Ајде паметна, еве објасни што менува прифаќањето на францускиот предлог? Никаде не стои дека во преговорите ќе прифатиме нешто што е на наша штета. Или ако стои нешто такво повели цитирај го.
Прво предлогот како таков не смееше да постои, а уште помалку да доаѓа од Франција, затоа што со години токму француската влада го кочи прифаќањето на државите од Западен Балкан во ЕУ. Франција сега предлага, Македонија да ги вклучи татарите како конститутивен народ во својата преамбула на Уставот, а од друга страна не бара реципрочен акт од Бугарија, каде македонското малцинство чека официјално признавање со децении назад.
Каков е тој предлог помеѓу две страни, од кои едната страна има само побарувања, а другата страна има само обврски за исполнување?
Од друга страна имаш поврзување на билатерален спор, за теми кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, со пристапните преговори. Ова би ја отворило вратата за уцена од постојните членки на ЕУ против земјите-кандидати, особено кога националистичките настроени влади поставуваат бизарни историско-политички барања – нешто што тие со задоволство го прават.
На дете од прво одделение му е јасно дека Македонија во ЕУ нема да влезе. Ние таму не сме пожелни. Наместо да им лижеме газ на секоја будала што не омаловажува може да си засукаме ракави и да си го средиме дворот, затоа што треба да ни биде јасно дека голтари никој не сака.
И на крај, престанете со тоа „што менува ова, што менува она“, затоа што МЕНУВА и тоа многу. Единствено на партиските полтрони не им е дозволено да размислуваат со сопствена лејка, туку им кажуваат во штаб што и како треба да мислат.