Мизогинијата денес

Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Mene dete ili pile samo uste prodavackata vo malskata prodavnica mi vika. Me manipulira :mad:
Ехе тоа е добар знак, јас си викам прв пат кога некоја ќе ме именува "чиче" ќе знам дека остарев, нема назад, пукла ми црна погибија :icon_lol:
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.323
Поени од реакции
23.977
Девојче често го користам, за мене е помила форма во однос на госпоѓо/госпоѓице и има ефект. На некоја теткица да ѝ речам "девојче", ќе лета од среќа, одма ќе се растрча да ме услужи. :noze:
Abe zaboraviv da te prasam. Kremce koga go upotrebuvas i vo koja situacija :свиркам: :sneaky:
Автоматски споено мислење:

Ехе тоа е добар знак, јас си викам прв пат кога некоја ќе ме именува "чиче" ќе знам дека остарев, нема назад, пукла ми црна погибија :icon_lol:
Ako prodavackata e cicalce od 18 godini, nisto cudno i cico da te nareci. Ne e nesto za da si ja vrzis glavata vo sekoj slucaj. E vekje ako e 50+ i ti reci cico e togas vekje e drug muabet .
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Интересна е и една друга ситуација, како другари и роџаци си земаат за право да коментираат во однос на жената со која човек е во врска, па дури и ако е вереница.
Па така другари и братучеди се избацуваа со муабет дека таа ne e kiznaj so picka, nemas za so dase fatis na nea, daska, sigurno rebra ise brojat, so gleas vo nejze brad kakoda nemas videno pice se ponasas mehehe......и слично во тој стил.
Што останува освен да се премолчи, пошто во спротивно ќе треба да се прекине дружба за секогаш, а знаеш дека не се злобни луѓе, далеку од тоа, но ете, кога станува збор за женско, се губат со муабетите. Не сфаќаат дека со такви испади ја навредуваат личноста која ја сакаш најмногу на светот, буквално.
Не можеш да си отворен со такви лица и да им кажеш дека таа ја има најубавата душа на светот, дека те прифаќа и покрај тоа што имаш best sell by date и не знаеш до кога ќе те има. Ако тоа не е за длабока, искрена почит, не знам што би било.
Останува избегнувањето на комуникација со такви лица или сведување на минимум после таквите испади.
Како не им е срам не ми е јасно, кога гледаат дека човек е пресреќен со неа. Кој им е курац никогаш не ми било јасно, а такви срања имам чуено дека кажувале зад грб и неодамна.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Da si go iskazes mislenjeto.
И тоа е опција, ама тоа ќе значи и ауфидерзен на дружењето :) Што веројатно и не е крај на светот, не знам... :unsure: кога со години си се дружел со некој лик, има помагано и све тоа, не е баш едноставно иако во крајна линија тоа што викаш би била можеби најдобра опција па ако е вистински другар нек стави прст на глава малку, ако не, тоа е тоа.
Автоматски споено мислење:

Ми текнува првиот пат кога слушнав такво нешто, не знам зошто ама со гневот ме зафати некоја тага, она филинг како да паѓаш од високо, ситуација во која се наоѓале многумина веројатно, а тоа е кога си мисли човек дека сите можат да видат зошто си затрескан ко основец во некоја, па и обратно, дека на сите им е јасно како што тебе ти е јасно.

Една таква личност да биде сведена на големина на цицка, мизерија и дно.

Језа е што тие кои солат памет мислат дека ти прават услуга, за твое добро е муабетот, демек ти заслепен од филинг не можеш да видиш целосна слика а тие како прави френдови па ин јор фејс искрени со тебе ќе ти кажат све како што е.
А никогаш ништо немаа кажано за карактерни особини, било што повеќе од чисто забелешки за физички изглед, да пазел човек што прави пошто остаток од живот ќе ја гледал секојдневно па за кратко време ќе досадела. А најдебилно е што е далеку од грда, тоа што има последици од ствари кои ги претрпела низ животот не се нејзина кривица во никој случај, живот, судбина, како и да се нарече.
Колку е само имбецилно, деградирачки и инфантилно големина на цицка да биде било каков фактор, тоа е исто како да некоја одлучи дали ќе биде со некого базирано на должина на пенис, нешто над кое личноста немала никакво влијание. Возрасни луѓе.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.487
Поени од реакции
11.407
И она употреба на поимот "девојче" за некоја 29 годишна возрасна жена ми е ептен кринџ и некако педо, какво црно девојче мажена со две деца жена :unsure:
Мислам дека значењето во Македонија, па и на Балканот за девојче е....девојче спремно за мажење! Девојче! :D

Хмммм, мене ми се случува често да го употребам тоа и кај 30 годишни жени, едноставно така младолико ми изгледаат. Па и дечко често го употребувам, за помлади мажи. Едноставно не знам како да им се обратам, ако не им го знам името.
Кај постари, строго госпоѓо и господине.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.841
Поени од реакции
6.451
Во секоја дискусија примерот со рударите, што само ги потврдува стреотипите и предрасудите за жените во машката професија.

Од друга страна немаме ништо против мажите да се грижат за нашата облека, шминка и фризура.
Имам огромна почит за Германските жени. Не само затоа што се бели ко сирење и онака баш цицлести (ова не е мизогинија, секоја жена има право и мене да ме тумачи ко секс објект),
туку заради фактот што имаат огромна самоинцијативност.

Група на жени од Берлин, имале чувство дека секој пат кога колата им е за поправка, дека мјсторот ги лажи - буквално маслосува за да им земи повеќе пари и колата никогаш не е направена навреме. Односно користи ситуација во домен во кој жените се нестручни.

Ова беше во весник напишано, (многу поодамна од модернава либерална драма, негде цирка 2005та, без Трампови Америки и волонтерско туркање на IQ кое тие го донесоја со себе) - неколку колешки и другарки споделиле дека имаат слични искуства на таа тема, се решиле да отворат гаража каде сами ќе поправаат коли и ќе го учат занаетот секогаш кога се слободни. Ем поефтино, ем подобро направено, ем супер дружба.

Со политика и посебно протести, одамна не се замараат.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Кога ќе прочитам дека денес жената била рамноправна по сите начела и као индиректно алудирајќи дека нема потреба за темава, ми доаѓа да му излезам од екранот на тој што го пишува тоа и онака да го штипнам два три пати за да се разбуди од убавиот сон и да се сети каде се наоѓа. Можеби интелектуално рамноправна на овие простори (ја би рекла донекаде, затоа што се уште немаме доволно жени на водечки позиции), но дали е морално рамноправна се прашувам?! Велам на овие простори затоа што постојат жени во светот (читај Африка, Азија, блискиот исток) кои и ден денес не уживаат многу од основните човекови права и живеат скриени во сенката на нивните сопрузи, татковци, браќа.
Ние тука во Македонија, секојдневно имаме скандали за силувања, за јавни соби, за извиднички кампови, итн итн.
Навистина интересно, од една страна збориме лошо за западната култура, а од друга страна се согласуваме со нејзиното неприфаќање на мизогинијата како дел од современото општество. Да, реалноста е таа, мизогинијата секојдневно е толку присутна што каде и да се свртите секаде ја има, само е фино обликувана и спакувана во една така малку подискретна и пофина форма.

Сакале вие да признаете или не, најчести причини за мизогинија се 'трауми' од детството - мајка, сестра, прва љубов, итн. Подоцна во животот, мизогинијата само се прифаќа како еден вид штит, т.е одбранбен механизам и затоа најчесто таквите луѓе не можат да склопат ниту една нормална врска/брак/семејство (тоа му е заедничко на филозофите мизогинисти, темата што ја отворив пред една недела). Нормално дека постојат отстапки и ова не е пишано правило, ама повеќето случаи е така.
Абе и јас се надевав дека со поголема застапеност на жените во политиката ќе се среди државава ќе имаат поголема совест и респект кон својот народ и држава.Ама после Мира Дизел и Катица Рекетарката и таа последна надеж ми пропадна.А тука го заборавив и мајсторот на преварата Соња Николоска шо ги сотра штедачите во ТАТ.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.361
Поени од реакции
30.760
Абе и јас се надевав дека со поголема застапеност на жените во политиката ќе се среди државава ќе имаат поголема совест и респект кон својот народ и држава.Ама после Мира Дизел и Катица Рекетарката и таа последна надеж ми пропадна.А тука го заборавив и мајсторот на преварата Соња Николоска шо ги сотра штедачите во ТАТ.
Ne se razocaruvaj, seuste ne ste me odbrale za carica.
 
Византиецот

Codename Duchess
Член од
14 март 2021
Мислења
2.841
Поени од реакции
6.451
Ако продолжиш да слушаш Српско од Гранд 2004та ич не те клаваме за царица. Just saying.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.059
Поени од реакции
6.540
Мислам дека значењето во Македонија, па и на Балканот за девојче е....девојче спремно за мажење! Девојче! :D

Хмммм, мене ми се случува често да го употребам тоа и кај 30 годишни жени, едноставно така младолико ми изгледаат. Па и дечко често го употребувам, за помлади мажи. Едноставно не знам како да им се обратам, ако не им го знам името.
Кај постари, строго госпоѓо и господине.
Синоним за дечко е девојка, а за девојче е дете. Замисли некој 30 годишен лик 1,90м, 100кг некој да му се обраќа со "дете" или низ муабет да споменува "детето вака и вака" :icon_lol:
Ова е феномен од поново време, порано не паметам да беше случај.
Девојче пример со две родени деца.......не знам, језа е некако:angel:
Не ти е чудно некој да ти се обрати со "девојче"?
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Абе и јас се надевав дека со поголема застапеност на жените во политиката ќе се среди државава ќе имаат поголема совест и респект кон својот народ и држава.Ама после Мира Дизел и Катица Рекетарката и таа последна надеж ми пропадна.А тука го заборавив и мајсторот на преварата Соња Николоска шо ги сотра штедачите во ТАТ.
Апсолутно во ниту еден сегмент не сме подобри, ама тоа се стари феминистички трикови. Само жените имаат процентуална застапеност во парламентот, ако немаш извесен процент на жени (мислам 20%) пратеничките листи, не можеш да бидеш дел од парламентарните избори, што е апсурд! Имавме рекорден број на жени во Собранието, што се промени?

Буквално бевме 5-та или 6-та држава во светот по застапеноста на жените во законодавниот тело...и тогаш не им беше доста. Никогаш нема да им биде доста и секогаш ќе сакаат повеќе. И да, правно гледано, во одредени сфери не само што не се дискриминирани, туку уживаат и посебни права односно привилегиран однос.

Секогаш се зборува за некаква родова рамноправност и заштитата на жените во разните сфери на општеството, последно нешто беше во политиката, а промоторите притоа многу ниско ја напаѓаа Данела. Толку црна и грозна кампања немаше ни во ерата на Грујо, а тоа имаше пилот партија со слично име и знак како оној на Сдсм и им одземаа до 10К гласови!

Но тука зборуваме за општествен феномен. Она селското свиркање или довикување кога ќе помине некое женско. Па и давањето на женските деца, во договорни бракови, ко да се стока. Тоа сеуште го има кај нас.

пи.ес. Погоди поради кој политичар плаќаме високи сметки на струја? :noze:
Abe zaboraviv da te prasam. Kremce koga go upotrebuvas i vo koja situacija :свиркам: :sneaky:
"Кремче", надимакот, е резултат од сплет на карактерни особини. Толку треба да знаеш!
Не ти е чудно некој да ти се обрати со "девојче"?
Јас ѝ се обраќам со девојче. :icon_mrgr:
 
А што ако таа почне да ти се обраќа со "дете"? :angel:
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
А што ако таа почне да ти се обраќа со "дете"? :angel:
Ми се обраќа со "дечко"! :noze:

пи.ес. За Собранието, знам дека бараа 30% застапеност на листите, но не знам дали се изгласа. Сдсм настапи со 50-50, глумеа прогресивни...и прогресивизмот уште еднаш се покажа како неуспешна формула за долготрајно задржување на власта.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom