Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Член од
3 јуни 2018
Мислења
312
Поени од реакции
135
И башка логото ти е чудно сатанско....
Не дека сами православието е точно туку ти имаш заминато многу во неповрат
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Ајде идај назад
Ај следен пат научи се да ме цитираш и тука не е за муабет ваков, има приватни пораки за вакви офтопик муабети кои се наменети за член.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.250
Поени од реакции
5.495
Логика и старо-еонски религии не оди добро кога се работи за туѓите учења.
Имате омраза кон туѓоста, непријателски став кон „ближниот“ - кој реално не е ближен ако не е со вас, автоматски е зло.
Вакви муабети со тинејџери или млади луѓе кои сеуште се запознаваат со старите религии...
Да видиме што ни вели Писмото за новите/новоеоноките религии.

Стар Завет, Книга проповедник, 1.9:

„...Она што било пак ќе биде, и она што се правело пак ќе се прави-ништо ново нема под сонцето...„.

Нов Завет, Дела Апостолски, 4.12:

„...и во никој друг нема спасение; зашто под небото нема друго име дадено на луѓето, преку кое би можеле да се спасиме...„.

Откако видовме дека ем ништо ново нема под сонцето и ем освен името Христово друго не е спасоносно, што мислиш, од кај се појавија новоенските учења?...Што е ново во нив, кога нема ништо ново, освен првото Христово доаѓање?...

Пак те лажат комунистите...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Да видиме што ни вели Писмото за новите/новоеоноките религии.

Стар Завет, Книга проповедник, 1.9:

„...Она што било пак ќе биде, и она што се правело пак ќе се прави-ништо ново нема под сонцето...„.
Ништо ново, како и наназад и на форум и низ вековите, ми ги цитираш евреите, а потоа од новиот христијански завет кој што се базира на еврејската школа ми наоѓаш „потврда“.

Рабините кои го создаваат законот, кој што е основа на христијанската религија, не го препознаваат твојот месија. Тие се авторитет над законот на Аврам или христијанството кое се базира на еврејскиот закон и го модифицира?

Христијанството мислам дека нема авторитет над еврејската религија (никогаш немало иако од петни жили се обидува евреите да бидат виновни за сешто) и нивниот закон - не може да го толкувате вие како сакате и да барате оправдување и негирање на еврејскиот закон и да се обидувате да го израмните со нула.

Еврејските рабини ќе испаднат неуки и не си го знаат законот, но ете ги христијанските секти и мирјани, кои се разбраат во нештата на евреите и спознаа се и завршена приказна.
Тешко тоа... :coffee:

Ве лажат апологетите на старите религии за грст ваша надеж која ви треба да ве турка низ животот...
 
Не одолговлекувај кон други теми, туку прејди на прашањето; што е новото во новоенските религии? Како не ти текна да оставиш барем тероетска можност дека новоенските „у ствари„ се веќе видени и познати низ историјата, а денес се само рециклирани?

Што се однесува до рабините и нивниот авторитет, за тоа пишав пар реченици па не би се навраќал. Напросто кажано, сам Господ Исус им ја одзеде власта на еврејските свештеници и ја одзеде екслузивата од Јудеите да бидат „народ Божји„. Денес јудаизмот е сведен на секта која по бројност е споредлива со било кој денешен култ од типот на „преподобниот Мун„.
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.723
Поени од реакции
9.313
Следно прашање е зошто старите верувања, рутали и иницијации ги преставувате како измислени (и нормално се што може најлошо да се накалеми на истите), а вашето верување како христијани е факт, реалност на универзумот, богот на евреите е и ваш бог кој што верувате дека постои, верувате во стариот завет или тората... како е тоа можно?
Зевс, Пан, Аполон, Нептун итн итн се измислени, а вашиот бог преземен од еврејската тора е реалност и тоа реалност мора да биде за сите or else...

И пак ќе прашам: што е филмот и денес со постојано демонизирање и сатанизирање на туѓото еве како што правиш ти и многу други пред тебе на форумов, а и на други места по нетов? За да христијанството го преставувате како „светла точка“ која важи за сите? :coffee:
Напросто несфатливо ми е како не правиш разлика помеѓу митолошки ликови од човечката имагинација и Живиот Бог.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Напросто несфатливо ми е како не правиш разлика помеѓу митолошки ликови од човечката имагинација и Живиот Бог.
Несфатливо ми е мене како вие не разбирате дека нема жив или мртов бог и дека се што зборуваме за религиите е човечка имагинација.
Ти имаш имагинација, јас, друг, трет...

Која е таа волшебна идеја што ја влечкате со вас и сите други туѓи идеали вие ги сметате за погрешни, мртви, дури и како зло ги претставувате?

Која матрица ја имате во главите за да сеуште ми доаѓате и ми зборувате вакви гадости и навреди за туѓите верувања, ритуали и иницијации?
Автоматски споено мислење:

Абе Исус се одзема, се реши на Земјата ете кај сме сите одлични.
Твоето верување не е факт, верување е. Престани да зборуваш како да си бил присутен и имаш докази за нештата...

Верувај и туркај си животот, нормално намали со сатанизирање и барање непријател за да има смисла твојата религија.

Денес се е сведено на секти и политика од старите религии, закопани во земски ствари.

И тоа е добро. :coffee:
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.250
Поени од реакции
5.495
Абе Исус се одзема, се реши на Земјата ете кај сме сите одлични.
Твоето верување не е факт, верување е. Престани да зборуваш како да си бил присутен и имаш докази за нештата...

Верувај и туркај си животот, нормално намали со сатанизирање и барање непријател за да има смисла твојата религија.

Денес се е сведено на секти и политика од старите религии, закопани во земски ствари.

И тоа е добро. :coffee:
Моето верување, преточено од учење во дело, станува факт.

Туку, што бидна со новоенските религии? Кој ги објави? Од кога постојат? Што нудат? Кои се нивните богови?...
 
Член од
4 август 2018
Мислења
1.576
Поени од реакции
3.371
Моето верување, преточено од учење во дело, станува факт.

Туку, што бидна со новоенските религии? Кој ги објави? Од кога постојат? Што нудат? Кои се нивните богови?...
Добри прашања,на место..и ја би сакал да го слушнам одговорот да поднаучам нешто...целиот сум претворен во "cloud" празен од неколку тера кој чека да се напуни со тазе информација...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.319
Поени од реакции
12.334
Моето верување, преточено од учење во дело, станува факт.

Туку, што бидна со новоенските религии? Кој ги објави? Од кога постојат? Што нудат? Кои се нивните богови?...
Не треба да зборуваш ти за твоите дела, треба друг да ги види твоите дела... твоето верување, е твоја работа. Верувањето не може да биде реалност ако не е искуство, посебно во светите книги завиткани во алегории и симболи...
И за тоа ќе се учиме сеуште дека светите книги не се полни со историски факти, туку се користат за да се сокрие битна порака од луѓе кои може да ја злоупотребат моќта која доаѓа преку нејзе...
Тоа ќе се учиме? Мислам дека и тоа треба...

Цела тема има за Телема, ако мислеше на Телема (новиот еон содржи многу нови учења кои се испреплетуваат со своите пракси но основата им е иста), имам блог (не е ништо посебно, но се наоѓа понешто) ... фати прочепкај, не бесцелно е пишувано таму и пробано да се објасни (ќе се најде по нешто помеѓу тони сарказам и омраза што идеше таму во минатото од страна на припадници на старите религии). Ете како @Лаик кој што е старо-нов член, сарказмот некако му легна како идеја дека е алатка за муабетење :) Нема потреба од тоа друже.

Не знам за новоеонски религии јас, знам за нов закон, нов еон, нови искушенија, нови искуства... :coffee:

П.С. И реков дека не знаете за туѓото, не ве интересира, но од петни жили заради верувањето свое го омаловажувате и негирате туѓиот идеал кој што го води низ животот!
Кој ви го дава вам на христијаните тоа право? Христос? Пак треба да го распнуваме ние како човештво за да ви дојде умот во однос на минливоста и симболите?

Што напнувате со догмата која не може да биде за целото човештво, нема слобода, нема ништо за некои луѓе таму...?
Тоа ги прави злобни и непотребни според вас? Кај сте тргнале со тој ум... „жив бог“, „жива црква“. другото запишете умрено - бидејќи христијанскиот верник така му проповедаат поповите на литургии...

Зарем до толку сте одделени од нас?

Кој его трип е тоа и кое е ова ваше фантазирање дека сме X век и попот е најбитното нешто во селото?
 
Последно уредено:

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
5.250
Поени од реакции
5.495
Не знам за новоеонски религии јас, знам за нов закон, нов еон, нови искушенија, нови искуства... :coffee:
Без да чепкам и арчам време низ темиве по форумов, дај во 2-3 прости реченици наведи барем пар од тие нови закони, еони, искушенија...нешта на кои никој не се досетил во минативе пар илјади години човеково постоење на Земјава.

А биди сигурен дека со леснотија ќе ги препознаам и разликувам-нови ли се или веќе се видени.

До денес, ништо ново нема под Сонцето, освен првото Христово доаѓање...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom