Помалите партии никогаш нема да дојдат на власт, колку и да се слаби Курто и Мурто, максимум можат да си праат некакви подкасти/стримови/емисии на интернет во кои ќе си викаат едни те исти гости цело време бидејќи толку и им се капацитетите, двајца без тројца се реално, ќе си поверглаат, ќе си напраат по два-три саати лаф-муабет и самите себеси ќе си се подзанесат и полажат дека се некојси битен политички фактор во државава, имаат по некои педесетина до сто гледачи на емисиите, а на избори не тежат ни илјада, ни петсто гласа. Еве на пр. јас лично во слободно време навечер честопати ги следам тие подкасти на Родина-Македонија, Движење-Бојкотирам, Палчо и др. некои такви јутјуб подкасти од овие т.н. помали вонпарламентарни трето-опционашки трето-блокашки партии/движења и јасно приметувам дека со години се вергла едно те исто, гостите се едни те исти, ти кај мене, јас кај тебе работава, како беше она ти мене сердаре, јас тебе војводо... Едноставно ништо не му нудат на народот, а ете и тие трчаат на избори, од милион проблеми во Македонијава и воопшто на Балканов, Европава и по светов они се фатиле знамето не им чинело, ќе го враќале претходното знаме со 16-кракото сонце, а ова со осумве краци грдо им било, ко вентилатор било, па не им чинел и грбот оти бил Социјалистички со некои таму житни култури, класје, реки, езера и планини, а требало да биде жолт односно златен лав на црвена подлога/штит (ѓоа Бугарскиот, а и ВМРО-вскиот), па не им чинело името на државата оти имало некаква географска одредница Северна/Горна/Вардарска, ама коа ќе дошле они на власт (на свети Никад) ќе го укинеле уште првиот ден Преспанскиот договор wow и после зошто на избори ваделе по 200-300 гласа... епа затоа...

јбг