Што готвите во моментов?

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
Карбонара по оригиналниот рецепт со guanciale
Немав време за подобра презентација али ова е највкусната карбонара која ја имам направено.

Прегледај го приврзокот 327435

Прегледај го приврзокот 327436
Немам сретнато рецепт за Карбонара со лук. Ќе пробам
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.902
Поени од реакции
23.577
Немам сретнато рецепт за Карбонара со лук. Ќе пробам
Лукот служи само за арома. Три цели чешниња олупени и нагмечени ги оставам да се пропржат со сланината и ги вадам после 2-3 минути.
Знам дека не треба, ама мене ми додава шмек и скоро во секој рецепт со паста користам лук.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.936
Поени од реакции
25.384
Немам сретнато рецепт за Карбонара со лук. Ќе пробам
А како поинаку? :eek:
Автоматски споено мислење:

Лукот служи само за арома. Три цели чешниња олупени и нагмечени ги оставам да се пропржат со сланината и ги вадам после 2-3 минути.
Знам дека не треба, ама мене ми додава шмек и скоро во секој рецепт со паста користам лук.
Јас ставам и оставам. Перверзија е во комбинација на сланина и пармезан.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.902
Поени од реакции
23.577
А како поинаку? :eek:
Оригиналниот рецепт им е без лук ама со пекорино. Или многу често некој кажува 50% пекорино и 50% грана.
Јас подолго не купувам пекорино затоа што никој дома не јаде од што има малку силен мирис, иако според мене за паста е исто добро колку и пармезанот. Ако не и подобро.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.744
Поени од реакции
7.259
А како поинаку? :eek:
Лук само во торта најверојатно не оди, ама, во Карбонара не го ставаат, барем не во рецептите што сум ги сретнал. Сепак, ќе пробам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom