Не знам дали ми треба совет, веројатно ми треба некој да ми каже дека сум идиот што се замарам со ова. Ама ми тежеше некое време на ум, па еве да го извадам од мене.
Типкава флертуваше цела година со мене на работа. Не е фул тајм вработена кај мене, доаѓаше неколку пати во месецот ама едноставно имавме некој посебен однос. Доаѓаше и ме бараше мене директно, увек ни идеше муабетот, увек беше од уво до уво накезена и увек влагавме у проблеми со шефовите зошто гледаа дека забушаваме и маубет си правиме цело време. Сакав да ја викнам да искочиме ама се деси коронава, ја немаше неколку месеци на работа, и се решив да ја побарам приватно, надвор од работа. Успеав да дојдам до нејзиниот број, и пишав, ме изигнорира едно добри три недели и ми врати после тоа. Почнавме муабет ама работава беше јас пиши, она после недела две врати. И се додека не ми пукна филм и ја прашав да не ја замарам пошто вака ми нема смисла. Ми даде еден куп паметни изговори, што имаа смисла и ми рече да се осеќам слободно да и пишам кога сакам. Јас го прифатив тоа и од нигде никаде, тотално избрзано ја викнав да искочиме. Првин ми рече да, ама мн била зафатена сега, на што јас додадов еден мн чизи коментар и ми рече дека никогаш нема да искочи со мене, да заборавам на тоа. Фак ит, лајф гоус он.
Неколку месеца после тоа, мој другар почна да се гледа со нејзина најдобра другарка. Од нигде никаде, врска немав дека се другарки. Едноставно бевме договорени на кафе и се шокирав кога ја видов таму. Почнавме муабет да правиме, се беше океј, беше мн напната на почеток ама се опушти, почна да ми збори, си поминавме топ ама баш топ. Приметија другариве дека нешто се дешава меѓу нас и не оставија сами. Типкава беше тотално into me. Се понашаше како некоја заљубена тинејџерка. Седевме на клупа у парк у еден момент, ми пушташе песни што и се свиѓале, слики нејзини ми покажуваше, види колку бев слатка како малечка, такви некои смешни ствари ама флертуваше цело време. Ми се залепи како пијавица и со мене седеше, неќеше да се дружи со никој друг. Вечерта отидовме сите кај мене, пиевме, се зезавме, и другар ми ме праша да не планирам пак да пробам нешто со нејзе, пошто му изгледало дека ме свиѓа. Девојка му исто приметила. И јас му реков милион посто, на ова чекав со месеци. Неговиот совет беше да не правам ништо. Ми рече од тоа што он дознал, она немала многу дечковци, не била таква девојка, немој да бидеш нападен ми рече, дај и време. Ова ви е прв пат да се дружите надвор од работа, сега ради нас ќе имате шанса да се гледате почесто, да те упознае и ќе имаш прилика. Ама трпение. И јас реков океј, еве вечерва не пробувам ништо.
Вечерта заврши, ме викна она да ја испратам надвор до кола. Ме замоли ако може да и ја извадам колата од паркинг со мојата картица да не плаќа паркинг, и реков океј, нема проблем. Ама ќе треба да дојдеш со мене у кола ми рече, да поминеме и после ќе те оставам пред влез ми рече. Јас реков океј. Влеговме у кола, имав некој филинг дека ќе имаме момент, дека ќе треба да ја бацам, дека ќе сакам да ја бацам ама ми текна на маубетов на другар ми и си реков, што ако тоа е совет од нејзината другарка, што ако стварно треба да чекам и да бидам трпелив. Не направив ништо, ја гушнав само и ја поздравив. И пишав вечерта дали стигнала безбедно, ми рече да, пиша дека преубаво си поминала. Од овој момент, се што и пишав ми остана на seen. Ми направи таков игнор као да не постојам на светов хахахахаха. Игнор, као не знам што да и згрешив у животот. Другар ми само ми кажа не се замарај, не сакаше ништо повеќе да ми каже и остана на тоа. И не е битно на крај краева, ама ми остана енигма што у курац се деси. Што беше проблемот. Најдоброто објаснение што си го дадов сам на себе беше дека не ме свиѓаше многу многу, ама дента убаво си помина, имавме момент и веројатно советов на другар ми беше ужас. Требаше да направам нешто. Дури и да не се десеше ништо, барем немаше да ми биде криво како сега. Али се осеќам ужасно зашто дел од мене верува дека вечерта имав шанса, и ја пропутштив зошто послушав глуп совет од другар. Можеби све ќе беше поинаку ако направев нешто, можеби и немаше. Ама мислата ме јаде, многу. Јбг..