Ти не си ме разбрал што зборувам.
Каде јас сум рекол дека треба јас или ти или било кој да биде Исус, Буда, Мухамед, Кроули, Мојсеј итн итн? Кој сака да биде како нив? И зошто побогу би сакале да го одиме нивниот пат, каков и да бил тој? Што со тоа?
Како не разбираш што е патоказ?
Ти не знаеш што јас сакам и како работам - на форумов, тешко да зборувам за мојот внатрешен пат.
Тоа е тајна. Најголема.
Но, ако ти дава задоволство ваквиот став - кој сум јас да се противам... така е како што велиш.
Ако целта е Битола, патот до таму е различен за секој (може и да е истиот, но патувајќи ноќе или преку ден е друго искуство нели?).
Се сложуваме за патот. Сечиј пат е сопствена приказна, затоа уште од првото мое доаѓање тука на форумов беше да се престане со христијанските и исламски испади како сите други се зло, сатанисти итн итн ако не се дел од нивните религии и не е „нивниот пат“... почнав да го користам нивниот метод на обвинувања и им смета тоа... нормално дека смета
Уште не престанува таквиот говор од многумина тука, бидејќи такви се тие религии - исклучуваат и не прифаќаат другост!
Ова последното, тој што стигнал во Ресен - мислам дека се зафркнал и не ги следел добро патоказите, за кои што зборував јас наназад. И тој ќе се убедува дека е Битола бидејќи не може да прифати дека верувањето во патот и неговото разбирање било погрешно, неточно!
Или ќе мора да оди уште и да го поправи тоа или да прифати дека целта му била погрешна, Ресен му била целта
Ако некому Ресен му е Битола, малку видел, поточно има малку искуство за нештата.