Драматичен пад на наталитет во Европа и Балкан

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Majka mi stana podnosliva osoba I roditel otkoa vleze vo klimaks.
Ke bev porazlicna osoba I ke imavme sigurno podobra vrska ako me rodela na 40 godini, bar nemase celo detstvo da go pamtam so strav I kup anksioznosti.

Luge so imale ok odnosi doma, posebno so majkite, sakaat deca I po moe viduvanje okolu mene, gi praat porano.
Nie drugite nejkeme deca, ne ni vo priroda denes da se topime na fotka od bebe, bar duri ne si gi resime nasite problemi.
Za mene licno, nikogas ne bi imala deca ako sum single I bez partner, ja neam taa zelba po sekoja cena da stanam roditel.
No, bidejki maz mi bi bil fantasticen roditel, ne bi ni ja uskratila moznosta za roditelstvo, definitivno ne gleam vo idnina vo taa uloga.

Da gi prasuvav drugite, dosea dve deca ke trebase da iam, mislam zaso vleguvas vo brak ako ne za deca da imas za godina dena max. Ne deka ne prasuvaat, pa I si komentiraat deka sig iame problemi neso, no nivnoto mislenje za mene so go imaat ne e moja rabota.
Ne se objasnuvam na taa tema, zaso isto I toa ne e nivna rabota.
Мит е тоа дека жените по автоматизам се топат на бебиња и се "талентирани" за деца повеќе од мажите, или дека едни жени се подобри мајки од други. Освен ако не се работи за некоја психопатологија, све друго е во рамки на нормала. Значи, одамна следам различни страни за мајчинство и можам да забележам неколку работи:

- Различни мајки си имаат различни фази од животот на детето што им се омилени/најнеомилени. Тоа ќе варира од жена до жена. Најчесто мајките не ја сакаат првата година од животот на децата, тоа им е најтешкиот период. Мене на пример ми беше таа фаза ОК, сега ми е покомплицирано, а очекувам да се олесни ситуацијата и повеќе да уживам во мајчинството за некоја година. Секоја сама си знае што е најдобро/најлошо за неа.
- Дури и мајки што се каат што станале родители, си ги сакаат децата неизмерно многу и би го дале и животот за нив.
- Има милион начини да се биде добра мајка. Не мора да се прават активности со песоци и води по дома само за да се покаже дека е некоја добра мајка. На детето највеќе му треба нашето присуство и љубов, се` друго е помалку битно.
- Еден од сигурните знаци дека си/ќе бидеш добра мајка, е токму тоа, секојдневното сомневање дали сме/ќе бидеме добри мајки. Тоа што сакаш (ти или било кој) да бидеш добра мајка е доволен предзнак дека ќе бидеш.
- Секоја мајка е несовршена на свој начин. Некоја ќе им даде да јадат земја, друга ќе им дава екрани повеќе, трета ќе ги остава без никаков надзор децата ... Перфекционизмот и родителството никогаш не одат заедно, секогаш мора да се бутка напред со тоа што го имаш како услови во моментот (пр. дете не спие а мора да го истераш денот до крај...).
- Никогаш не викај " јас како мајка нема шанси да го правам ова ". Ќе го правиш, дали тоа, дали нешто друго ... Не зборам за тебе, туку општо.
- Нема "прав" момент за да се стане родител.
- Повеќето мајки не уживаат во секој момент од мајчинството, но сепак се пресреќни што се оствариле како мајки.

За среќа живееме во време кога многу "инфлуенсерки" отворено зборуваат за овие работи.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.640
Поени од реакции
2.093
Не е само бркањето кариера причина за намалениот наталитет. Во некои земји во Европа и структурата на населението има влијание. Посебно во оние каде што има голема стапка на миграција. Од друга страна има и многу луѓе кои не сакаат да имаат свои деца односно не се гледаат себеси како родители во иднина. И тоа е сосема легитимно и нивно лично право е каков став имаат по ова прашање. Инаку порано една од причините за повисокиот наталитет кај македонските семејства било тоа што семејствата не можеле долго време да добијат машки деца. Постојат семејства каде што добиле многу женски деца, пред да добијат машко дете. Во тоа време размислувале така и повеќе го ценеле машкото дете од женското и за во иднина да имаат на кого да го остават имотот бидејќи порано имотот во најголем дел од ситуациите му се оставал на машкото дете. Од друга страна и кај нас има големо влијание структурата на населението и миграцијата си го зема својот данок. Инаку не ме ни чуди што многу жени денес не сакаат да имаат деца, со оглед низ што поминуваат во текот на бременоста.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.454
Поени од реакции
5.956
Тешки глупости. Постојат луѓе кои едноставно не уживаат во друштво на други луѓе и порадо ја прифаќаат самотијата. Или за да максимално се исполнат критеиуми на квалитетно изживеан живот треба да ги сведеме работите само на секс, јадење, пиење, шетање по одмори и потомство?
Да, има и такви но тоа е мањина. Луѓе кои преферираат самотија цел живот си имаат некој поголем проблем од ментална природа пошто ХСС е социјално битие, еволуирал како таков и опстанал како таков.
Автоматски споено мислење:

Не гледам проблем во намалување на наталитетот, дури тоа е корисно за планетата Земја, да сме помалку.

Луѓето стануваат се` повеќе самосвесни, па пред да направат таква одлука, размислуваат и вагаат опции, за разлика од порано кога ми се чини дека повеќе живееле ко во лер, онака терање на животот колку да се тера, идентично на сите други. Сега има многу повеќе излегување од "нормите", за разлика од порано кога биле ептен ставени во калап. И сега се премногу луѓе без никакво свое јас, ама барем се форсира индивидуализмот и различностите, па тоа е добро, за да се сменат некои стари навики.

Во ред е луѓето да прават како што сакаат да прават, да им дозволиме.

That being said, го имам приметено трендот на социјалните мрежи, кога шетаат низ светот, идат по одмори, а пари за деца јок. Тоа лично не ми е ОК. Искуства од патувања може секогаш да се имаат. Не сакам да ми биде досадно на 40,50,60 години кога би била расположена за шетање. Нормално, ако имам услови.

Е сега пари за стан не се прават туку-така, па година, две, три, пет не прават голема разлика во заштедата за стан. Така да, не сум за да се чека да се заштеди за стан, освен ако партнерите се млади и имаат стварно големи плати. Секако зависи од ситуација, многу е погодно да биде ваш станот каде што ќе имате деца и да си го приспособите токму онака како што ви треба за најлесно да ги исчувате. Тука влага распоред на соби, греење/ладење, babyproofing, се`, затоа што огромна разлика може да направат самите услови за живот со тоа како ќе се справите со родителството.

Али не е пресудно. Сепак, родителството има најголема врска со самата психичка сила и спремност на луѓето, па нормално, најбитно е како некој се чувствува. Прилично е исцрпувачки да се биде родител без помош од баби/дедовци и во трула држава како оваа. За среќа знаев колку е тешко зошто следев многу инстаграм страни каде што мајки цело време се жалат за се`, и јасно ми беше во што се впуштам. Странски инстаграми, нормално не нашиве, што се скроз фејк со positive vibes.

Јас се запрашав неколку работи кога размислував за дете:

- Дали месечните трошоци + трошоци за дете одговараат на нашите плати или треба др работи да бараме?
- Дали имам доволна заштеда за да се спремам за имање прво дете (количка, трансптер, алишта, креветче, пораѓање) ?
- Дали нивото на стрес и обврски на работа ми дозволуваат да истерам бременост таму?
- Кога е најдобар период да имам дете, со оглед на бројот на деца што сакам да го имам и разликата во години меѓу нив?

Друга замерка, имам впечаток дека некои луѓе премногу се фокусираат на тоа да бидат "подготвени", што после доколку сакаат две или повеќе деца, испаѓа дека требало да бидат ПРЕМНОГУ подготвени, пошто е ептен тешко да се имаат деца едно по друго.

Мене логиката ми беше дека подобро е да почнам "порано", иако не се чувствував пре-подготвено, за да ја имам опцијата да почекам меѓу имањето прво и второ дете. Сепак секој си ја знае ситуацијата во која се наоѓа. Ако имав ептен поддржувачка мајка во пензија, можеби и ќе чекав уште, па потоа ќе имав две деца едно по друго. Но тоа би било во идеални услови. Мене всушност тоа и ми беше најголемиот стрес кога размислував за имањето деца, како да се поделам себе на два дела за да одговорам на потребите на две деца, на пример. Така да, секој си се познава себе најдобро. И така и е, сега не ни помислувам на второ, иако во идеалните услови што ги пишав, ќе ми беше во стомак. Моментално ептен ми одговара што не МОРАМ да се оптоварувам со прашањето за второ дете, што ќе беше ситуација доколку имав повеќе години.

Еве и да испадне така, сепак не е крај на светот и тоа, да се имаат повеќе години и да се има/ат дете/деца подоцна во животот. Така да не го осудувам тоа воопшто, иако може на моменти така делуваше во постов. Кажувам дека тоа би ми донело повеќе стрес и грижи, но ако така се наместеа/наместат коцките, тоа е тоа. Дури и да останам само со едно дете, ОК ми е и тоа, едноставно се` би дала за него и сум веќе преблагодарна.

Иначе ако идам по лер, по паметот на другите луѓе, веројатно ќе требаше сега да имам второ. Но, пак ќе кажам, секој себе си се знае најдобро и си знае што одговара највеќе за својот живот. Знам до кај ми се границите на издржливост, психички и физички. Веќе ми се на граница и сега. :)

Забегав, но муабетот ми беше, ОК е, нека си паѓа наталитетот, така си е насекаде во светот.
Кога сме биле 500-600 милиона, животот бил краток, суров и мачен, среден век. Денес има 15 пати повеќе народ по свет и се живее 250 пати подобро :)
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.782
Поени од реакции
18.393
Да, има и такви но тоа е мањина. Луѓе кои преферираат самотија цел живот си имаат некој поголем проблем од ментална природа пошто ХСС е социјално битие, еволуирал како таков и опстанал како таков.
Сигурен сум дека и таа мањина има некое мислење за тоа како стојат работите

а можеби се и само радикални интроверти кои решиле да му дадат супстанца на својот живот
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.112
Поени од реакции
8.387
многу искомплексирани самобендисани фаци на темава, за гревој
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.253
Поени од реакции
10.893
Сигурно е тешка интелектуалната работа, особено ако е само 40 часови неделно ;)
Тркни на градилишта или во рудник да им кажеш колку е тешка интелектуалната работа, и пробај да поработиш една недела таму, па ќе разговараме што е тешка работа.
Епа еве ти пиши ми во кои професии каде мнозинството се жени може да се загине, или да се стекнат повреди за траен инвалидитет?
Еве ти како доктур кажи ми зошто мажите во просек живеат пократко?

Еве ти статистиката вика дека вие живеете подолго, што мислиш, зошто е тоа така?

Вака,

Муабетов не е за тоа чив труд повеќе го цениме, дали на рударот, ѕидарот, автомеханичарот, или пак на професорот, судијата, инжинерот, докторот. Јас не ја потценувам физичката работа, туку според мене не е во ред коа некој ја потценува интелектуалната работа (ова е нешто што во неколку наврати го забележувам стриктно кај тебе!). Е сега, да не е се сфатиме погрешка, не секој што завршил факултет според мене е интелектуалец - пре би да разговарам со автомеханичар кој знае како да се изрази, отколку со судија кој две реченици не умее да сврзи! Сечиј труд, е достоен за почит и награда и затоа не ти е океј муабетот.

Интелектуалната работа бара размислување и воопшто не е за потценување. И знае да биде ужасно стресно!!! Тука, нема работно време и пауза за одмор. Едноставно размислуваш за работата, дури и кога одмараш. Одговорноста е огромна! Таквите професии бараат од тебе да читаш постојано, да се надоградуваш, да размислуваш за прочитаното, да истражуваш....и тоа едноставно одзема многу време. Комплексно е! Кај физичката работа, користиш физичка сила, го заморуваш телото, и после седнуваш на фотеља, се релаксираш и одмараш. Значи минимум оптоварување на мозокот, а работата им е тешка само заради тоа што плаќаат со здравје (и тоа исклучиво заради работа во лоши услови) !!!

Веројатно се работи и за перцепција. Ако ти немаш афинитети за да продолжиш со школувањето, ќе си се фокусираш на физичката работа. Ако јас имам желба да продолжам со школувањето ќе си се фокусирам на интелектот. Ако немам аспирации ниту за едното ниту за другото, ќе бидам товар на некој трет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.318
Поени од реакции
40.111

буквално седнуваш на фотеља после физичка работа. Те чека фотељата во фабриката, или за било каква фирма да се работи. Ти кога работиш физичка работа во реалноста а не во некој замислен свет, буквално не седнуваш најчесто тие 8 саати кои некој пат се и 10. Дома кога ќе дојдеш мозокот ти е испиен исто како и да си работел психичка работа. Така да кога се прават некои споредби психичка со физичка ми е скроз безвеза пошто со физичка работа телото го унакажуваш за цел живот.
 
Да. Работиш 12 часа, се враќаш дома, јадеш, пиеш и легнуваш да спиеш исцрпен!!!!

On the other hand судијата, 8 часа полно работно време со 244545857 различни карактери. Донесува судски одлуки, можеби и многу од предметите си ги носи дома! Стресот е огромен, дали донел правилна одлука, дали некое дете ќе остане без мајка или татко, во нехумани услови да живее, дали нечија насилна смрт ќе остане без виновник итн.
Или докторот, дали терапијата ќе има ефект, дали нешто нема да се искомплицира, дали пациентот е правилно упатен, дали операцијата ќе биде успешна итн.

Секоја професија си има своја тежина Рон.
Не е во ред да се споредува.
Не е во ред да се нарекуваат жените помалку вредни од мажите, а професиите во кои има мнозинство жени да се нарекуваат женси и лесни професии, само заради тоа што не се употребува физичка сила.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
буквално седнуваш на фотеља после физичка работа. Те чека фотељата во фабриката, или за било каква фирма да се работи. Ти кога работиш физичка работа во реалноста а не во некој замислен свет, буквално не седнуваш најчесто тие 8 саати кои некој пат се и 10. Дома кога ќе дојдеш мозокот ти е испиен исто како и да си работел психичка работа. Така да кога се прават некои споредби психичка со физичка ми е скроз безвеза пошто со физичка работа телото го унакажуваш за цел живот.
Не е само тоа, најчесто физичката работа зависи и од надворешните фактори, како временските услови. Лани мраз ги фати праските кога беа во цут и не видовме жива праска. Луѓето зависат од технолошката вода, која знае да ја нема со денови и цели посади да се исушат. Или само еден град и целиот труд ти паѓа во вода. Една утринска слама и детелината се навлажнува, после ништо живо не ја јаде. За нас не, ама за некого тоа е примарна дејност преку која си го прехранува семејството.

После работа те чека нова работа, дали дома, дали во стоката. Дополнителни потешкотии ти креираат временските прилики, некогаш копат влажна почва, некогаш барут сува, некогаш смрзната. Рабориш и на +30 С и на минусни температури. На крај се соочуваш со проблемот на пласман, ценовни разлики, разлики во класи, краток рок на траење на производот.

Луѓето одат по фабрики, земјоделството им станува секундарна дејност, најчесто овоштарството во овој регион. Луѓето и мигрираат по градовите, секако си бегаат од добро, а не од лошо!

И така, душата ти е исцрпена, ама важно мозокот ти е во лер. :icon_mrgr:
 
релативизирате, мозоот ти е во лер, физикусот ти е во петта!

on the other hand, мозокот ти е во петта, физикусот ти е во лер! ќе си бидеш дебел, со целулит и сало, со покачени триглициреди и холестерол, итн.

се си има предности и мани, секој со своите преференции и способности.

Но не, никако не се согласувам дека интелектуалната работа е полесна од физичката работа.
И дека "женските професии" се лесни и едноставни за работа.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.992
on the other hand, мозокот ти е во петта, физикусот ти е во лер!
За време на оваа пандемија убаво и јасно ја видовме интелектуалната фела на дело!
И дека "женските професии" се лесни и едноставни за работа.
Значи има женски професии!
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.903
Поени од реакции
35.762
Вака,

Муабетов не е за тоа чив труд повеќе го цениме, дали на рударот, ѕидарот, автомеханичарот, или пак на професорот, судијата, инжинерот, докторот. Јас не ја потценувам физичката работа, туку според мене не е во ред коа некој ја потценува интелектуалната работа (ова е нешто што во неколку наврати го забележувам стриктно кај тебе!). Е сега, да не е се сфатиме погрешка, не секој што завршил факултет според мене е интелектуалец - пре би да разговарам со автомеханичар кој знае како да се изрази, отколку со судија кој две реченици не умее да сврзи! Сечиј труд, е достоен за почит и награда и затоа не ти е океј муабетот.

Интелектуалната работа бара размислување и воопшто не е за потценување. И знае да биде ужасно стресно!!! Тука, нема работно време и пауза за одмор. Едноставно размислуваш за работата, дури и кога одмараш. Одговорноста е огромна! Таквите професии бараат од тебе да читаш постојано, да се надоградуваш, да размислуваш за прочитаното, да истражуваш....и тоа едноставно одзема многу време. Комплексно е! Кај физичката работа, користиш физичка сила, го заморуваш телото, и после седнуваш на фотеља, се релаксираш и одмараш. Значи минимум оптоварување на мозокот, а работата им е тешка само заради тоа што плаќаат со здравје (и тоа исклучиво заради работа во лоши услови) !!!

Веројатно се работи и за перцепција. Ако ти немаш афинитети за да продолжиш со школувањето, ќе си се фокусираш на физичката работа. Ако јас имам желба да продолжам со школувањето ќе си се фокусирам на интелектот. Ако немам аспирации ниту за едното ниту за другото, ќе бидам товар на некој трет.
Тотално ја промашуваш поентата.
Прашањето е дали жените работат физички тешки работи, колкав е тој процент, и зошто не се буните да бидете подеднакво застапени таму?
Теоретски и мажите и жените можеме да работиме интелектуална работа, ама излегува дека жените бегаат од места кои захтеваат тешка физичка работа, и работа опасна по здравјето/животот.
 
Член од
2 мај 2022
Мислења
46
Поени од реакции
122
Човечките суштества се биолошки програмирани продолжувањето на врстата да биде наједноставно и најлесно кога жените се некаде кога се на возраст од 17-20 години. Затоа ако сакате поголем наталитет, решението е едноставно. Им се забранува на жените да одат на факултет и да се вработуваат.

Чао пријатно.
 
Значи не може да се прави паралела помеѓу тежината на работата и степенот на образование. Тоа што некој не ја користи својата физичка сила, не значи дека не се трудел и жртвувал за да го постигне тоа ниво на кое што е. Значи лесна е интелектуалната работа само во физичка смисла, но ако беше лесно, секој ќе се занимаваше со тоа.

Успехот не зависи од полот, туку од квалификациите. Жена рудар или војник е доста ретка појава да, но нема ништо неприфатливо, необично и лесно во тоа. Посебно, во денешно време кога разликата меѓу машка и женска професија е речиси невидлива, ма колку и да ти е тешко тебе да прифатиш жена рудар, возач на камион, војник, полицајка итн.
Автоматски споено мислење:

Човечките суштества се биолошки програмирани продолжувањето на врстата да биде наједноставно и најлесно кога жените се некаде кога се на возраст од 17-20 години. Затоа ако сакате поголем наталитет, решението е едноставно. Им се забранува на жените да одат на факултет и да се вработуваат.

Чао пријатно.
Чао. Пријатно. Оди си. Иш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom