Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
Koга сте кај луто... Да не има некој за продавање семе од некоја екстра лута врста пиперчиња. На пример:
Само семе ми треба, сам ќе си направам расад. Сеедно кој вид, само да се многу лути... Инаку многу пати нарачував семе од нет/али, врска нема ништо што нарачав. Или се обични пиперки (благи или малку лути) или расадот не се фаќа.

Од друга страна, ако на некој му треба семе од оние малите лути пиперчиња (стандардно лути) што може и во саксии да се чуваат, слободно нека ми пише ПП да му дадам (на подарок се разбира).

chart.jpg

Исто сум нарачувал од Англија семиња за разни лути пиптерчиња или ќе испаднат некој обични или не се фаќало.
Така да моментално нешто обични иам семиња што ги засадувам тековно, али ништо посебно со лутина.
Автоматски споено мислење:

Пробај ја срирачата од Витаминка. Не е ко оригиналната, ама добра е. Средно луто, но чинам полуто е од останатите лути сосови што се за прелив.

Полоша сирача немам пробано, па и соја сос лајт направиле ужас е. Па и дизајн комплет и капаче ископирано од оригинал традиционална сирача, а исто и за соја сосот.
Ми ја дадоа на проба да видам само и немам што да му кажам освен да прекинат да произведуваат или да си најдат подобри технолози, а не внуката или ќерката да работи.
 
Не сум некој голем пазарувач ама од економски интерес да прашам.
Што мислите за купување месо на големо? Збориме неколку кила што ќе ги замрзнам и одмрзнувам како што ми е потребно?
Дали ќе се исплати повеќе? Дали земање на големо ќе биде поевтино и за колку?
Дали е паметно директно од изворот да се најде и да се купи или сепак тоа не е така лесно?
 
Дали ќе ти дадат за поевтино, не знам.
Ако ти е само да јадеш месо колку да се рече, да. Долго време стоено замрзнато месо го менува вкусот, плус месото калира под дејство на мразот.
 
Не сум некој голем пазарувач ама од економски интерес да прашам.
Што мислите за купување месо на големо? Збориме неколку кила што ќе ги замрзнам и одмрзнувам како што ми е потребно?
Дали ќе се исплати повеќе? Дали земање на големо ќе биде поевтино и за колку?
Дали е паметно директно од изворот да се најде и да се купи или сепак тоа не е така лесно?

Да, ако одиш во некое село да земеш цело животно директно од сточар. Или евентуално да се договориш со близок да го поделите животното. Проблемите се два, прво од организациски карактер треба одење таму, наоѓање касап (често сточарот може да го направи или организира ова, ама треба договарање), делење на деловите, итн... И второ, треба сите делови од животното да ги искористиш за да ти се исплати. Голем дел од луѓето имаат проблем со јадење некои делови.

Инаку секако дека се исплати. Имаш увид од кого купуваш, каде и како е одгледувано животното. Целата работа е многу „похумана“, животното е раснето на традицонална фарма или полуслободно на пасишта. Поздраво месо и похумано битусување на животното во однос на индустриското производство каде животните ги чуваат многу единки на мал простор, никогаш не гледаат дневно светло, ги кљукаат со антибиотици и хормони, итн.
Плус си го поддржал сточарот, прекупците/месарите им плаќаат помалку и го собираат профитот, со што полека се намалуваат традиционалните сточари а се зајакнува индустриското производство (што нели, е лошо за нас корисниците).
 
Kаде да најдам Ash gourd?

Ash gourd/wintermelon и мене ме интересира ова прашање.
Немам видено во Македонија. Знам дека на кинескиот пазар блок 70 у Белград имало кога му е сезона.
Лично имам купено ладен чај од Ash gourd во виетнамската продавница во Илиенци, во Софија. И е фантастичен!

Но кај нас немам ништо од тоа најдено.
Едино што знам еден човек во Волково одгледува ku gua/bitter melon но тоа е сосема друг вкус.
Се надевам ти дадов некој бегли насоки, за жал не у Мк. Ако некој знае за Ash gourd во Мк, плиз да пише.
Автоматски споено мислење:

Има некој видено кај нас да се продава rice paper?

Имам видено во Веро Тафталиџе, во штандот за екзотична храна обично им стои на долната полица кај тортиљите.
Подебели им се рајс пејпр корите, оние кои служат повеќе за пржење - не за свежи Gỏi Cuốn или Bò Bía ролс. Но ипак провери да не имаат нови донесено.
 
Последно уредено:
Некој да препорача лут сос по нашиве маркети? Ама да биде лут, лут.
Ако бараш „ренасто“ луто нешто (да ти ги спржи моментално носната шуплина и чат пат некој синус како колатерала) пробај васаби паста.
Ако бараш луто како чили - самбал/оелек во веро имаш мали теглички - корејска направија. Изузетно луто и солено, ставаш 2-3 лажички во припрема за рандом сос.
 
Дали начекал некој по маркетиве сос рамулада/ремулада ?
 
Некој да препорача лут сос по нашиве маркети? Ама да биде лут, лут.

Ова е сосем солидно за цената (85-90 е редовна мислам)

1647766840698.png

здрвив нешто помалку од пола шише на едно јадење, ме препоти
 
Има некој видено кај нас да се продава rice paper?
Веро. Поточно од Веро-Џамбо ги купив, стојат на рафтот кај листови за суши/тортили/сосови итн. Околу 280ден мислам 8 броја имаше внатре. Скапи се али големи се и убаво се лепат! За разлика од нив имам купено од Германија околу 100денари беа но многу помали по големина и не се лепеа убаво што значи упорно се распаѓаа. :))
 
Излупени бадеми дали има негде? Барав само низ неколку маркети и не најдов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom