Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Културата и спортот не ја оправаат таа држава.Како почнало темата ќе биде само за менталитетот на Македонецот, нешто за кое горе-доле сите се согласуваме дека тие се основните црти на нашиот народ, но мене целта за дискусија ми е друга па ете некако да ја насочам во тој правец.
За да дојде до промени во менталитетот и функционирањето на општеството првите промени треба да дојдат од најосновното ниво а тоа е локалната власт, формирање на локални инцијативи кои ќе вршат постојан притисок врз својата локална власт, да се среди хигиената, еколошки акции, да се закрпат дупките по улиците а не возењето во град да ни биде ко да учествуваме на релито Дакар, да им се скратат трошоците за луксуз на градоначалниците, повеќе зеленила, спортски објекти, чисти шахти, повеќе акции од самите граѓани со кои тие самите ќе го подобрат своето живеење во своето населено место.
Имаме некој напредок во тоа поле но сме сеуште светлосни години назад од тоа какви треба да бидеме во оваа сфера.
Друго на пример е донесување на законска регулатива со која секоја компанија ќе биде обврзана 10% од својот профит да го инвестира во културата и спортот, посебно во младинскиот спорт и развивање на таленти, да се овозможат повеќе културни манифестации, концерти низ текот на годината а да не сме со два-три обиди од фестивали, посебно да се врати клупскиот спорт кај нас, пред се кошарката, ракометот, фудбалот, спортските успеси и на локално но и државно ниво и тоа како ја билдат самодовербата кај поединецот како дел од колективот, најдобар пример ни е фудбалот и победите над Германија и Италија.
Еве тоа е кратки црти за пример како би било пожелно да се водат дискусииве на темата, барем се надевам такви да бидат .
За брза промена е потребен огромен рестарт (банкрот, граѓанска војна), во спротивно ќе треба да чекаме уште 20-30 години (ако постои дотогаш) да се пензионираат генерациите кои беа полнолетни во транзицијата, и и ебаа мамицата на оваа држава.
Верувам дека младите се неколку чекори понезависни кога станува збор за партии, и дека голем дел се спремни да преземат ризици за инвестирање и излегување од затуцаниот комунистичко-социјалистички мајндсет дека државата ќе им го оправи животот, а тоа ќе помогне драстично да се изгуби силата на партиите, а воедно и на шиптаpската окупација.
Инаку брзи промени кои требаше да почнат уште вчера, ама ајде да кажеме дека има време треба да се:
- Македонската етничка заедница треба да има натпартиска сплотеност, или една партија за сите и конечно да се истисне шиптараната од власт. Се додека учките ви ја водат државата ќе оди само на полошо.
- Прекинување на сите можни преговори и заебанции кои трошат драгоцено време за интерни промени, и распродажба на работи кои не смеат да се пипнат.
- Трговска и бизнис комуникација со цел свет, а не само да чекаме да не оправат ЕУ (кои сами не можат да се оправат), или САД (кој е давеник кој пика под себе се можно само да остане на површина).
- Рестарт на сите институции, максимално брза дигитализација, намалување на админситрацијата и зголемување на продуктивоста. Брза преквалификација на тој кадар и носење во приватен сектор на се што сака да работи, останатото со среќа.
- Преквалификација на народот и подготовка на работна сила во индустрии кои може да се аутсорсираат за надвор, ништо подобро од извоз на сервиси/памет, а држење на кадарот дома.
- Работење на економската политика и привлекување на инвестиции на секој можен начин за кадарот кој е дома да има пристојни примања.
- Под итно средување на медицинскиот систем и враќање на тежината на образовниот, со ретардираните глупости и олеснувањата кои се направија ќе имаме само дудуци, а не квалитетен кадар.
- Последното кое тешко дека ќе се промени е промена на менталитетот на луѓето во поглед на корупцијата. Можеби ако имаме само дигитална валута, и се следи секоја трансакција би имале подобрување, иако секогаш постои опцијата поклони. Ова е огромен проблем насекаде, е дел од човековата природа и нема оправање, само намалување до прифатлив степен.
Пари има и сега, ама се испумпуваат кај лоповите и паразитите. Ако скратиш 100 000 администрација, тоа ти се и преку 100 милиони евра месечно пари од даноци (гледано бруто плата), на плати за паразити што не прават ништо.