M
Muranyi
Гостин
Поштувам ова. Само дали знаете некоја книга за ова на македонски или српско-хрватски јазик?
http://www.alexanthorn.com/knjige/download/knjiga_dao.pdf
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Поштувам ова. Само дали знаете некоја книга за ова на македонски или српско-хрватски јазик?
За да ја најдеш вистината, нема потреба да излегуваш надвор од собата.
Нема потреба да ја отвориш вратата, нема потреба ни да ги отвориш очите
– бидејќи вистината е твоето битие.
За да знаеш за учењата на Тао и практичното на кинеската философија, мора да ги читаш кинеските класици и дамнешни мајстори. Нормално и нивните коментари и објаснувања за таа философија.Синкот со Тао треба да се доживее, џабе пишувате за тоа.
Таоизмот е философија на спонтано живеење, тоа е мод, има многу природни таоисти кои не ни чуле за Лао Це а ќе ти кажат многу за тоа и пак џабе ако и ти не си таков. Тао се осознава, буквално е џабе да читаш било шо за тоа.За да знаеш за учењата на Тао и практичното на кинеската философија, мора да ги читаш кинеските класици и дамнешни мајстори. Нормално и нивните коментари и објаснувања за таа философија.
Освен ако за Тао знаеме преку њу ејџ западни објаснувања, тогаш - во ред. Не ти треба читање, само дишеш и Тао минува преку тебе и ти си Тао и не дејствуваш, а создаваш и поттикнуваш итн итн со целиот романтизам
Не е само Tao Teh Ching цитати вадење и „ние како си мислиме“ дека се нештата за толкување![]()
Не. Не постојат „природни таоисти“. Тоа е некоја нова кованица?Таоизмот е философија на спонтано живеење, тоа е мод, има многу природни таоисти кои не ни чуле за Лао Це а ќе ти кажат многу за тоа и пак џабе ако и ти не си таков. Тао се осознава, буквално е џабе да читаш било шо за тоа.![]()
Пристапот кон мудроста на некоја философија, во овој случај Таоизмот како кинеска философија е во книгите. Не може да знаеш за таоизмот и Тао ако не си прочитал ништо од кинеските класици... ако не знаеш ништо за историјата кога се напишани тие учења (ако се достапни тие нешта)......пристапот кон секоја мудрост и философија е индивидуален,но многу забегување во книгите не е ниту предност а уште помалку гаранција за еден живот во баланс и мир со себе
...животот е философија-философијата е насока за животот
Хепта ова е твојот проблем, мислиш дека знаеш дури и за работи шо не се твој домен. Ја сум Таоист, живеам интуитивно и се оди како треба . И ја гледам дека нити ти нити Алф имате појма шо е тоа, се нешто цитирате а суштината ви е промашена. И сега место да ме прашаш како до синкот со Тао, флоуто ти ќе ми одржиш лекција шо како.Не. Не постојат „природни таоисти“. Тоа е некоја нова кованица?
Нема да ми кажат ништо за кинеската философија и таоизмот, туку ќе мешаат сешто површно од секаде собрани нешта, измешани со њу ејџ фрази и „сопствени толкувања“ бидејќи тие нели - „природни мистици и таоисти“.
Тоа е лесно да се прави со „толкување по мое“, но е лага, измислица и нема ништо содржина во сето тоа ако не се познава основата, обично „прераскажување“ и мешање на различни идеи кои навидум се поврзуваат со Тао.
Ќе ми бладаат со њу ејџерски жаргони кои немаат ништо со таоизмот и кинеската философија. Кинеската философија има структура слична на еврејскиот мистицизам... се витка само на одредени оски, на одреден начин, кои мајсторот знае добро да го прави тоа преку пракса, како и колку....
И не е џабе читањето. На многу места зборувам постојано дека мора да се знаат хиероглифите на мајсторите кои сакаме да ги надминеме или да им ги применеме системите кои ги создале низ времињата, дури и да ги унапредиме.
Без познавање на нештата, само мрзливи зборуваат за вакви нешта како „природни таости“, „природни христијани“, „природни Телемити“...
Не може без читање да се знае за нештата од минатото и разните учења. Не може да знаеш за философијата на таоизмот ако не си прочитал 2 реда за тоа...
Сето ова е лага што го пишуваш, намерна или од непознавање на нештата или за да се вклопат во твојот видокруг ...
П.С. Толкувањето на свети книги и учења од дамнина е пракса која доаѓа од учењето на Телема, каде што стои дека не може јас или било кој друг за тебе да ги толкува светите книги, ниту пак ти си повикан некому да му толкуваш свети книги!
Така да кога ќе се повикувате на тоа „толкување и свое објаснување на нештата“ - сетете се на Телема и новиот еон
Автоматски споено мислење:
Пристапот кон мудроста на некоја философија, во овој случај Таоизмот како кинеска философија е во книгите. Не може да знаеш за таоизмот и Тао ако не си прочитал ништо од кинеските класици...
Од блогови и форуми е доволно „ да се пристапи“ кон таоизмот? Ќе замижиме за 5 мин и тоа што ќе ни дојде во умот, тоа е таоизмот и Тао?![]()
Не, не си.Хепта ова е твојот проблем, мислиш дека знаеш дури и за работи шо не се твој домен. Ја сум Таоист, живеам интуитивно и се оди како треба . И ја гледам дека нити ти нити Алф имате појма шо е тоа, се нешто цитирате а суштината ви е промашена. И сега место да ме прашаш како до синкот со Тао, флоуто ти ќе ми одржиш лекција шо како.![]()
Хепта ти знаеш само теорија, не знаеш пракса. За таоизам прво треба да се стане способен, кунг фу мастер кога зема ученик прво го вежба вода да носи, дрва, да удира цел ден, не му дава книги да чита.Не, не си.
Може да се лажеш дека си, но по разговорите до сега, ти не знаеш ништо од таоизмот - но, ако ти е во ред да се лажеш себе си, слободно може да кажуваш и дека си христијанин или муслиман, само немој мене да ме лажеш.
Тоа не е добро.
Ако ти е добро во средиштето на твојот универзум да се убедуваш дека јас или било кој немаме поима за нештата, нека ти биде... само нека биде мир.
Не сечиј универзум ги разбира ротациите и пермутациите на тао и 64-те хексаграми на Ји Чинг
Тебе лекција да ти одржам? Па како можам лекција да ти одржам кога тебе ти е преполна чашата со Тао?
Не, не мислам да те подучувам ништо, само не дозволувам да ме лажеш, бидејќи немаш потреба од тоа...
Јас и порано сум кажал: ќе бидам во грешка и ќе прифатам дека немам поима за било што, ако знам дека премногу би кажал работи кои сметам дека не се за кажување по форуми, ако навлезам да се докажувам со некој кој што зборува за таоизмот и „природни таоисти“ или сегашните sun gazing момците кои мислат тоа е тао, без читање туку само со „живеење“.
Штом велиш дека немам поима, ете - немам![]()