Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Moze da go navedesh clenot od protokolot sto vika deka nema nikakvi baranja za jazikot?
Овде го објаснуваат тој член и што значи.
 
Член од
15 февруари 2022
Мислења
120
Поени од реакции
156
Не го знам на памет, ама тоа е буквално една од главните теми на тој договор - дека нема никакви барања за јазикот.
Зошто би верувал дека не го има тоа во договорот и некој ги лаже сите кои репортираат за него?
Бугарија може нема никакви барања за јазикот. Сега.
Договорот не ја спречува на никаков начин тие барања да ги испорача при отворањето поглавја.

Тој збор клаузула која гарантирала за јазикот досега го имам сретнато употребен од Бујар Османи, Бојан Маричиќ и од тебе. Не верувам дека те познавам, ама не си во најдоверливо друштво.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Бугарија може нема никакви барања за јазикот. Сега.
Договорот не ја спречува на никаков начин тие барања да ги испорача при отворањето поглавја.

Тој збор клаузула која гарантирала за јазикот досега го имам сретнато употребен од Бујар Османи, Бојан Маричиќ и од тебе. Не верувам дека те познавам, ама не си во најдоверливо друштво.
Може да стави вето за што било. Овој договор само ни кажува што треба да направиме за да не ни стави вето. И штом го прифатила, тоа значи дека за јазикот нема да ни даде барање бидејќи договорот конкретно има член за јазикот.
Ако се одлучи да не го испочити договорот, ние ќе го одбиеме тоа барање. Ништо не не спречува и нас тоа да го направиме.
 
Член од
15 февруари 2022
Мислења
120
Поени од реакции
156
Овде го објаснуваат тој член и што значи.
Значи Бугарија практично ќе ја прифати изјавата на Северна Македонија за постоење на македонски јазик. Тоа е единствениот компромис од страна на Бугарија.
Тоа за тебе е недопрен јазик?

Најдолу во статијата имаш друг линк каде го има следното:
Прашањата што се поврзани со образование и историја се изедначуваат со прашањата што се од фундаментално значање на ЕУ, поглавјата 23 и 24 што се однесуваат на човекови права и владеење на правото.

Тоа значи дека барањата на Бугарија за негирање на македонскиот идентитет до 1944 година влегуваат во преговарачката рамка меѓу ЕУ и Македонија, а гаранциите што Софија ги бара од ЕУ ќе се ефектуираат со мониторирање од Европската комсија која ќе следи како ќе се одвиваат билатералните преговори меѓу Македонија и Бугарија.

Тоа значи дека Бугарија може во секој момент да стави кочница за на евроинтергративниот процес.
Што ја спречува Бугарија при поглавјата за образование да инсистира на конечно дефинирање на "клаузулата" за "нејаснотијата" каде двете страни изразиле различен став за нештото (што е дефиниција на нејаснотија)?
Автоматски споено мислење:

Може да стави вето за што било. Овој договор само ни кажува што треба да направиме за да не ни стави вето. И штом го прифатила, тоа значи дека за јазикот нема да ни даде барање бидејќи договорот конкретно има член за јазикот.
Ако се одлучи да не го испочити договорот, ние ќе го одбиеме тоа барање. Ништо не не спречува и нас тоа да го направиме.
Овој линк што го постира и вториот линк на крајот на статијата не го кажуваат истото што и ти.
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Значи Бугарија практично ќе ја прифати изјавата на Северна Македонија за постоење на македонски јазик. Тоа е единствениот компромис од страна на Бугарија.
Тоа за тебе е недопрен јазик?

Најдолу во статијата имаш друг линк каде го има следното:

Што ја спречува Бугарија при поглавјата за образование да инсистира на конечно дефинирање на "клаузулата" за "нејаснотијата" каде двете страни изразиле различен став за нештото (што е дефиниција на нејаснотија)?
Недопрен е во контекст на ветото. Овој договор не го решава конфликтот околу јазикот, се разбира, ама Бугарија прифатила да не го држи ветото за јазикот со цел да добие на други страни.
За каква нејаснотија збориш? И пак ти викам: овој предлог не спречува ништо. Може Бугарија да се предомисли и да и текне нешто трето и за тоа да стави вето. Ама ние ќе го одбиеме бидејќи сме го прифатиле овој предлог кој го гарантира јазикот, и се разбира Бугарија не би добила ништо од тоа.
 
Член од
15 февруари 2022
Мислења
120
Поени од реакции
156
@Shakespear, овој однос од Бугарија е полош и од тој на РФ кон Украина, минус оружјето кое го немаат бидејќи споредено со Русите се нула накај минус.Таа е реалноста.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Значи Бугарија практично ќе ја прифати изјавата на Северна Македонија за постоење на македонски јазик. Тоа е единствениот компромис од страна на Бугарија.
Тоа за тебе е недопрен јазик?

Најдолу во статијата имаш друг линк каде го има следното:

Што ја спречува Бугарија при поглавјата за образование да инсистира на конечно дефинирање на "клаузулата" за "нејаснотијата" каде двете страни изразиле различен став за нештото (што е дефиниција на нејаснотија)?
Автоматски споено мислење:


Овој линк што го постира и вториот линк на крајот на статијата не го кажуваат истото што и ти.
Како не го кажува? Мислам дека тебе што те збунува е дека овој договор не е воопшто законски ограничувачки како обичен договор. Буквално е само ветување кои двете страни можат да го одбијат ако некој не го исполни своето ветување.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.292
Поени од реакции
26.178
Како не го кажува? Мислам дека тебе што те збунува е дека овој договор не е воопшто законски ограничувачки како обичен договор. Буквално е само ветување кои двете страни можат да го одбијат ако некој не го исполни своето ветување.
Така ли ги разбираш ти меѓународните договори? Како ветувања? :D
 
Член од
15 февруари 2022
Мислења
120
Поени од реакции
156
Недопрен е во контекст на ветото. Овој договор не го решава конфликтот околу јазикот, се разбира, ама Бугарија прифатила да не го држи ветото за јазикот со цел да добие на други страни.
За каква нејаснотија збориш? И пак ти викам: овој предлог не спречува ништо. Може Бугарија да се предомисли и да и текне нешто трето и за тоа да стави вето. Ама ние ќе го одбиеме бидејќи сме го прифатиле овој предлог кој го гарантира јазикот, и се разбира Бугарија не би добила ништо од тоа.
Ок, имаме напредок.
Ако се прифати ова што не спречува ништо, колку ти е реално размислувањето дека некој некогаш ќе одбие било што понатаму?

Значи заклучок, се ова е за ДУИ-УДБА-СДС да прикаже "симболичен почеток" на преговори за влез во ЕУ?
 

Shakespear

Need moar drugs
Член од
25 јули 2015
Мислења
2.418
Поени од реакции
2.043
Така ли ги разбираш ти меѓународните договори? Како ветувања? :D
Не викам дека не се битни, ама овде зборите дека ако Бугарија ни побара да кажеме дека македонскиот е бугарски дијалект, ќе МОРА да го прифатиме ако го прифатиме предлогот, што воопшто не е точно за ваков предлог.
И се разбира ако Бугарија не го исполни ветувањето и побара нешто околу јазикот, ние ќе бидеме во добро светло на светска стаза барем.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom