Имам две прашања за акции: 1. За сопственост и 2. За перење пари преку берзата.
Јас сум сопстевник на 200 акции во друштвото АД ХХ и тоа малцински.
Акциите на Друштвото се состојат од акциите од мнозинските акционери, акциите од малцинските акционери и сопствени акции на друштвото од 20% од главницата кои во друштвото останале уште од приватизацијата и сметам дека се заедничка сопственост на сите акционери.
Мнозински акционер (со преку 51% од акциите) е една фамилија од татко , мајка и два сина.
Од последниот консолидиран финансијски извештај за 2021 год., даден на увид во 2022 год., видов дека друштвото во 2021 год. ги продало акциите што се водат на име на друштвото и после пак во иста аколичина ги купило, за што во претходнатат година, со мнозинство гласови на Собрание на акционери, донел одлука да ги продаде на берзата за износ кој ќе биде еднаков на износот на добивката од претходната година.
Сметам дека ако сум сопственик на 200 акции запишани на мое име во акционерската книга во АД ХХ тогаш сум сопственик и на дел од заедничките акции запишани како сопствените акции на АД ХХ во акционерскста книга на АД ХХ.
За продажбата на мојот дел од акциите во сопствените акции на друштвото јас самиот не сум учествуал на берзата ниту пак некој сум ополомоштил во мое име да ги продаде ниту пак после некој да ги купи. Јас на берзата не сум располагал ни со мојот доел од добивката на душтвото АД ХХ со која ги купило акциите а ја има остварено во претходната година.
1.Прашањето за сопстениост е:
Како може некој во мое име да располага со моја сопственост на регулиран пазар као што е беразта и брокерски куќи, Центарлен регистар, нотари ..... ?
Дали, на ист начин, со донесување на одлука на собрание на акционери, ќе може утре – друг ден, мнозинскиот акционер да донесе одлука дака ги продава за еден денар и 200 акции запишани на мое име, а во купопродажбата јас воопшто да не учествувам?
Ваквата купопродажба на зедничка сопственост е незамислива кога се работи за купопродажба на недвижнина и кога се бара секој од заедничарите посебно нотарски да се изјасни за својата сопственост.
2.Прашањето за перење пари преку берзата за акции е:
Како ќе може државата да наплати данок од добивката од душтвото кога тоа, со своја одлука, одредува да се купи и продаде сопствени акции за износ на добивката и кога после тоа врши друго книжење со кое не исклажува добивка?
Кои средства за принуда и остануват на државата кога не е уплатен данок од било колкава добивка кога трансакцијата е остварена на легален-регулиран пазар. - берзата?
За контакт
dasty389@gmail.com