Искрено неспособноста на Јелцин како претседател на Русија е зачудувачка кога ќе се земе во предвид неговата кариера каде што покажал над-просечна способност за работа. Во Свердловск за 9 години како градоначалник:
- изградил метро,
- комплетно ја реорганизирал целата транспортна инфаструктура на градот но и изградил автопат со кој ги поврзал сите рурални региони на северот од градот со самиот град со што се отворило и простор за основање на нови земјоделски комбинати со што снабдувањето со храна на градот било целосно решено и бил еден од ретките градови без никакви рестрикции ( купони) за храна.
- завршил неколку станбени проекти за лица кои пред тоа живееле во бараки.
- Завршил станбен проект за станови за млади брачни парови.
- Изградил Културен и Спортски комплекс
- Го реорганизирал раководството на фабриките во градот, што комбинирано со новата инфраструктура ја зголемило значајно продуктивноста но и се отвориле нови фабрики за производство на продукти за широка потрошувачка, текстил и бела техника.
И сето ова го направил без никаква поголема подршка од централната власт ниту пак да биде буткан од некој како негов патрон. Листава е импресивна од секој поглед. Еден или два од овие проекти да ги завршел ќе било неверојатен успех, али сето ова да го завршиш за девет години тогаш не може да се каже дека си неспособен. А нималку помалце способност не покажал ниту како градоначалник на Москва.
Јас повеќе би рекол дека "неспособноста" на Јелцин е едноставно повеќе резултат на унапредување над неговото ниво. Личност која била над-просечно способна да сработува за да се докаже али едноставно кога стигнал на врвот веќе немал на кого да се докаже и едноставно се префрлил на хедонизам.
Исто така се сложувам и дека Путин горе доле од идеолошки аспект е доста близок на него, и затоа ми е смешно кога огромен број на "либерали" бараат да биде убиен или сменет. Путин е единствениот кој ги одржува по-либералните сили во Русија на моќ. Остатокот од политичкиот камп е далеку далеку порадикален. Да беше до нив они веќе ќе користеа стратешки бомбардери да го срамнат Киев со земја, и ќе ги апсеа своите олигарси и ќе им ги конфискуваа имотите.
Алтернативата на Путин е ова:
Прегледај го приврзокот 326253
Путин за својата политичка кариера доста успешно успеа да ги изменаџира и да им ги спречи нај-радикалните барања. Али после него, не знам колку тоа ќе биде возможно. А уште повеќе кога сега и на терен во Украина си имаат свои области ( ДНР и ЛНР) а како што тргнала работата наскоро може и да добијат и цел регион. А и набрзо ќе добијат и директна граница со уште една нивна енклава во форма на Транснитрија.