Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    732

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Се гледа па ти колку ги разбираш. Русија само лошо ни има направено во минатото.
Не ќе е лошо да читнеш малку историја.
Незнам што рачуваш за лошо, ама САД ги бомбардираше Македонските партизани во Егејска Македонија со Напалм. Полошо од тоа сигурно ни нема напраено Русија.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.923
Поени од реакции
5.061
Иначе пошто е денес актуелно, а имаше членови кои тука пишуваа како Русија ќе го спасува православјето, ќе не спасува нас, сите словиени, некои дури пишуваа и поезија опевајќи ја Русија. Русија, како и САД и секоја друа велесила го гледа само својот интерес и ништо друго. Уште на почеток пишував дека ги заболе нив и за Србија, која демек им е братска, и дека Косово ќе го извадат на маса у првиот момет кога тоа ќе им треба. За нас па и да не зборам. Нкад не биле за постоење на независна Македонија, па затоа и немаат никакво влијание тука. Еве и денес негирање кое не е пради војнава и страната која ја одбра Македонија, тоа е нивни став од предходно.

Руската православна црква: Ги признаваме канонските права на СПЦ во С. Македонија
Нетрпеливоста меѓу руската Црква и Цариградската патријаршија се одразува на трети земји/цркви, како што е македонската помесна Црква.
Денешниот руски патријарх не е склон кон Македонија, за разлика од Алексеј II. Плус, руската Црква е ептен блиска со српската па сигурно нејќе да создава проблем во нивните односи. Од друга страна, Цариградската патријаршија, поточно Вартоломеј, глуми „источен папа„ и се меша во „туѓи штипки„ и туѓи црковно-територијали надлежности, како што е „признавањето„ на „православната Црква во Украина„ (ама не и „Украинска православна Црква„), така да Цариградското „признавање„ на МПЦ-ОА е по начелото „Немој бате, не ме брани!„.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Прва, од големите сили, ја призна Македонија, безусловно.
Ако Америка не дадеше согласност за нашата независност, сега ќе бевме со главен град Белград, или нешто како Крим, Абхазија и Осетија. Признаени, недопризнаени. Најди си статистика колку пари од Западот се влезени од 1991-1995та, а колку Руски. И дали можеше да опстоиме без нив.

И баш за време на војнава не призна Вселенската патријаршија. Немаше најдено за сходно да не признае последните 30 години, денеска беше вистинскиот ден. Тоа дека многу не сака или дека не користи да не раскара дополнително...
А зошто ете вашите `браќа`, не не признаа порано, па да не му даваат простор други да ве караат со вашите браќа?! Мои не се.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Bas me interesira sto ke se sluci ako na SAD im izbrkame diplomati :cautious: .
И ако им опнеме санкции и ако барем се осудиме да речеме некоја нивна интервенција окупација...

Јас еве јавно не го прифаќам признавањето на МПЦ од страна на вселенската патријаршија, бидејќи не е со добра воља, е со задни намери и е крајно нехристијански.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Незнам што рачуваш за лошо, ама САД ги бомбардираше Македонските партизани во Егејска Македонија со Напалм. Полошо од тоа сигурно ни нема напраено Русија.
Епа тогаш врати се во 5-то одделение. Русите се директен виновник за расцепот на Македонија од старите граници и тоа е само една од многуте работи кои Русија ни ги направила и било лошо за Македонија.
Русија никогаш во историјата не ни помогнала, а и во иднина никогаш нема да ни помогне.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.023
Поени од реакции
83.448
Да не беше војната немаше канонски да не признае ВП. Да не беше тоа, немаше ни РПЦ да изјави ова што изјави.
ВП се раскусрува со РПЦ преку наш грб. Нит РПЦ не мрзи, нит ВП не сака. Ние сме монета за поткусурување.
Канонски не призна, но тоа не значи дека ни ја признала автокефалноста. За тоа ќе требало со СПЦ, како и да е.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.882
Поени од реакции
12.989
Интересна е Германија.

Баербок после Келн, во Вупертал беше деновиве. Со јајца ја дочекаа :D

Зошто? Епа зошто не си стојат на ветувањата од својата програма.


Security officials ran onto the stage to shield the minister. The politician continued her performance and accused the thrower of taking a dubious path with the right to freedom of expression.

The federal government has been criticized in circles of peace activists and also in other parts of the population because it supports the delivery of heavy weapons from Germany to Ukraine. The Greens were against arms deliveries for decades. Russia's war of aggression, which violates international law, has led to a rethink among leading Green Party representatives.

At the end of April, Federal Minister of Economics Robert Habeck (Greens) had to endure a whistling concert during an election campaign appearance in Bielefeld. A new state parliament will be elected in North Rhine-Westphalia next Sunday (May 15).

Машала добро е што не се сите како Игорче наш таму, зелени во тоа тиквата.
Исто вредно е да се спомене дека и партијата на Шулц беше прегазена на изборите во северната германска република Schleswig-Holstein.

Игорче зошто вакви вести не пренесуваш? Или сеуште анализирате парадава во Москва во обид да најдете оправдување за промашените предвидувања за прогласување општа мобилизација од Путин?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.923
Поени од реакции
5.061
И ако им опнеме санкции и ако барем се осудиме да речеме некоја нивна интервенција окупација...

Јас еве јавно не го прифаќам признавањето на МПЦ од страна на вселенската патријаршија, бидејќи не е со добра воља, е со задни намери и е крајно нехристијански.
Се придружувам кон болдуваниот текст...
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Ne znam. Ako e do mene i ne mora da vleze vo NATO. Rusija moze da raboti protiv clenstvoto na Ukraina vo Nato samo nacinot kako sto go pravi sega ne e vo red.
Така и работеше, исклучиво дипломатски. Баш ради тоа ја обвинуваат украинците Меркел, јер она и си кажа дека ден денес стои на ставот Украина Не во во нато, бидејќи како одговорен политичар ги разбираше последиците. Истото и Шолц го советувал Зеленски пред мировнава мисија, тој (читај сад/ук) категорично одбија.

До кога би било прифатливо да се молат да не носат оружје во Украина по дипломатски пат? Па уште и да спремаат офанзива на Крим (де факто Русија) и Донбас? Колку време е прифатливо да не се исполнуваат меѓународно преземени обврски од договори? И тоа не еден, не два, туку три?

Сите дипломатски напори на Русија беа и многу повеќе од трпеливост, уште при неисполнувањето на Минск 1 требаше да сноси последици Украина, но Путин е премногу наивен и мировен фанатик кој до крај неоправдано веруваше и даваше шанса на дипломатијата.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Се е интерес, а вие сеуште сте заглавени со некои соништа од минатото за некоја си поврзаност. Наместо да се позиционираме и да влечиме корист, наместо да речиме, добро е, добивме признавање за Црквата, вие се однесувате како поголеми Руси од самите Руси.

НА МАКЕДОНИЈА И ОДГОВАРА ПРИЗНАВАЊЕТО НА ЦРКВАТА, АМА МИ Е ГАЈЛЕ ДАЛИ ТОА И ОДГОВАРА НА РУСИЈА ИЛИ НЕ....
Автоматски споено мислење:

Јас еве јавно не го прифаќам признавањето на МПЦ од страна на вселенската патријаршија, бидејќи не е со добра воља, е со задни намери и е крајно нехристијански.
Колку е Христијански тоа што твојте браќа не ни ја признаваат Црквата 50 години?
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.683
Поени од реакции
42.268
Ако Америка не дадеше согласност за нашата независност, сега ќе бевме со главен град Белград, или нешто како Крим, Абхазија и Осетија. Признаени, недопризнаени. Најди си статистика колку пари од Западот се влезени од 1991-1995та, а колку Руски. И дали можеше да опстоиме без нив.


А зошто ете вашите `браќа`, не не признаа порано, па да не му даваат простор други да ве караат со вашите браќа?! Мои не се.
од каде го измисли сега ова дека независноста сме ја добиле ради америка? Дај некој факт.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.317
Епа тогаш врати се во 5-то одделение. Русите се директен виновник за расцепот на Македонија од старите граници и тоа е само една од многуте работи кои Русија ни ги направила и било лошо за Македонија.
Русија никогаш во историјата не ни помогнала, а и во иднина никогаш нема да ни помогне.
Не е ни чудно што изјавуваш вакви работи кога твојот светоглед го црпиш од политички инструирани учебници од 5то одделение.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.271
Поени од реакции
8.657
На Шолц му се допадна идејата за европски клуб на земји надвор од ЕУ



Овој ќе да е најплеснат од сите . Велика Британија, Украина и локомитивата на екипава- Северен Фиром. :icon_lol:
Најјако од се ќе биде, кога ќе организира клубов некаков самит или совет, и кога ликови од типот на Костадин и Коста Петров ќе влегуваат во некоја сала максимално озбилни демек судбината на универзумот се одлучува... :icon_lol: :icon_lol:
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.890
Поени од реакции
23.295
И ако им опнеме санкции и ако барем се осудиме да речеме некоја нивна интервенција окупација...

Јас еве јавно не го прифаќам признавањето на МПЦ од страна на вселенската патријаршија, бидејќи не е со добра воља, е со задни намери и е крајно нехристијански.
Mene iskreno mi e totalno nebitno dali ni ja priznavaat crkvata ili ne.Totalno nebitno.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom