Не велам дека се невини, криви се и СДСМ и ВМРО. Не ги делам, иста паричка со две лица се они. Прашувам кој да го гласаме, од кој основано може да се надеваме дека ке ги среди Арачиново и Шипковица со даноци, сметки, ке иде и ке му ја урне на тој од ДУИ дивоградбата на Шара....? Павле Трајанов? Лиле? Солза Грчева? Бачев? Апасиев? Стојанче Ангелов?.... Кој е на ниво на таа задача?
Види си самиот кои информации ги имаш до сега.
До сега има децении спроведување на истава политика од две партии.
Она што е веројатно, дека после две децении иста политика на ВМРО и СДСМ (по ова прашање), тешко е да се очекува оденаш двеве партии да речат - Еве од сега сите закони, казни, мерки, даноци и слични обврски ќе важат за сите исто, а не само каурите да плаќаат даноци и др.
Дали за Солза или за Павле или за некој трет, тоа исто така треба да ти е јасно и да е твоја одлука. Имаме изјави, реакции, активности... на сите тие по овие настани. А реакциите не се исти. На крајот од краиштата, добар дел од тие кои ги спомна се цело време у коалиција со СДСМ и ВМРО, односно со ДУИ. Добар дел од тие, од аспект на проектирање на политичка моќ (гласање во комисии и на многу други места), по ова прашање, не се ништо поразлични од СДСМ или ВМРО.
Нешто што не ја менува сликата, но сепак, е добро да се напомене, за атер на вистината, е фактот дека во однос на ВМРО, СДСМ нешто повеќе шитнаа од нашите права и слободи, за атер на албанските каприци, а во лична, партиска, дневнополитичка корист.
Секако, тоа никако не ги става ВМРО пред СДСМ, бидејќи имаат добар удел во предавањето на земјата во албански раце.
Инаку, можам листа да ставам на нешта кои ВМРО и СДСМ ги направија, а заради кои денес сме на вакво дереџе - ние да плаќаме све, а Албанците да земаат. Буквално. Инаку како ќе го објасниш фактот што на пример, ние ги плаќаме тие загуби кои ЕВН ги има поради крадење на струја?
(можеш да видиш од кои општини е 80% од кражбата)