Secret Movie Writer

Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Продолжува серија љубовни филмови за мене :icon_lol: (ако може да се класифицира овој така)


Интересно, како многу мал го иам глеано и ме има исплашено сцената кога го оживуваат Вестли. Тие мажот и жената вештери ми беа страшни:pos:. Во секој случај ништо не памтев, и филмот е поинтересен него што очекував. Има доста култни реплики, интересни ликови и актери (Andre the Giant пример).
За дејствието на кратко, станува збор за приказна што дедото му ја раскажува на внукот а нас ние претставено визуелно. Приказната е она, клише сетинг со принциови и витези, на моменти делува како пародија меѓутоа е интересна и вреди да се изглеа.

Од тоа што прочитав, книгата била нешто специфична, имала некој нов концепт на пишување воведено (приказна во приказна нели) ама не верувам да ја читам некогаш.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Од тоа што прочитав, книгата била нешто специфична, имала некој нов концепт на пишување воведено (приказна во приказна нели) ама не верувам да ја читам некогаш.
Оу, не! Приказна во приказна концептот постои од Ренесансата, ако не и порано. Од тоа јас што знам првата таква книга е Декамеронот на Бокачо.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
Зашто брат? Баш ќе ни фалат твоите 6.2 рејтинг предлози за кои ќе се налутиш ако некому не му се свиѓаат. :kafence:
Не разбирам. Не е поентата да ми се свиѓа филмот.
Добиваш филм, каков е таков е. Гледај го и оцени го.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.315
Поени од реакции
18.398
Оу, не! Приказна во приказна концептот постои од Ренесансата, ако не и порано. Од тоа јас што знам првата таква книга е Декамеронот на Бокачо.
Аха. Така го разбрав, прочитав нешто на кратко дека има вовел специфичен наративен елемент во книгата. Anyway ако ја има некој читано книгата може да разјасни :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Не разбирам. Не е поентата да ми се свиѓа филмот.
Добиваш филм, каков е таков е. Гледај го и оцени го.
Целата поента е да му се свиѓа филмот.

Кога купуваш поклон на некој не ти е целта да му се допадне поклонот на тој што му го подаруваш?

Тоа е темава, може да ти се свиѓа филмот или не, ама идејата е да ти најдат нешто што тебе лично би ти се допаднало. А ти, не знам, може кога купуваш поклон за некој може се водиш по премисата Еве ќе го тестирам на него усисивачов па ако е добар, ќе си го купам и јас после за мене, све бива.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.239
Поени од реакции
84.249
Целата поента е да му се свиѓа филмот.

Кога купуваш поклон на некој не ти е целта да му се допадне поклонот на тој што му го подаруваш?

Тоа е темава, може да ти се свиѓа филмот или не, ама идејата е да ти најдат нешто што тебе лично би ти се допаднало. А ти, не знам, може кога купуваш поклон за некој може се водиш по премисата Еве ќе го тестирам на него усисивачов па ако е добар, ќе си го купам и јас после за мене, све бива.
ok, ако е така
јас поинаку ја имам сфатено
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Едно големо извинување до мојот предложувач но не стасав да го гледам филмот до денес ради обврски. Ветувам ќе го изгледам најкасно за 2-3 дена па ќе пишам на темава.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Јас го добив The Little Prince и ќе пробам да напишам нешто и покрај тоа што сум жив заспан.
Истото мислење го имам како и пред 7 години, убав, топол, позитивен и оптимистички анимиран филм за негувањето на детето во сите нас и гледање на светот и животот со поинтересни очи од оние обичните и досадни возрасни очи.
Ми фалеше некој икс фактор за повеќе да ме поврзе и внесе, верувам дека тој постои во книгата.. за филмот 7 од 10.

Фала за предложувачот и нека не биде досаден возрасен :D
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.151
Поени од реакции
2.729
И јас се извинувам многу што не стигнав да го изгледам иако пред некој ден го почнав. Се надевам викендов дека ќе го изгледам. :oops:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.502
Ja se izvinjavam, ke pisam vo dogledno vreme denovive
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Јас победив на мајската санта и добив аниме. Моето дете исто така победи на месечнава санта, и доби аниме. Perfect match blue.

Perfect Blue е филм што одамна сакам да го гледам, а никако да се натерам зашто уште го влечам Мијазаки. Конечно ме принудија и сум многу благодарна за изборот.

Филм за slow descent into madness, меѓу другото и инспирацијата на Аронофски за Блек Сван. Приказна за млада поп ѕвезда која сака да се редефинира во актерка, и патем се соочува со мрачниот свет на шоубизнисот и популарноста. Филмот е психолошки трилер со елементи на ноар, жанрови што мене одлично ми лежат и ги обожувам. Дури ни теориите што ги имав за убиецот не испаднаа точни, што ретко ми се случува во последно време заради шаблонскиот начин на раскажување и предвидливоста на овие жанрови.

Сторителингот и целиот тој процес на губење на осет за реалноста е толку добро напишан, што голем дел од филмот и јас не знаев што е вистина, што сон, а што приказна во рамка. Аниме што те остава да погодуваш whodunit до самиот крај и те вовлекува комплетно во стравот и неизвесноста на главниот лик.

Фала ти најмногу најдрага моја за мајскиот филм и извини што ти доцнам со рецензијата :love:

8/10
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
In the Name of the Father (1993)

Овој пат добив одличен филм. Баш ради ова учествувам во ваквите теми, благодарение на предложувачите да откријам вакви „бисери“ што инаку тешко дека ќе ги гледав. Конкретно филмов бил номиниран за седум Оскари, со години е во Топ 250 на ИМДБ, ама еве до сега упорно сум го одминувал.

Приказна базирана на вистински случај, за крадецот Џери Конлон, кој заедно со уште тројца пријатели е неправедно обвинет за бомбашки напад на ИРА во Лондон. Покрај него, без никаква логика се обвинети и членовите на неговото семејство. Сите се осудени на огромни затворски казни иако против нив нема некои докази.

Филмот на моменти ме потсети на The Shawshank Redemption и на нашиот Тетовирање. Но за разлика од нив каде приказната е целосно фиктивна, овде ептен останува горчлив вкус во устата кога ќе ти текне дека ова навистина му се случувало на некој. Језиво е дека некогаш животот може целосно да ти се уништи само поради тоа што си се нашол на погрешно место во погрешно време. И тоа дека еден систем е спремен свесно да уништува животи на недолжни луѓе само за некакво „општо добро“ и е спремен на се’ за да ги прикрие своите грешки пред јавноста.

Даниел Деј Луис не го сакам многу ради неговиот method acting (и тука читнав има претерано), но е актериште во секој поглед. Во филмов сепак најдобар актерски перформанс има Пит Постлвајт (се надевам правилно му го пишав презимето). Растурил тука човекот како таткото Џузепе. Можел комотно да го земе Оскарот таа година. Ема Томпсон исто одлична.

Оцена 9/10. Големо фала на предложувачот. (y)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.342
Поени од реакции
5.464
Room 2015

Прв натпревар ми беше ова и можам да кажам ми се погоди филмов. Сега не беше ептен вау ама интересен, динамичен и ти го задржува вниманието иако отрилика знаеш отрилика што ќе се случува.

Филмов поделен на два дела, во првиот дејството е во room каде што се затворени мајката и синот, а вториот дел се однесуваше на последиците што изгубените 7год ги прави во животот. Иако си слободен не се чуствуваш слободен поради фактот што се е сменето, делумно сите луѓе што си ги знаел ги нема и паѓаш во една темнина. На малиот му беше се чудно ова и дури посакуваше да се вратат во room како по старо. Некако го разбирав, навикнат на едно нешто и од еднаш ти се прави драстисчна промена. Од свет од 10 метри одиш на свет со неограничени можности.

Дур беа во собата цело време размислував како може некој да биде со сила затворен, а да не направи ништо за тоа. Па ќе при секое влегување ќе седам до врата и ќе пробам да го совладам и да искочам. Ќе пробувам 24/7 да го пишувам кодот, кога тогаш ќе ги пробам сите комбинации. Па дури имаа и прозор, сигурно тој се крши и ќе искочам од него. Ама ајде приказна и мораше да се извози дека не можела да избега.

Многу ми се допадна како малиот ја прикажа таа детска љубов спрема мајка си, цел свет му беше мајка му и тоа страшно го изглуми. Мислам дека при секое негово Ма ми идеше да пуштам солза. Некако увек сум паѓал на ваква детска љубов спрема родител.

8/10
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.248
Поени од реакции
30.502
Ja sum za karanje so volku kasnam, se izvinuvam...

Go dobiv Howls Moving castle

Ova e animiran film od poznatoto Studio Ghibli.

Ne sum mnogu rechita, no, ima preubava animacija, interesna moderna bajka so preubavo aranzirana muzika.

I iskreno, pretesko mi e da go raskazam filmot, bidejki e nepredvidliv i e takva magicna prikazna...
No, prikaznata pocnuva so Sophie, izrabotuvac na shapki, koja ke go zapoznae cudniot mageonicar ili vrachar, sto pak ke ja navede da bide prokolnata da bide stara baba od losata vesterka, sto pak ke vovede kon toa ona povtorno da go bara i da se zblizi so vracarot i negovite prijateli, pomegu voen konflikt na 2 drzavi.



8/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Interview with the Vampire (1994)
Прво сакав да ти предложам некое трилерче, но потоа се навратив на нашиот пп разговор, и од она покласичното, базирано на книга, а притоа да не е теткинска љубовна приказна, на ум ми падна ова филмче.

Убава оценка си му ставил, претпоставувам дека ти се допаднал, и ако е така, навистина ми е мило. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom