот нов воен буџет е двојно поголем од стариот буџет, со најава дека дополнително ќе го зголеми, што нејзината војска, од седма ќе ја направи трета најголема во светот, зад Кина и САД. Борбените сили на НАТО се удвојуваат во балтичките земји. Се испраќаат и во Романија и Словачка. Вашингтон го удвојува бројот на американски војници стационирани во Полска. Шведска и Финска размислуваат да се откажат од својот неутрален статус за да се интегрираат во НАТО.
Ова е рецепт за глобална војна. Историјата, како и сите конфликти и војни покажаа дека кога се зазема милитантен став, малку е потребно за да се запали погребната клада. Една грешка. Едно пречекорување. Едно воено коцкање вишок. Една провокација вишок. Еден чин на очај.

Руската закана дека ќе ги нападне конвоите со оружје за Украина од Запад; нејзиниот воздушен напад на воена база во западна Украина, на 20 км од полската граница, која е област за организирање на странски платеници; изјавата на полскиот претседател Анджеј Дуда дека употреба на оружје за масовно уништување, на пример хемиско оружје, од страна на Русија против Украина, ќе биде „гејм ченџер“ што може да го принуди НАТО да ја преиспита својата одлука да се воздржи од директна воена интервенција – сето тоа се застрашувачки настани што ја туркаат Алијансата поблиску до отворена војна со Русија.
Штом ќе се распоредат воените сили, дури и ако тие наводно се во одбранбена положба, стапицата е поставена. Потребно е многу малку за белја. Огромната воена бирократија, кога ќе почне да се движи, станува незапирлива. Тоа не се движи по логика, туку со бескраен процес на „акции и реакции“, како што дозна Европа во двете светски војни.

Моралното лицемерие на САД е запрепастувачко. Злосторствата што Русија ги извршува во Украина се во иста или поголема мера видени како злосторства извршени од Вашингтон на Блискиот Исток во последните две децении, вклучувајќи го и чинот на „превентивна војна“, што според законите по Нирнберг е криминален акт на агресија. Ретко ова лицемерие се разоткрива толку како кога амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд порача: „Видовме видео снимки од руските сили како преместуваат исклучително смртоносно оружје во Украина за кое нема место на бојното поле. Тоа вклучува касетна муниција и вакум бомби кои се забранети според Женевската конвенција“. Само неколку часа подоцна, официјалниот запис од нејзината забелешка беше изменет со зборовите „ако тие се насочени против цивили“. Тоа е затоа што САД – како и Русија – никогаш не го ратификуваа Договорот за конвенција за касетна муниција, редовно користат касетна муниција. Ја користеа во Виетнам, Лаос, Камбоџа и во Ирак, а на Саудиска Арабија ѝ доставија за употреба во Јемен. Русија допрва треба да се приближи до билансот на загинати цивили од касетна муниција испорачана од американската војска.

Сега овие доктор Стрејнџлав ликови, како зомбија што се издигнуваат од масовните гробници што ги создадоа низ целиот свет, повторно поттикнуваат нови кампањи на индустриско масовно колење. Нема дипломатија. Нема обид за решавање на легитимните поплаки на руската страна. Нема кочници за милитаризмот. Нема капацитет да се види светот од друга перспектива. Нема способност да се сфати реалноста надвор од границите на бинарната рубрика на доброто и злото. Нема разбирање за дебаклите што ги оркестрираа со децении. Нема капацитет за сожалување или каење.
Елиот Абрамс работеше во администрацијата на Реган од 1981-89. Тој ги прикри злосторствата и масакрите извршени од воените режими во Ел Салвадор, Гватемала, Хондурас и од силите на Контрата, поддржани од САД, кои се бореа против сандинистите во Никарагва. Тој жестоко ги нападна новинарите и групите за човекови права како комунисти или петтоколонаши, нарекувајќи ги „неамериканци“ и „непатриоти“. Беше осуден поради лажење на Конгресот за неговата улога во аферата Иран-Контра. За време на администрацијата на Џорџ В. Буш, лобираше за инвазија на Ирак и се обиде да организира американски државен удар во Венецуела за да го собори Хуго Чавез.

Истиот тој, денес како угледен член на Советот за надворешни прашања, ќе напише:
„Нема да постои супститут за воената сила, а ние ја немаме доволно. Сега треба да биде кристално јасно дека поголем процент од БДП ќе треба да да се троши за одбрана. Ќе ни треба повеќе конвенционална сила во бродови и авиони. Ќе треба да ги парираме Кинезите во напредната воена технологија, но на другиот крај од спектарот, ќе ни требаат и многу повеќе тенкови, ако треба, да стационираме илјадници во Европа, како што правевме за време на Студената војна. Идеите да се намали нашиот нуклеарен арсенал или да се спречи неговата модернизација секогаш беа лоши идеи, но сега, кога Кина и Русија го модернизираат своето нуклеарно оружје, таквите ограничувања треба целосно да се напуштат. Нашиот нуклеарен арсенал ќе треба да се модернизира и прошири така што никогаш нема да се соочиме со закани какви што сега ги прави Путин“.

Путин влезе во орото на воената индустрија. На милитантите им го даде тоа што сакаат, ги исполни нивните најлуди фантазии. Сега нема да има пречки на маршот до Армагедон. Воените буџети ќе се зголемат. Нафтата ќе шика од земјата. Климатската криза ќе се забрза. Кина и Русија ќе ја формираат новата „оска на злото“. Сиромашните ќе бидат заборавени. Патиштата ќе бидат закрчени со очајни бегалци. Сите несогласувања ќе бидат предавство. Младите ќе бидат жртвувани за уморните приказни за слава, за чест и татковина. Ранливите ќе страдаат и ќе умрат. Единствените вистински патриоти ќе бидат генералите, воените профитери, опортунистите, дворјаните во медиумите и демагозите кои молат за што повеќе крв. Трговците со смртта владеат како богови од Олимп.

А ние, преплавени од страв, опиени од војна, зафатени од колективната хистерија, навиваме за сопственото уништување.
(Фејсбук статус на авторот) "
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
На двете страни има недостатоци тоа е јасно. Но еве отвори ТИМЕ МК, да прдне Шојгу и сите медиуми до еден - готово е, се распадна Русија.
Зеленски да стави видео кај што шмрка никој нема да објави ако не е позитивна вест.
Од двете страни има страшна пропаганда, вистината на крај ќе се види.
У принцип на тлото на Украина се борат две екс.советски армии (некогаш биле едно)...
Исто/слично оружје, советски тенкови, транспортери, хеликоптери, авиони... Секако Украинците добија и западно оружје, но сепак генерално во мнозински аспект се борат со советско оружје. Па дури и грото од државите кои годинава и донираа воена техника на Украина станува збор за советска воена техника уште од времето на студената војна. Државите кои произлегоа од поранешната СФРЈ, како и државите членки на некогашниот Варшавски пакт иако се во НАТО сеуште поседуваат југословенско односно советско оружје и воена техника која сега имаат шанса да ја расчистат од своите воени магацини, касарни и складишта подарувајќи и ја на Украина !
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.380
Поени од реакции
43.192
У принцип на тлото на Украина се борат две екс.советски армии (некогаш биле едно)...
Исто/слично оружје, советски тенкови, транспортери, хеликоптери, авиони... Секако Украинците добија и западно оружје, но сепак генерално во мнозински аспект се борат со советско оружје. Па дури и грото од државите кои годинава и донираа воена техника на Украина станува збор за советска воена техника уште од времето на студената војна. Државите кои произлегоа од поранешната СФРЈ, како и државите членки на некогашниот Варшавски пакт иако се во НАТО сеуште поседуваат југословенско односно советско оружје и воена техника која сега имаат шанса да ја расчистат од своите воени магацини, касарни и складишта подарувајќи и ја на Украина !
да би сакале да ја расчистат до сега би ја расчистиле и би ја продале за старо железо. Воена опрема не се прибавува така лесно и ефтино.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
Да, има 2 многу добри видеа што ги гледав сабајлево.

Едното е 3-4 хамвиња јуришаат кон Руските сили а пред нив паѓаат гранати од артилерија.

2ро видео е заседа на украинско бмп , во момент го погодуваат 2 рпг од Руски војници,сите војници преживеале само возачот со 2ор степен изгореници се добил.
Јас гледав едно напето видео со репортер од BBC директно од воена зона. Метци зујат, гранати летаат, артилерија меле, ама храбриот репортер известува и покрај се... И тогаш една бабичка влезе во кадар и ја заеба работата. :unsure:



Автоматски споено мислење:

Извори за што, за афганистанската војна? Срамота е бе ванлок наредно што е кога ќе речам денски е надвор ќе ми речеш извори?
Voila

Донбаски универзитет кредибилен извор е или и него сатанистите амерички го компромитираа? :icon_lol:
http://donbassla.ru/informaciya-ob-afganskoy-voyne-stena-pamyati



https://urokiistorii.ru/school_competition/works/i-lish-pamjati-tonkaja-nit-nas-uvodi-2


https://dic.academic.ru/dic.nsf/ruwiki/95722

Доста ти се или уште сакаш?
па не знам тоа што во 6 месеци поставија рекорд во death toll после втора светска војна ако не е трагично не знам што е за тебе трагично
5-10% од професионалната армија имаат изгубено до сега
1000 и кусур тенкови
преку 1500 оклопњаци
40тина најмодерни авиони
50тина хеликоптери
бог знае колку транспортни возила
и флагшипот на црноморската флота
доведени се до мобилизација и збирање луѓе по затвори
и секој трет ден се закануваат со нуклеарки
и сето тоа за само 20% од украинската територија над дел од која веќе имаа контрола
ова ако не е ебана трагедија не знам што е
Автоматски споено мислење:


не гинат и едни и други
до сега имаат загинато
0 нато војници
и уништени се
0 абрамси и леопарди
0 Ф16ки, Миражи, Ф35ки, Ф15ки, А10ки, Предатори
и се бомбардирани 0 градови на нато и 0 нато села
расселени се 0 граѓани на нато земји
А мор’ Еди, абе заебан еден. Каква бе војна во Авганистан, какви бакрачи... ИЗВОР ЗА СЕГАШНИТЕ РУСКИ ЗАГУБИ!
Ти барам извор тебе и на таквите како пиратик, од каде ви се информациите за сегашните руски загуби. Од ВВС да не ги земате податоците? :unsure:
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Јас гледав едно напето видео со репортер од BBC директно од воена зона. Метци зујат, гранати летаат, артилерија меле, ама храбриот репортер известува и покрај се... И тогаш една бабичка влезе во кадар и ја заеба работата. :unsure:



Автоматски споено мислење:




Еди, абе заебан еден. Каква војна во Авганистан, какви бакрачи... ИЗВОР ЗА СЕГАШНИТЕ РУСКИ ЗАГУБИ!
Од ВВС да не ги зема податоците? :unsure:
Џабе се јаде гомна по твитеров еве погледни го цело видео и кажи дали е лажно ?
Не сум верувал дека има толку многу ботови по твитер ама очигледно има. Sheep mentality никој не проверува ништо ама BBC фејк њус ширело. Изгледај го цело и пиши...



 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
Џабе се јаде гомна по твитеров еве погледни го цело видео и кажи дали е лажно ?
Не сум верувал дека има толку многу ботови по твитер ама очигледно има. Sheep mentality никој не проверува ништо ама BBC фејк њус ширело. Изгледај го цело и пиши...
ВВС? Фејк њуз??
Се разбира дека не! На таков парагон за објективно известување не смее да се хули. ;)




 
D

Deleted member 53418

Гостин
ВВС? Фејк њуз??
Се разбира дека не! На таков парагон за објективно известување не смее да се хули. ;)




Како вмровските ботови си по нетов. Имам едно чичко 3 пати у живот го имам видено хард кор дпмне веруваше дека Грујо ја бранел Македонија од Албанците иди убеди го и тебе така невозможно е...
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Јас гледав едно напето видео со репортер од BBC директно од воена зона. Метци зујат, гранати летаат, артилерија меле, ама храбриот репортер известува и покрај се... И тогаш една бабичка влезе во кадар и ја заеба работата. :unsure:



Автоматски споено мислење:




А мор’ Еди, абе заебан еден. Каква бе војна во Авганистан, какви бакрачи... ИЗВОР ЗА СЕГАШНИТЕ РУСКИ ЗАГУБИ!
Ти барам извор тебе и на таквите како пиратик, од каде ви се информациите за сегашните руски загуби. Од ВВС да не ги земате податоците? :unsure:

Еве ти го видеото друже. Старо е ова уште од Март кога Русите го гранатираа Киев. Од местото каде наводно известува имало заглавено цивили што се евакуираат и во самата репортажа ги спомнува и цивилите и кучињата. Не е како демек тие не требало да бидат у кадар па случајно улетале и ја заебале работата.

Моментот е пред 2та минута.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.608
Поени од реакции
35.453
(шшшш’т, не ја расипувај забавата)

Ахем, немам јас гугл акаунт. Не можам да отварам јутјуб видеа што не се достапни без логирање.
За ова видео не мора логирање:

Плус:
 
D

Deleted member 53418

Гостин
(шшшш’т, не ја расипувај забавата)

Ахем, немам јас гугл акаунт. Не можам да отварам јутјуб видеа што не се достапни без логирање.
За ова видео не мора логирање:

Плус:

Немаш гугл акаунт ?
 
Член од
16 октомври 2020
Мислења
2.626
Поени од реакции
5.558
Прегледај го приврзокот 347393

This image of an emaciated Muslim caged behind Serb barbed wire, filmed by a British news team, became a worldwide symbol of the war in Bosnia. But the picture is not quite what it seems. German journalist Thomas Deichmann reveals the full story


Toa za BBC e obichna rabota.
Офтопик ама интересна статија за пропагандата на Запад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom