Протестите се чисто губење на време, циркузијада, панаѓур, фолклор-патриотизам, народот искажувал мислење на улица, народот излегол, се побунил, го дигнал гласот, народот ова, народот она, народот вака, народот така... Се собрале таму некоја ситна боранија, тенка бројка на штаботоми, денгубаши, пензионери, старици и старчиња таму пред влада или пред собрание и готово е народот излегол бе... Па колку ли само протести се одржаа за ослободување на уставобранителите од 27ми кои добија дебели затворски казни за удрени 2-3 шамари и тегнење за коса...
Народецот едвај сврзува крај со крај, месецот не може да го помине, сметки да плати, да се прехрани ќе ти искачал на протести таму за некакви имагинарни глупости бе... го заболе народот и за идентитет и за историја и за Самоил и за Гоце и за Даме и за Јане и за Карев, да бидеме реални... Незнам зошто и воопшто се бламираат одредени партии и политичари да повикуваат на вакви ствари, за кои однапред се знае дека имаат ефект=0...