„...Макрадули е сменет поради подобрување на состојбата на АД Пошти и за подобрување и јакнење на капацитетот на менаџментот“
а бе срамота што го земате на врат човекот ни крив ни должен, па уште од ваша партиска бранша,
... не требаше да ги избричи мустаќите, тие среќа носеа
ај да се потсетиме што беше АД Пошти Скопје ПРЕД, ПОТОА и СЕГА!
во некои добри времиња, главниот шалтер АД Пошти Скопје
Самата форма на овој центар беше наменета да го симболизира подигнувањето и реконструкцијата на градот Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963-та.
„...Комплексот познат како Телекомуникациски центар претставува врвно архитектонско дело на познатиот македонски и југословенски архитект Јанко Константинов (1926–2010).
Ова врвно дело ги има сите особености на Брутализам. Тоа е стил во архитектурата кој се појавува во средината на дваесеттиот век (од 1950 до средината на 1970) како дел од Модернизмот.
Терминот “брутализам” потекнува од францускиот збор кој го опишува материјалот кој е карактесритичен за овој стил béton brut или натур бетон.
Бетонот, конкретно натур бетонот е најмногу употребуван како материјал, поради неговата грубост и искреност како контраст на дотогашните елитни неокласицистички стилови кои преовледувале. Лианите бетонски елементи користени при нивна изградба, се произведени така да е целосно видлива структурата на материјалот како и трагите од оплатата.
Бетонот кој сам по себе е претежно конструктивен материјал без некоја естетска вредност, наеднаш станува главен декоративен елемент. Покрај него како материјали се користат и тулата, стаклото, челикот, грубо обработениот камен и слично…“
Денес зградата на Централната пошта во Скопје се наоѓа на листата 7 најзагрозени споменици во Европа за 2021.
Листата ја составува европската организација Европа Ностра и Европската инвестициска банка (ЕИБ), а секој од загрозените спомениците на листата ќе добие по 10.000 евра грант за активност која ќе придонесе кон зачувување.
Иако помошта од 10.000 евра за ревитализација на објектот е повеќе од симболична, истата е поттик да се обезбедат потребни средства за ревитализација на овој битен паметник на времето.
А ДЕНЕС, денес дошло на подобрување на состојбата со јакнење на капацитот на менаџмент, нови плати за дополнителни домашни и странски хиени неработници, а тек да спомнемеи за поштите во другите градови, руинирани, скршени и оштетени објекти како катакомби од минатото,
СРАМОТА, ќе се „зајакнело менаџментот“ затоа го смениле Макрадули, ејјј пресмешно и истовремено трагично жалосно!