Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Колку украинци мигрирале у САД ЕУ колку у РФ?
Ле чоек, не е тоа поентата бе. За тоа влегоа Американците во Украина, за да зимаат квалитетен кадар? И тоа викаш дека е добро за Украина :) Поентата за да влезе вилјание во некоја држава е да ја напраат просперитетна, на пример како што ЕУ ја направија Полска, каква што ја направија Чешка. А не каква што ја направија Бугарија со 2 милиони егзодус што им се случи. Па дури и да е беа под влијание на Русија, пак никој нема да им бранеше да одат во САД јеботе.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.793
Поени од реакции
10.611
Колку украинци мигрирале у САД ЕУ колку у РФ?
А колку џанки и бездомници од Ајова и Небраска емигрирале во Л.А. И Сан Франциско место во Остин ТХ?!? :oops:

1.Дали ти тоа тврдиш дека Остин нечини како град?!?
2...или аргументот ти е глуп?
Одбери едно!
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
Отворам твитер да видам што се пишува за конфликтов, според тамошните информациите кај и да е за брзо време, утре задутре Украинците ќе стигнат до Москва.
хахаха.... а русиве ке стигнат со тенковите да ги пречекаат за самитот на нато :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.694
Поени од реакции
33.878
Neli putin za 48 casa ke go osvoese kiev? Sto bidna 3 den se macat veke uste se vo selata okolu kiev.
Провери Заливската војна колку траеше, со многу поедноставен терен и со поголема воена надмоќ на САД наспроти Ирак.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Има логистика овој кловнов Зеленски, американциве го држат за уши и координираат се, иначе до сега ќе се распаднеше цел одбрамбен систем на Украина. Да го дознаат каде е и цела интервенција ќе заврши за 10 минути.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.888
Поени од реакции
5.015
дотурот на оружје пред војната и за време на војната неможе да е ист... пред војната ниеден русин не беше у украина и ниеден авион не прелетувше таму. сега кога веќе им игра мечката кај нив незнам сериозно како некој би им доставил оружје.. и не само тоа - правиме муабет за голема донација... сигурно не е тоа еден или два камиони на крај краева не се мутави ни русите и они гледаат кој што им нуди и од каде би можело да се остави ( ако воппшто е можно веќе ова ).... до сега за 3 дена одвен тапшање по рано ја ништо конкрњтно не видов да им се понуди на нив.... работава е како народнана „бате бате доста ме браниш дај да си одиме дома....“
Како што веќе напишав, имаш записи за тој дотур, речиси исклучливо американски, и напишав на кој портал можеш да ги видиш.

Дотурот на оружје сам по себе не е некој успех, ако за истото оружје не поминеш потребна и саглам обука, дотолку повеќе ако истото не го користиш во реална војна, не на видео игра на ПЦ.

Секако дека Русите не седеле со скрстени раце, гледајќи го дотурот, туку поверојатно е дека добро искалкулирале со проценката за времето и местата за отпочнување на водените дејанија низ Украина.

Ако веруваме на видео-записите на „Ју туб„, јасно е дека кај украинските поразени воени единици најдено е американско и британско лесно преносно противоклопно оружје.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Со оглед на тоа како свети од експлозиите претпоставувам дека нападоц е од ТОС

Не е Тос, БМ-21 Град е
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.889
Поени од реакции
6.165
Планот на Русија е следен:
Доњецк и Луганск бараат гласање за независност.
Доколку Украинците одбијат оваков предлог, ќе се повикаат овие региони кај Русија на помош и ќе навлезе руската армија во одбрана на рускиот народ.
Доколку Украина се реши да возврати, ќе се започне војна во која губи.
Доколку не започне, едноставно дефакто ќе ги изгуби овие реони.

На овој начин Русија не е таа која прва напаѓа.
Колку ми била точна прогнозава пред 2 недели. Баш и така започнаа настаните и секако Украина реши да возврати. Па, еве навлегуваме во лудилово и 3 ден каде што гинат цивилни жртви цело време и се раскрварува војната. А можеа да го решат на мирен начин сето ова, ама на САД не им одговара тоа па ќе долеваат бензин на огнот за да трае што е можно подолго, бидејќи е во нивна полза.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.500
Поени од реакции
37.337
...Русија и Украина можеа да ги средат односите како САД и Канада ама некому му одговараше да флертува со украинските нацисти за Украина да биде монокултурна, милитаризирана и трајно непријателска кон Русија, пишува поранашен амбасадор на Австралија во Полска.
Путин, Макрон и Шолц бараа излез но не можеа да ја спречат будалестата решителност на Вашингтон и Киев да се испровоцира руската мечка.

Последните настани во Украина уште еднаш ја илустрираат класичната теза на Барбара Тухман во нејзиното дело „Маршот на глупоста“ - интелигенти влади често дејствуваат глупаво и спротивно на нивниот најдобар интерес: во случајов илустрирано преку политиките на Вашингтон и Киев.

Нам овде ни е тешко да видиме подалеку од доминантниот наратив со кој сме опкружени: за западните добри намери со повремени грешки во спроведувањето, наспроти хорор менталните слики за рускиот претседател Путин. Второво е далеку од вистината, но е многу привлечно. Луѓето кои го создаваат и одржуваат нашиот ментален пејсаж се врвни професионалци во она што го работат. Тие ги моделираат нашите размислувања и емоции, преку зборови, моќни слики и мемиња. Интелигентни луѓе мразат да признаат дека потпаднале на таква пропаганда и често се лутат кога им се покажува дека е така.

Факт е дека во текот на годините Путин во многу говори го признаваше целосниот украински суверенитет после распадот на поранешниот Советски Сојуз во 1991 година, авторитарна држава во која украинските комунисти имаа главни лидерски улоги.
Путин упорно бараше две работи од Украина.
Прво, пристојни добрососедски односи засновани на меѓусебно почитување и взаемна безбедност, како меѓу САД и Канада.
И второ, како и во Канада, почитувањето на целосните човекови права на бројните „Француски Канаѓани“ во Украина – 50% плус од Украинците кои споделуваат руски мајчин јазик и култура.
Важно беше тоа да го вклучува правото на учество во формирањето на националните безбедносни политики и приоритети на Украина.

Но, САД, најмалку од 2013 година, ги користат украинските нацисти, а има многу такви, како ударна сила на решителноста Украина да стане монокултурна, милитаризирана и трајно непријателска кон Русија.

Само затоа што ова го тврди Путин, не значи дека тоа не е вистина. Јас верувам дека е вистина.
Путин, Макрон и Шолц (како и Меркел пред него) последниве години и недели дадоа сè од себе да најдат излез од растечката конфронтираност, но на крајот не можеа да ја спречат будалестата решителност на Вашингтон и Киев да ја испровоцираат руската мечка.

Путин со месеци го предупредуваше Запад да се повлече од милитаризацијата на Украина и да работи со Русија кон пошироко европско решение и да се сопре опасната експанзија на НАТО кон руските граници која трае од 1996 година.
Како и секогаш, Западот реши да пребира од реториката само она што му одговара, да избегнува решение, а најголемата грешка од сите беше испораката на моќно вооружување на лошо дисциплинираната и наци-инфицирана украинска армија. Искушението да се почне тоа да се користи беше неодоливо.

Од 17 февруари наваму гледавме решителен, многу заканувачки, но глупав обид на вооружените сили на Киев долж линијата на контакт, вклучувајќи го и озлогласениот баталјон Азов, да влезат во Донбас, под нос на 130.000 руски војници кои само чекаат наредба во соседна Русија.
Украинската влада на претседателот Зеленски и неговите американски советници како Викторија Нуланд се убедија себеси дека Путин сега нема да се осмели да ја нападне Украина после сите западни предупредувања за одмазда и реперкусии.
До 18 февруари веќе беше јасно од ОБСЕ дека се случува остра ескалација и гранатирање на Донбас од Киев.
Беа гранатирани предградијата на Доњецк. Упадот на командоси на украинските специјални сили во соседната провинција Ростов во Русија беше откриен и неутрализиран. Водачите на Донбас мудро наредија евакуација, да не се оставаат цивилни заложници во градовите со непосреден ризик од тепих-бомбардирање.
Алепо во Сирија е свеж пример што можеше да се случи. Сега Русија даде зелено светло за независноста на Донбас, заштитен со руска воена моќ, исто како Крим.
Тоа сигурно не беше лесна одлука за Путин и неговиот Национален совет за безбедност, потикнувани од Думата да преземат нешто.
Донбас ги нема бројните стратешки и економски предности на Крим. Реконструкцијата на овој регион ќе биде огромна и скапа, а дипломатските трошоци за Русија многу високи.
Но, Путин немаше алтернатива: на крајот, тој мораше да ги брани Русите во странство кои беа изложени на сериозен ризик, со реални закани по нивните животи, како што проценуваше и ОБСЕ и руското разузнавање.
Договорот од Минск сега е мртов. Овие чекори веќе изгледаат неповратни. Порано или подоцна можно е овие привремено независни држави да се спојат во Русија. Иронијата е што Франција и Германија, држави кои беа потписници на Минскиот договор, со години, односно од 2015 година, го повикуваа Киев да ги прифати федералните решенија предложени со истиот. Но тогаш, киевските националисти, тивко поддржани од НАТО, се откажаа од Минск, уверени дека на крајот можат да ја постигнат унитарна Украина што ја посакуваат со тоа што ќе се заборави Минскиот договор.

Сега, иронично, Киев се залага во Советот за безбедност на ОН за враќање на Минск. Но, овој воз веќе замина и ја напушти станицата.

Последните случувања ќе имаат негативни последици и за Истокот и за Западот. Францускиот и германскиот суверенитет веднаш ќе претрпат. Тие ќе бидат вовлечени назад во хегемонијата на сојузот со САД. Овие две големи држави сега ќе бидат, иако неволно, поцврсто приковани за воените операции на НАТО предводени од САД. Сега е тешко да се види отворањето на гасоводот Северен Поток, што ќе биде голема економска и хуманитарна загуба за Европа. Ќе има поголем интензитет на санкции, што ќе им наштети на двете страни економски, и ќе има огромно назадување генерално.
Новата Студена војна се зацврстува.
Како ќе реагираат Кина и неврзаниот свет? Ова се најважните прашања сега. Дали тие ќе можат да го проѕрат овој најнов англо-американски лажен наратив за неиспровоцирана руска агресија или пак ќе бидат измамени од западните информативни воини? Би сакал да мислам дека ќе се случи првото, но се плашам од заморната моќ на западниот лажен наратив. Верувам дека Кина, а потивко и Индија, ќе застанат покрај Русија. Другите - ќе видиме.
Ова не мораше да биде исход од кој сите губат.
Канадско решение беше можно, доколку имаше мала добра волја од Киев: федерална украинска држава со вистински права на суверенитет за руските Украинци, вклучително и збор во креирањето на надворешната политика на Украина.

Путин очајно посакуваше ваков исход и чекаше колку што можеше подолго. Но, Вашингтон и Киев сакаа конфронтација и трајно непријателство на релација Исток-Запад, поттикнати од Викторија Нуланд и оние слични на неа. Украина ќе остане сиромашна, ненаселена, нелиберална и милитаризирана. Тоа е трагедија, но геноцид и етничко чистење на Русите од Донбас ќе беа неприфатливи за мнозинството Руси. Како што беше лично неприфатливо и за очигледно лутиот и вознемирен Путин. Овој исход нема да му донесе голема радост нему и на неговите клучни советници, но тоа беше исправна одлука.

Тони Кевин,
универзитетски професор и поранешен австралиски амбасадор во Полска и Камбоџа.
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Ле чоек, не е тоа поентата бе. За тоа влегоа Американците во Украина, за да зимаат квалитетен кадар? И тоа викаш дека е добро за Украина :) Поентата за да влезе вилјание во некоја држава е да ја напраат просперитетна, на пример како што ЕУ ја направија Полска, каква што ја направија Чешка. А не каква што ја направија Бугарија со 2 милиони егзодус што им се случи. Па дури и да е беа под влијание на Русија, пак никој нема да им бранеше да одат во САД јеботе.

Збориме како Путин со РФ ќе привлече влијание. Со тоа што не сака педери и сорос? Луѓето бараат просперитет. Утре РФ да понуди бољи услови и либерален живот од умрената ЕУ, ќе си одиме таму. Лош му е пристапот. Неможе долгорочно само со стап да го владее балтикот и сите гранични земји. А нема морков. Му го јадат олигарсите. Сеа јасно ти е?
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Русија вечерва(ако е точно) ќе била исклучена од Свифт системот. Ај тоа и не е толку битно, и без него се може!

Ама ако е стварно верно дека Брисел донел одлука да се замрзне имотот на Руската Централна Банка... е тоа е веќе касус бели за Трета Светска Војна!

Многу многу се осилија! Треба некој да ги симне на земја! Според мене Русија е премногу блага и пасивна во одговорот!
Неколку тактички боеви глави во индустриски центри и центри на моќ би биле одличен тест за артикал 5!
Да видиме дали стварно некој ќе ги жртвува ЛА, Њујорк, Вашингтон за старата издраскана Вавилонска курва?!
Тебе другар со овој мајндсет и ова размислување, нека му е Господ на помош на твоите блиски, на твојата околина, и на тие што те познаваат. Pure evil.. Па уште има лајк што ти ставиле. Wtf бе...Не можам да поверувам дека во 21 век дишам ист воздух со некој што му е нормално рокање нуклеарки врз индустриски центри бе...
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.694
Поени од реакции
33.878
Русија вечерва(ако е точно) ќе била исклучена од Свифт системот. Ај тоа и не е толку битно, и без него се може!
Ова е исклучително важно, не само за Русија туку затоа што ова ќе значи дека нема да има платежен систем меѓу Русија и Европа... Што ќе значи прекин на трговија со Европа... Што е малтене нуклеарна опција. Не верувам дека до тоа ќе дојде, ама со вакви идиоти сѐ е можно.


Ама ако е стварно верно дека Брисел донел одлука да се замрзне имотот на Руската Централна Банка... е тоа е веќе касус бели за Трета Светска Војна!
На никој не му треба касус бели за 3-та светска војна... Пардон, за последна војна и MAD.
Веруј тоа ни лудаците во владата не САД не го сакаат (иако прават идиотски потези што потенцијално може да доведат до таква ескалација, скраја да е).
Автоматски споено мислење:

Не е дека се заебале туку тоа што не воспоставуваат безбедни линии за движење ги кошта збришани конвои на неколку места. Тука кај русите времето е многу битно, ради санкциите и притисок од јавноста во Русија и Украина.
Имаат грешки на источниот фронт, најмногу кај Харкив, се слуша од повеќе извори... Само ти ги обвинуваш за дилетанство, што не е реално. Исто не е реално дека притисокот од јавноста во Русија е голем фактор - и „притисокот од јавноста во Украина“, навистина? :)
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
А колку џанки и бездомници од Ајова и Небраска емигрирале во Л.А. И Сан Франциско место во Остин ТХ?!? :oops:

1.Дали ти тоа тврдиш дека Остин нечини како град?!?
2...или аргументот ти е глуп?
Одбери едно!
Ај ај, од табановце немаш излезено. Со руси работам outsource за апликации, со украинци работам физикална работа. И едните и другите се мртваци што едвај чекаат да ги прибере некој во ЕУ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom