Бивањето посебни е полово неутрално.
Неможноста за дистинкција е полово неутрална.
Неуспесите на љубовен план се полово неутрални.
Успесите на љубовен план се полово неутрални.
Сè е тоа составен дел од животот.
А Ничеовото одмаралиште за војникот...хм, можеби и го мисинтерпретирав значењето на тоа што беше кажано. На крајот од денот, во целиот тој хаос од преживување или трагањето за што поголемо себереализирање, имањето 'место' за мир и спокој на душата е она нешто по кое би копнеело секое живо суштество.
Не е место за мир и спокој, едноставна е симболиката за "одморот" или "пристаништето", тоа е телесното задоволство кое војникот, (или морнарот) го бара после битката или авантурата, едноставно проститутка која ќе рашири нозе за секс платен од страна на војникот (или морнарот). Во минатото војските биле пратени во чекор од армија проститутки, некои војски се задоволувале со масовно силување а сонот на секој морнар било сигурно стигнување до пристаниште и до најблискиот бордел.

Тоа ми беше првично толкување. Ама реков да се преиспитам, можеби малку пристрасно гледам на нештата. Кој како си сфаќа....можеби, веројатно...затоа е филозофија.
Премудриот Ниче нешто и слабо имал успех кај жените, нит семејство ни маче ни куче, ако не се лажам една еврејка го моташе околу малиот прст, или тоа беше Шопенхауер
Ниче имал слаб успех кај жените, еврејката која го мотала околу својот прст се викала Лу Саломе. Во основа, никогаш не го влечела за нос, затоа што кога Ниче ја побарал за жена едноставно го одбила со објаснување дека го гледа како пријател. Шопенхауер немал апсолутни никаков успех кај жените, затоа што суштински ги презирал, и не бил романтичен како Ниче, па не се ни обидел да стапи во врска со некоја жена. Мизогонијата на Шопенхауер е искрена, на Ниче е наместена.
Меѓутоа самиот факт дека Ниче немал успех кај жените не ја намалува вредноста на неговите совети во врска со жените, тоа е лоша логика. Тоа ти е исто како да речеш дека некој што вози Југо 45 не може да се разбира во коли, па треба да ќути кога се зборува за мерецедеси. Многу лоша логика. Советите на Ниче во врска со жените се одлични, само што тој никогаш сам не можел да ги спроведе. Бил исклучителни нежна душа, романтичар до срж, плус со многу слабо здравје. Целата негова филозофија е обид да се опише што сакал тој да биде, а не она што е. Човекот (мислел првенствено на себе) е нешто што треба да се надмине.
Длабоко во основата на неговата мизогинија се неговата бескурпулозна сестра и мајка. Неговите ставови и перцепции кога се жените во прашање се изменети токму поради нив. Интелектуално сепак ги респектирал. Меч со две острици.
Сите имаме перцепција која е мозаик од разни искуства, но и предрасуди, параноја и идеологии кои ја обликувале, зависно и време и место. Има нешто и во медицина и технологија ама подобро да не забегувам во тој муабет
Не е место за мир и спокој, едноставна е симболиката за "одморот" или "пристаништето", тоа е телесното задоволство кое војникот, (или морнарот) го бара после битката или авантурата, едноставно проститутка која ќе рашири нозе за секс платен од страна на војникот (или морнарот). Во минатото војските биле пратени во чекор од армија проститутки, некои војски се задоволувале со масовно силување а сонот на секој морнар било сигурно стигнување до пристаниште и до најблискиот бордел.
Врска нема ова со тоа што Ниче сакал да го каже. Какво ширење нозе, какви проститутки. Ниче заговарал кастинско општество каде секој си го знаел местото. Немој да пишуваш напамет ако не знаеш, греота е Ниче, сериозно.
Тоа ми беше првично толкување. Ама реков да се преиспитам, можеби малку пристрасно гледам на нештата. Кој како си сфаќа....можеби, веројатно...затоа е филозофија.
Ниче имал слаб успех кај жените, еврејката која го мотала околу својот прст се викала Лу Саломе. Во основа, никогаш не го влечела за нос, затоа што кога Ниче ја побарал за жена едноставно го одбила со објаснување дека го гледа како пријател. Шопенхауер немал апсолутни никаков успех кај жените, затоа што суштински ги презирал, и не бил романтичен како Ниче, па не се ни обидел да стапи во врска со некоја жена. Мизогонијата на Шопенхауер е искрена, на Ниче е наместена.
Меѓутоа самиот факт дека Ниче немал успех кај жените не ја намалува вредноста на неговите совети во врска со жените, тоа е лоша логика. Тоа ти е исто како да речеш дека некој што вози Југо 45 не може да се разбира во коли, па треба да ќути кога се зборува за мерецедеси. Многу лоша логика. Советите на Ниче во врска со жените се одлични, само што тој никогаш сам не можел да ги спроведе. Бил исклучителни нежна душа, романтичар до срж, плус со многу слабо здравје. Целата негова филозофија е обид да се опише што сакал тој да биде, а не она што е. Човекот (мислел првенствено на себе) е нешто што треба да се надмине.
Лоша логика? Не е дилемата измеѓу Југо-45 и Мерцедес туку измеѓу пешак и Рено Клио. Значи човекот не остварил ниту една врска во животот со жена. Едно големо ништо. Но тоа големо ништо не е препрека да се има еден куп претенции како Човекот сфатил како треба со жените, што се жените, како да се однесува према жените и што све не. Некој би рекол дека Сифилисот имал извесно влијание врз Човекот.
Како се применливи неговите совети во реалноста и која вредност би ја имале во секојдневието, кој би знаел.
Па да, што и да направи човек може да зажали, нема гаранција за ништо и никогаш, тоа беше поентата од цитатот на Кјеркегор.
Автоматски споено мислење:
Лоша логика? Не е дилемата измеѓу Југо-45 и Мерцедес туку измеѓу пешак и Рено Клио. Значи човекот не остварил ниту една врска во животот со жена. Едно големо ништо. Но тоа големо ништо не е препрека да се има еден куп претенции како Човекот сфатил како треба со жените, што се жените, како да се однесува према жените и што све не. Некој би рекол дека Сифилисот имал извесно влијание врз Човекот.
Како се применливи неговите совети во реалноста и која вредност би ја имале во секојдневието, кој би знаел.
Нека биде и пешак и рено клио, пак е лоша логиката. Ако некој нема пари за кола, не значи дека мора да не ги познава колите. Ниче е еден од оние ретки ликови во историјата кој навистина страдале заради човештвото. Никој како Ниче не ја почуствувал трагедијата на западот, смрта на Бог и падот на сите морални вредности. Ниче се обидел да го надмине сето тоа низ својата филозофија. Превреднување на сите вредности, надминување на човечкото, премногу човечкото. Ниче имал толку чуден, фантазмагоричен живот, што не може да биде сфатен и вреднувам од позицијата на удобност на една банална егзистенција.
Врска нема ова со тоа што Ниче сакал да го каже. Какво ширење нозе, какви проститутки. Ниче заговарал кастинско општество каде секој си го знаел местото. Немој да пишуваш напамет ако не знаеш, греота е Ниче, сериозно.
Точно е тоа, имам приличн ограничено познавање на Ниче преку неговите, ако може така да се каже најпопуларни дела, Воља за моќ и Заратустра но и тоа беше одамна па не сум сигурен колку паметам, знам дека после тие дела сакав да знам кој бил човекот, личноста зад тие дела, и затоа прочитав биографија за него и за неговиот трагичен живот.
Ќе видам дали има тема во подфорумот да не одиме овде оф-топик
Точно е тоа, имам приличн ограничено познавање на Ниче преку неговите, ако може така да се каже најпопуларни дела, Воља за моќ и Заратустра но и тоа беше одамна па не сум сигурен колку паметам, знам дека после тие дела сакав да знам кој бил човекот, личноста зад тие дела, и затоа прочитав биографија за него и за неговиот трагичен живот.
Воља за моќ не е негово дело, во смисла дека тој никогаш не испечатил таква книга. Тоа се негови записи собрани после неговата смрт и испечатени, и понекогаш се доведува во прашање автентичноста на некој од тие записи бидејќе сестра му ги уредувала, а таа не била баш личност од доверба.
Автоматски споено мислење:
Од помош за Сашко и неговиот љубовен проблем, стигнавме до Волја за моќ.
Ниче имал слаб успех кај жените, еврејката која го мотала околу својот прст се викала Лу Саломе. Во основа, никогаш не го влечела за нос, затоа што кога Ниче ја побарал за жена едноставно го одбила со објаснување дека го гледа како пријател. Шопенхауер немал апсолутни никаков успех кај жените, затоа што суштински ги презирал, и не бил романтичен како Ниче, па не се ни обидел да стапи во врска со некоја жена. Мизогонијата на Шопенхауер е искрена, на Ниче е наместена.
Меѓутоа самиот факт дека Ниче немал успех кај жените не ја намалува вредноста на неговите совети во врска со жените, тоа е лоша логика. Тоа ти е исто како да речеш дека некој што вози Југо 45 не може да се разбира во коли, па треба да ќути кога се зборува за мерецедеси. Многу лоша логика. Советите на Ниче во врска со жените се одлични, само што тој никогаш сам не можел да ги спроведе. Бил исклучителни нежна душа, романтичар до срж, плус со многу слабо здравје. Целата негова филозофија е обид да се опише што сакал тој да биде, а не она што е. Човекот (мислел првенствено на себе) е нешто што треба да се надмине.
Не е физичкото цел на сите луѓе. Некои се поинакви, подлабоки, за некои спознавањето е поважно од било каква телесност. На почетокот на Република (Држава) на Платон има една интересна дискусија со еден постар човек кој го прашуваат дали му е тешка староста, а тој одговара дека одлично се чувствува затоа што сега е конечно слободен од телесниот нагон, па може да се посвети на други, поважни работи. Исто и во Пеколот на Данте се спомнува сличен момент, дека од сите радости сме пробале во животот, а само една останала трајна, радоста на спознавањето и разбирањето.
Ниче имал слаб успех кај жените, еврејката која го мотала околу својот прст се викала Лу Саломе. Во основа, никогаш не го влечела за нос, затоа што кога Ниче ја побарал за жена едноставно го одбила со објаснување дека го гледа како пријател. Шопенхауер немал апсолутни никаков успех кај жените, затоа што суштински ги презирал, и не бил романтичен како Ниче, па не се ни обидел да стапи во врска со некоја жена. Мизогонијата на Шопенхауер е искрена, на Ниче е наместена.
Меѓутоа самиот факт дека Ниче немал успех кај жените не ја намалува вредноста на неговите совети во врска со жените, тоа е лоша логика. Тоа ти е исто како да речеш дека некој што вози Југо 45 не може да се разбира во коли, па треба да ќути кога се зборува за мерецедеси. Многу лоша логика. Советите на Ниче во врска со жените се одлични, само што тој никогаш сам не можел да ги спроведе. Бил исклучителни нежна душа, романтичар до срж, плус со многу слабо здравје. Целата негова филозофија е обид да се опише што сакал тој да биде, а не она што е. Човекот (мислел првенствено на себе) е нешто што треба да се надмине.
Секако. Ако некој маж ги наоѓа жените за прилично неважни, или е грд, или разочаран, или импотентен. Потполно го разбирам ова, затоа што за една жена не постои понеподнослива идеја од мажи кои немаат интерес за неа. Нема ништо лошо во сето ова, само твојот пол зборува низ тебе.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.