Религиозно vs Научно толкување

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Да се вратиме ние на букваното и небуквалното толкување на Библијата, може? Уште чекам да цитираш дел во Библијата во кој се вели дека Библијата не требна да се зема буквално. Се додека не го цитираш тој дел, нема да добиеш никалва дискуија со мене на таа тема.
Треба да се вратиш многу поназад, во детството и да те успива некој постар со приказни..ѕверот и убавицата, Али баба и 40 разбојници, Снежана и 7 џуџиња, заспаната убавица, ..и сл.

Духовното се "всадува" додека уште си мал.
Сега џабе е.
Со сила може да му земеш на човек, но со сила не може да му дадеш.

Сам барај ги цитатите , ќе ги најдеш... :)
 
И повторно, бла, бла, бла. Си има ликот замислено некоја своја лична интерпретација на Библиските текстови, која ако влезе во дискуија ќе му се сруши како кула од карти, па што би рекле Хрватите, кмече.
 
Насловот е тенденциозен
Религија vS наука
Зошто не е религија или наука?
 
Која дискусија?
Тебе те мрзи да побараш цитати иако ти дадов насока.
Се вртиш со едни исти прашања во круг, како исцртан круг со сол го штитиш бедниот дух.Не се плаши.

Најди ги цитатите, постирај ги за да излезеш од кругот.
Глупаво е цивилизиран човек како теле за оглавникот да го влечам.Ајде можеш ти.
Отвори библија и барај.
 
Не ми треба насока, ти си тој што тврди дека библиските текстови треба да се толкуваат метафорично, не буквално. Ти си тој што треба во дискусијата да приложи доказ дека некаде во Библијата стои дека напишаното таму треба да се интерпретира, а не да се сфаќа буквално. Го чекаме цитатот, и понатаму, упорно.
 
Насловот е тенденциозен
Религија vS наука
Зошто не е религија или наука?
Бидејќи таква е темата, нема или помеѓу религијата и науката во однос на Земјата, настанување, историја, човекот....

Науката и нејзините откривање и знаења за светот и религијата со сите верувања и догми во однос на светот и човекот.

Каде има разлики помеѓу двете, зошто, што е "повистинито" и не се коси со реалноста...
 
Не ми треба насока, ти си тој што тврди дека библиските текстови треба да се толкуваат метафорично, не буквално. Ти си тој што треба во дискусијата да приложи доказ дека некаде во Библијата стои дека напишаното таму треба да се интерпретира, а не да се сфаќа буквално. Го чекаме цитатот, и понатаму, упорно.
Ајде, сам си одбра да бидеш...те..! :(

Свето Евангелие Според Матеј

13. Седумте параболи за царството Божјо. Исус е презрен во својот роден крај.

3. И им говореше многу во параболи,

10. И кога се приближија до Него учениците, Му рекоа: „Зошто во параболи им зборуваш?”
13. Затоа им зборувам во параболи, оти гледаат и не виѓаваат; слушаат и не чујат, ниту, пак, разбираат;
35. за да се исполни реченото преку пророкот кој вели: »Со параболи ќе ја отворам устата Своја; ќе ги искажам тајните од создавањето на светот«.
36. Тогаш Исус го остави народот и влезе во една куќа. А учениците се приближија до Него и Му рекоа: „Протолкувај ни ја параболата за каколот на нивата!”

Повели!
Ти како цивилизиран човек разбираш што е парабола.Нели?
 
OK, супер, гледаш дека можеш. Сега уште едно мало потпрашање на темава, па ќе се префрлиме на следното. Дали е ова единствениот цитат од Библијата што може да се интерпретира на начин кој вели дека текстовите од Библијата не треба да бидат сфатени буквално?
 
OK, супер, гледаш дека можеш.
Жално е што ти не можеш.Мене не ми е тешко,ама до кога на "цицка" ќе бидеш.
Ајде малку почни сам да се "храниш".
Сега уште едно мало потпрашање на темава, па ќе се префрлиме на следното. Дали е ова единствениот цитат од Библијата што може да се интерпретира на начин кој вели дека текстовите од Библијата не треба да бидат сфатени буквално?
Во евангелијата е застапено тоа,дека во параболи Исус зборува.За едни во параболи ,за други отворено и јасно.
Параболите на Исус сеуште не се разбрани во ниту една религија.Само се претпоставки на што мислел, па се поврзува со некој други цитати,повеќето лутаат.Претпоставувам затоа имаш таков став.

Знаеш како велат, духовен човек не може да биде разбран од телесен. :coffee:
 
Жално е што ти не можеш.Мене не ми е тешко,ама до кога на "цицка" ќе бидеш.
Ајде малку почни сам да се "храниш".

Во евангелијата е застапено тоа,дека во параболи Исус зборува.За едни во параболи ,за други отворено и јасно.
Параболите на Исус сеуште не се разбрани во ниту една религија.Само се претпоставки на што мислел, па се поврзува со некој други цитати,повеќето лутаат.Претпоставувам затоа имаш таков став.

Знаеш како велат, духовен човек не може да биде разбран од телесен. :coffee:

OK, топ, духовната супериорност над телесното, видено одамна, се додека не почнат да ти кркорат цревата. Батали тоа, следното прашање е дали ЦЕЛАТА Библија треба да се толкува метафорично, или делови од неа треба да се сфатат буквално, а делови метафорично? Ако е второто, како знаеш кои делови треба да се толкуваат метфорично?

Еве на пример, тоа дека Исус одел по вода, дали тоа треба да се сфати буквално, или е метафора за нешто друго? Ако е метафора, како тоа треба да се протолкува, и како знаеш дека баш твојата интерпретација на метафората е точна?
 
Последно уредено:
OK, топ, духовната супериорност над телесното, видено одамна, се додека не почнат да ти кркорат цревата. Батали тоа, следното прашање е дали ЦЕЛАТА Библија треба да се толкува метафорично, или делови од неа треба да се сфатат буквално, а делови метафорично? Ако е второто, како знаеш кои делови треба да се толкуваат метфаорично?
Има еден дел од Павле во кој не зборува во метафори инаку другото се е во метафора.
Многу е просто. Мора да биде метафора, бидејќи тоа што е напишано го читаат луѓе во различни духовни нивоа.Нешто како во телесното.На мали деца не им се зборува за секс,нели телсено не се созреани да разберат што им зборуваш.Така е и во духовното,метафора која збунува поради ниското ниво на духовен развиток од читателот,но кога ќе израсне(духовно) ќе го разбере напишаното и повеќе нема да има потреба од книги,богови и верувања.Исто како кога човек ќе порасне и ќе се одвои од родителите и се прилепи до жената...да ти биде појано.Значи , знаеш од самиот себе...искусено доживување!

Излези од тие прашања,метафора - не метафора.Се вртиш во круг.
Ете ти цитати од Исус,ако не му веруваш нему џабе е се друго.
 
Има еден дел од Павле во кој не зборува во метафори инаку другото се е во метафора.

Гледаш како ни тргна муабетот кога ги почитуваш рамките на нормална логична дискуија, а не зборуваш неповрзани работи? На добар пат си, немој сега да се откажеш. Значи се во Библијата освен неколку делови од Павле се метафора. Одлично. Дали е ова твој став, или е став на Црквата?
 
Еве на пример, тоа дека Исус одел по вода, дали тоа треба да се сфати буквално, или е метафора за нешто друго? Ако е метафора, како тоа треба да се протолкува, и како знаеш дека баш твојата интерпретација на метафората е точна?
Го допиша ова подоцна,да не остане не одговорено.
Метафора е.
Умот е водата, во разни ситуации кога човек ќе се уплаши за својот живот , и срцето почне да чука забрзано создавајќи големи "бранови" на умот,човек почнува да се "дави" во својата паника.Да одиш по вода значи над умот да си.Во овој момент да се сруши светот,срцето да не ти затрепери,а мислите да останат смирени.
Тоа е метафората за одење по вода.
Тестирај ја твојата смиреност.Самиот искуси и види дали мојата интерпретација не е точна.Не ми верувај, вкусувај и доживувај,па ако дојде таков момент и пораснеш(духовно) да речеш ,во право беше alf!
 
Супер интерпретација, навистина ми се допаѓа, не сум ироничен. Е сега прашањето е како знаеш дека оваа ТВОЈА интерпретација е исправна, и дека не живееш во некој свој свет?
 
Гледаш како ни тргна муабетот кога ги почитуваш рамките на нормална логична дискуија, а не зборуваш неповрзани работи? На добар пат си, немој сега да се откажеш. Значи се во Библијата освен неколку делови од Павле се метафора. Одлично. Дали е ова твој став, или е став на Црквата?
Не припаѓам на ниту една догма,религија или црква, тие ми припаѓаат мене!(духот зборува,прави разлика од духовно и телесно припаѓање)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom