НАТО не врши „територијална експанзија“. Земјите членки му дозволуваат на НАТО да постави свои воени бази на нивна територија бидејќи имаат одбранбена корист од тоа. Знам дека ви оди најмногу на живци фактот дека европските земји имаат желба за одбрана од Русија, ама тоа се фактите.
И србите, ирачаните, афганистанците, либијците, сиријците сами ги повикаа сад/нато да им сменат режим и донесат демократија
.
Знам дека ви оди на живци фактот дека европските земји се окупирани од сад, вазали раководства на кои им е наметнато да водат политика спротивна на интересите на сопствените народи, демонизирајќи ја Русија во замислен непријател, ама тоа се фактите.
Што е тоа збор „историски“? Европа ја интересира сегашноста, а не историјата. Русија константно фрла закани кон безбедноста на Европа и е единствена земја која во последно време нападнала земја во Европа, како што и досега се заканувала. Нека се отараса Русија од Путин, нека заземе про-западен став и западни вредности, и другите држави ќе ја гледаат на слично рамниште со Франција и Германија после неколку години.
Што си земал да се резилиш, прашува што збор е "историски"...
Европа ја интересира сегашноста зашто сака да ја сокрие и да се заборави срамната историја, окупатори, колонијалисти, агресори, геноциди, пљачкање, нацизам, фашизам, поробување и покорување на цели народи и држави и тоа во самата Европа, и како секогаш неуспешен обид секогаш истото во Русија да го направи, туку напротив, русите ги ослободувале европските народи од злосторствата кои им дошле токму од некоја европска држава.
Русија никогаш досега не се заканила на Европа, баш напротив постојано ја зголемуваше соработката (што за сад беше и е недозволиво). Не нападнала земја од Европа, Русија се брани и го ослободува своето малцинство во Украина и украинскиот нормален народ од наци окупација, спроведува мировна мисија за војната која 8 години сите на западот не им се глеаше.
Е затоа е битна историјата и затоа сакаат да ја скријат/променат, јер се повторува.
Повторно европските народи се покорени, повторно се иде на агресија врз Русија и повторно Русија прво се брани себе а потоа веројатно ќе следи ослободување на народите во Европа (немора воено).
По прозападен и полиберал од Путин ниту имале ниту ќе имаат русите. Сите напори цела кариера ги вложи во соработка со западот, по пат на дијалог, дипломатија, бизнис, економија, зделки итн. Од тоа имаа корист сите, освен сад. Затоа толку се вложија и во Европа да постават свои вазали и во Украина нацист камиказа, за да не го дозволат тој процес на понатамошна соработка и зближување на Европа со Русија и Кина.
Да те гледаат на слично рамниште со Германија и Франција е навреда, особено за Русија и русите. Едни од најголемите злосторнички нации во историјата на човештвото, најголемите геноциди и злодела против човештвото се извршени од тие 2 држави, чија па најголема жртва била Русија. Нема поголема гордост да си антифашист, а најголемите антифашисти се русите и Русија.
Така да немој да мислиш дека толку некој копнее да биде на погрешната страна на историјата ко Франција/Германија и колективниот запад денес.