Наводно матионетката Зеленски го напуштила Киев. Премногу ветер во едрата доби од западот, го наоружаа до заби и на крајот никој не застана зад него.
Европските лидери се усрани, војната дојде во нивниот двор. Многу поразлично е да праќаш војска во Либија, каде беа убивани цивили, не се почитување територијалниот интегритет на таа држава и се дестабилизираше целиот тој регион, со посебен нагласок на Египет, Израел и Сирија. Тоа резултираше со граѓански војни, раѓањето на ИСИС, мигратската криза која не само што започна да ја менува сликата за Европа, беше и тригер за големата поддршка за Брегзит.
САД и нејзините сојузници, последниве 3 децении, запознаа војна скоро на секој континент. Последиците од војните, дел одамна завршени, дел активни, сеуште се чувствуваат и денес. Никој никогаш за ниту една војна не одговараше, а секогаш војната беше потпомогната од лажна пропаганда поддржана од западните медиуми.
Жал ми е за украинскиот народ. Сакам оваа војна што побргу да заврши, но на некој начин самите си го бараа со Портокаловата револуција, противуставното менување на Јанукович и со кршење на секое можно примирје. Не требаше да се боцка Големата мечка.