Каде исчезнаа поборниците на критичката расна теорија ?
Па ова е нивниот момент кога треба да бидат најгласни.
https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/mediumi/vojna-e-koga-ginat-beli
Војна е кога гинат бели
6 март 2022 - 12:03
Анализа на големи западни медиуми покажа дека Фокс, Њујорк Тајмс, Вашингтон пост, Сиенен и МСНБЦ за една недела лиферувале речиси 1.300 стории за инвазијата во Украина. Во истиот период објавиле две стории за смртносни воени акции во Сирија, една за Сомалија и ниедна за саудиското силување на Јемен.
Живееме во опасни времиња во кои низ цела свет се реализираат крвави воени дејствија (за мапа на сите тековни војни во светот види:
Толку многу војни, а само една профилна слика имаме). Во само една недела Русија покрена огромна воена машинерија во Украина, Саудиска Арабија изведе десетици рекетирања на Јемен, Израел пукаше ракети во Сирија а САД продолжија со бомбардирање во Сомалија.
Сè ова се случува симултано. Но, според медиумското покривање, светов во моментов има само едно гајле - Украина. Анализа на
Минтпрес ја покажува доминантноста на таа војна во пет водечки западни медиуми, во исто време кога другите едвај се спомнуваат, ако воопшто се спомнат.
Горенаведените бројки (1.300 за Украина, две за Сирија, една за Сомалија, нула за Јемен) можат да се сумираат со следните графикони:
Во набљудуваната последна недела на февруари, секој од овие медиуми исфрлувал сторија за Украина во просек по една на час. Најмногу Фокс кои имале 308 стории, по една на пола саат.
Нумеричките разлики меѓу набљудуваните медиуми се безначајни бидејќи кај сите Украина е во најударните термини или страници.
Њујорк Тајмс ниеднаш не ги спомнува нападите во Сомалија а за Сирија единствено има известено Вашингтон пост. За Фокс, Сиенен и МСНБЦ, освен украинскиот, не постои друг конфликт на светот вреден за спомнување.
За апсолутната доминација на Украина во овие медиуми сведочат и бројот на напишаните едиторијали, вредносно обоени статии кои ги пишуваат креаторите на уредувачката политика за на својата публика да ѝ ја објаснат својата позиција за клучни настани кои преовладуваат во некој момент.
Три од четири едиторијали на Тајмс биле за Украина. Сите го осудиле Путин за „невидена агресија“ и неговиот „ксенофобичен и империјален поглед“ на помалиот сосед. Истовремено, уредничкото началство на Пост отштанцало шест одвоени едиторијали, од прв до последен со осуда за Путин и од прв до последен со фалби за Бајден како се справува со ситуацијата.
И покрај фактот што долго време постоеа предупредувања, инвазијата во Украина се доживеа како шок. Пред да тргнат Русите, само
42% Украинци верувале во таков развој на настаните. И самиот
Зеленски го критикуваше Запад дека со панично спомнување таква опција, неговата земја се дестабилизира.
За многумина, сегашната медиумска ситуација е дури и освежувачка.
„ Значи вака изгледало кога американските медиуми се против војна “, зајадливо забележа Џеф Коен, основач на Fairness and Accuracy in Reporting, алудирајќи на досегашните медиумски позиции кога едногласно се застануваше зад конфликтите кои ги иницираат САД.